PLUTO’S DOUBTS - OPENING ACT НА PLACEBO ВО СКОПЈЕ, 16 ЈУЛИ 2022, СТАДИОН НА АРМ!
PLUTO’S DOUBTS - OPENING ACT НА PLACEBO ВО СКОПЈЕ, 16 ЈУЛИ 2022, СТАДИОН НА АРМ!
ВЕЧЕРВА КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА “АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ - GREATEST HITS”
ВЕЧЕРВА КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА “АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ - GREATEST HITS”
WHITESNAKE И DAVID COVERDALE - ЈАВААТ НИЗ СВЕТОТ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ! Голем open air -12 јули-Стадион на АРМ -Скопје-20 часот!
WHITESNAKE И DAVID COVERDALE - ЈАВААТ НИЗ СВЕТОТ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ! Голем open air -12 јули-Стадион на АРМ -Скопје-20 часот!
ПОСЛЕ НЕЗАБОРАВНИОТ СПЕКТАКЛ НА СТАДИОНОТ НА АРМ ВО СКОПЈЕ, ОМИЛЕНИТЕ СТАРОМААЛЦИ СЕ СЕЛАТ ВО ОХРИД, НА ИЛИНДЕН, ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!
ПОСЛЕ НЕЗАБОРАВНИОТ СПЕКТАКЛ НА СТАДИОНОТ НА АРМ ВО СКОПЈЕ, ОМИЛЕНИТЕ СТАРОМААЛЦИ СЕ СЕЛАТ ВО ОХРИД, НА ИЛИНДЕН, ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!
THIEVERY CORPORATION НА БИС ВО СКОПЈЕ! 03-ти јули, Стадион на АРМ
THIEVERY CORPORATION НА БИС ВО СКОПЈЕ! 03-ти јули, Стадион на АРМ
Ковачевски на средба со коалициските партнери за францускиот предлог
Ковачевски на средба со коалициските партнери за францускиот предлог
РОКАДА ВО БУГАРСКАТА ВЛАДА: НАМЕСТО ПЕТКОВ, АСЕН ВАСИЛЕВ ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕМИЕР, ПЕТКОВ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
РОКАДА ВО БУГАРСКАТА ВЛАДА: НАМЕСТО ПЕТКОВ, АСЕН ВАСИЛЕВ ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕМИЕР, ПЕТКОВ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
Борисов: Да го финализираме францускиот предлог за Северна Македонија
Борисов: Да го финализираме францускиот предлог за Северна Македонија

ПРВА МЕРКА ОД НАРОДНА БАНКА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА: Се зголемува каматата со која банките штедат во народна банка, намерата е да се намали кредитирањето за да се намали оптекот на пари во економијата со што ќе се намали побарувачката која ги крева цените, нус ефект на ова е намален економски раст

Народната банка презема мерки за покачената инфлација. Денеска на седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, одлучиле да се зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени. Досега каматата на благајничките записи односно основната камата беше 1,25 процентни поени, а со зголемувањето ќе биде 1,5 отсто.

„Тоа е пред се како превентивен одговор на растечките инфлациски очекувања, во услови на задржани оцени за отсуство на поизразени притисоци од домашната побарувачка и присутни надолни ризици за неа во следниот период. При донесувањето на ваквата одлука во фокус беа најновите движења кај инфлацијата и инфлациските очекувања. Инаку, износот на понудата на благајнички записи на денешната аукција е непроменет, односно 10 милијарди денари, стои во соопштението на Народната банка.

Како што веќе објавивме, а потенцира и Народната банка инфлацијата продолжи да забрзува и во март 2022 година достигна годишна стапка од 8,8 проценти. Од централната банка велат дека главните фактори на поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, односно цените на енергијата и на прехранбените производи, поради растечките увозни цени. На нив отпаѓа повеќе од три четвртини од растот. Сепак, имајќи предвид дека тие се влезен инпут кај повеќе други производи и услуги, а застојот кај синџирите за производство ги поскапува и другите увозни производи, најновите податоци покажуваат дека растот на цените станува поширокораспространет. Ова заедно соподолготрајниот ценовен притисок од првично очекуваните придонесува и за нагорни поместувања на инфлациските очекувања. Поизразени притисоци од побарувачката врз цените засега не се забележуваат, а воениот конфликт во Украина ги нагласува надолните ризици за домашната побарувачка во следниот период.

„Имајќи ја предвид стратегијата на стабилен курс на денарот, при носење на монетарните одлуки се земаат во предвид и состојбите на девизниот пазар и нивното влијание врз девизните резерви. По иницијалниот притисок на девизниот пазар, кој вообичаено се случува во сите кризи, а којшто во голема мера беше поттикнат од неоснованите шпекулации за курсот, притисоците постепено се намалуваат и главно се поврзани со повисоката побарувачка од енергетскиот сектор, додека понудата од менувачниците бележи солиден раст надминувајќи го нивото и од пред пандемијата, велат од Народната банка.

Инаку соопштуваат дека девизните резерви се одржуваат во сигурната зона.

Од аспект на движењата во монетарниот сектор, според прелиминарните податоци за март 2022 година годишниот раст на кредитите и натаму е солиден и е над проектираниот за првиот квартал на 2022 година, согласно октомвриската проекција, при нешто поумерен раст кај депозитите од проектираниот.

Зголемените геополитички тензии и високите инфлациски притисоци во глобални рамки креираа дополнителни неизвесности и ризици на меѓународните финансиските пазари коишто влијаеа врз расположението на инвеститорите. Во март се зголеми одбивноста кон преземање на ризик поради влошување на финансиските услови и вградените очекувања за постепена нормализација на монетарните политики од страна на централните банки. Ваквите движења се пренесоа и кај цените на најбезбедните државни обврзници во еврозоната, чиишто остварувања беа одредени и од најавеното побрзо намалување на откупот на хартии од вредност на состанокот на ЕЦБ. Зголемените очекувања за побрзо затегнување на политиката на ФЕД во услови на поволни остварувања на пазарот на труд и солидна економска активност го поттикнаа растот на берзанските индекси и намалување на цените на државните обврзници во САД.

„Општо земено, на седницата на Комитетот беше заклучено дека неизвесноста и ризиците од ескалацијата на геополитичките тензии и од нивните ефекти, пред сѐ, врз глобалниот раст на цените, но и врз трговските текови и побарувачката, при се уште неизвесен тек на пандемијата предизвикана од ковид-19, налагаат натамошно внимателно следење на состојбите. Народната банка ќе продолжи со реоценување на поставеноста на монетарната политика на редовна основа, имајќи ги предвид најновите информации од надворешното окружување и домашната економија. Во тек е изработката на новиот циклус на макроекономски проекции во чии рамки ќе се направи сеопфатно реоценување на макроекономската слика и на поставеноста на монетарната политика. Доколку се оцени дека е потребно, централната банка ќе реагира со целиот свој расположлив инструментариум за задржување на ценовната и макроекономската стабилност, велат од Народната банка.

Аукции на благајнички записи

Основната функција на инструментот е управување со ликвидноста на банкарскиот систем преку продажба на краткорочни хартии од вредност од страна на Народната банка на примарниот пазар. Каматната стапка на благајничките записи е основна каматна стапка, којашто ја определува насоката на монетарната политика.

Аукциите на благајничките записи се одржуваат во редовни термини, а износот на продадени благајнички записи се утврдува во зависност од краткорочните ликвидносни проекции (на подолг рок, зависи од Проекцијата на монетарната политика). Право на учество на аукциите имаат сите банки.

Рокот на достасување на благајничките записи е 28 или 35 дена, во зависност од времетраењето на периодот на задолжителната резерва, што е во согласност со месечниот циклус на промени на автономните фактори (депозити на држава, готови пари во оптек). Во зависнот од потребите за управување со ликвидноста на банкарскиот систем, Народната банка може да примени други рокови на достасување на благајничките записи.

Народната банка применува два основни типа тендери кај аукцијата на благајнички записи:

a) Тендер со каматни стапки: во проспектот што се упатува до банките, Народната банка го објавува износот на благајнички записи што го нуди за продажба, а банките аукцираат со износи и каматни стапки;

б) Тендер со износи: во проспектот што се упатува до банките, Народната банка објавува фиксна каматна стапка по која ќе се реализира продажбата на благајничките записи, а банките аукцираат само со износи.

Со благајничките записи може да се тргува на секундарниот пазар и служат како обезбедување за кредитите од централната банка.

Ова е комплициран текст објавен од Народна Банка кој е тешко разбирлив за обичниот народ. Она што треба да го знаете во кратки црти е што во време на голем раст на цените поради проблем на набавката поради енергетска криза и војна која нарушува ланци на снабдување, централната банка се труди да ја намали побарувачката преку намалување на издавањето кредити од банките кое пак се прави така што се зголемува каматата со која банките штедните влогови на граѓаните и фирмите ги штедат во централната банака за што добиваат гарантирана добивка со која ги плаќаат каматите на штедните влогови на граѓаните и фирмите.

Зголемувањето на оваа камата ги поскапува парите со кои народна банка им издава пари на банките па така се зголемуваат и каматите на кредитите со кои банките делат кредити на граѓани и фирми. Последица на овој потег е што ќе се намали инвестициската активност, ќе се намали куповната моќ на домашната економија во целина и ќе падне продажбата на домашните фирми и трговците кои продаваат странски стоки исто така ќе паднат и приходите по основ на ддв. Но ќе се заштити живитниот стандард на граѓаните со тоа што цените ќе се стабилизираат. Народски кажано граѓаните ќе мора да живеат и трошат колку што им е долга чергата.

loading...

go88 pro go88 inpho go88 đánh bài

sunwin stevia international Sunwin - Top 1 game bài đổi thưởng uy tín - Link vào SUN WIN sunwin healthcare private limited