БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Новинарските здруженија реагираат: По кои критериуми е направена селекцијата кои медиуми ќе известуваат од Рим
Новинарските здруженија реагираат: По кои критериуми е направена селекцијата кои медиуми ќе известуваат од Рим

ВЛАДИМИР СТАИЌ, ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА СРБИЈА И ШЕФ НА ГУЛФ ОИЛ МАКЕДОНИЈА, ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ДОМАШНИ НАФТЕНИ КОМПАНИИ: Македонија мора да ги зграпчи бизнис-можностите што ги нуди иницијативата „Отворен Балкан“

Стогодишната традиција на нафтениот бренд „Галф оил“ (Gulf Oil) се огледува во работата на компанијата „Галф оил Македонија“, која е претставник на етаблираниот американски бренд на македонскиот пазар. Карактеристичниот портокалов диск кој се наоѓа на логото на овој бренд е глобален синоним за производи со висок квалитет, иновации и техничка извонредност.

Овие вредности ги препознаа и шампионските тимови на тркачкиот бренд во Формула 1, „Мекларен“ и фудбалскиот тим „Манчестер јунајтед“, кои склучија повеќегодишно партнерство со „Галф“. Компанијата „Галф оил Македонија“ продолжува да ја гради успешната приказна на глобалниот нафтен лидер, нудејќи висококвалитетно гориво и иновативни производи на македонскиот пазар.

Со генералниот менаџер на „Галф оил Македонија“, Владимир Стајиќ, кој од неодамна е именуван и за почесен конзул на Република Србија во Северна Македонија, разговаравме за глобалните предизвици во бизнисот во изминатата година, решенијата, но и за идните планови на компанијата.

Многу земји ги затворија своите граници како мерка за справување со пандемијата, што многу негативно се одрази врз економиите. Што доколку и во иднина има вакви затворања на границите од различни причини? Има ли решение за бизнисот?

Ковид-кризата уште еднаш потврди дека земјите од регионот треба уште подлабоко да соработуваат и да се фокусираат на подигнување на регионалната конкуренција.

Наместо секоја земја да работи за себе и да им биде конкурент на останатите од регионот, треба да создаваме заеднички пазар со поголема додадена вредност преку кој ќе го зајакнеме синџирот на снабдување за земјите од ЕУ.

А тоа ќе се направи преку актуелната иницијатива „Отворен Балкан“, која предвидува „паѓање“ на границите меѓу Северна Македонија, Србија и Албанија од 2023 година, со што ќе се овозможи слободен проток на патниците и услугите низ трите земји, без задржување и чекање на граница и најважно – без царини.

Ќе имаме олеснување на увозот, извозот и транзитот на стоки низ регионот. Тоа е неверојатно позитивен стимул за економијата, но за да го почувствуваме ќе мора сите земји да вложат напор и да ги унапредат услугите за транспорт.

Нашата компанија е првата приватна компанија која почна да врши увоз на горива користејќи го железничкиот сообраќај бидејќи тоа е во склад со нашите заложби за развој и примена на еколошки решенија во секој сегмент од работењето, вклучувајќи го и транспортот.

Србија изминатиот период интензивно вложува во развој и модернизација на железничкиот превоз, како една од клучните алки за развој на економијата. Се надевам дека во скоро време и нашата земја, по примерот на Србија, ќе инвестира во модернизирање на железничкиот превоз што ќе го олесни транспортот за многу компании и ќе ги намали нивните трошоци.

Верувам дека со реализацијата на иницијативата „Отворен Балкан“ и олеснувањата што таа ги предвидува, целата бизнис-заедница за брзо време ќе ги почувствува придобивките, што позитивно ќе се рефлектира и врз целокупната домашна економија. За нас како компанија тоа ќе значи полесна реализација на зацртаните планови за позиционирање на брендот Gulf Oil и на другите пазари во регионот.

Бизнисот и политичката ситуација отсекогаш биле во тесна корелација. Дали сметате дека евентуалниот почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ ќе донесе позитивни промени на бизнис-климата во земјава? На кој начин тоа ќе влијае врз работењето на Вашата компанија?

Влезот на Северна Македонија во НАТО дополнително ја зацврсти нашата позиција како сигурен и стабилен партнер на една од најголемите нафтени компании во светот.

Членството во НАТО и се надевам скориот почеток на пристапните преговори со ЕУ се гаранција за големите странски компании дека вложувањата во одредена земја се сигурни, безбедни и дека на странските инвеститори им се загарантирани сите законски права во таа земја.

Според направените реформи и постигнатите резултати, Северна Македонија заслужи конечно да добие датум за почеток на преговорите за членство во Унијата.

Покрај многубројните придобивки за бизнис-заедницата, интеграцијата на македонскиот пазар во ЕУ во исто време претставува и голема обврска во поглед на исполнување на високите стандарди за квалитет според европските регулативи.

Како компанија која примарниот акцент го става на квалитетот на горивата, може да се пофалиме дека нашите производи веќе ги исполнуваат највисоките европски стандарди, што е потврдено и докажано со тестирања на независни лаборатории од странство. Стратегијата на ЕУ за овој период, но и за следните години, е насочена кон редуцирање на емисијата на штетни гасови од возилата преку воведување регулативи кои предвидуваат продажба исклучиво на технолошки напредни возила.

Во тој поглед, „Галф оил“ како глобален експерт за моторни масла и мазива, изминатиов период го насочи својот фокус кон развој на уникатни и прецизни решенија за хибридните и електричните автомобили кои планираме да ги имплементираме и на нашиот пазар.

Кризата предизвикана од ковид-19 за жал сѐ уште не е надмината по речиси две години откако се појави. Бизнис-заедницата постојано е исправена пред бројни предизвици и јасно е дека последиците од оваа криза ќе се чувствуваат уште долго. Каков е вашиот план за справување со постковид-предизвиците?

Кога станува збор за нафтениот сектор, кризата со корона вирусот исфрли на површина еден голем проблем за речиси сите светски економии, а тоа е редовното и навремено снабдување со нафта и нафтени деривати кои се клучни за нормалното функционирање на секоја економија.

Затворањата на границите, ограниченото движење и посебните протоколи во голема мера го отежнаа снабдувањето и беа голема закана за функционирањето на многу силни економии. Клучно во целата криза беше и сѐ уште е брзото прилагодување на актуелните состојби.

Нашата компанија го искористи овој период за да воспостави уште постабилен и пофункционален систем на дистрибуција и снабдување со нафта. Фактот што зад нас стои врвен американски бренд кој има повеќе од 1.800 бензински станици низ светот и над 100 дистрибутивни центри, доволно зборува за можноста во секое време да ги задоволиме потребите на потрошувачите на македонскиот, но и на регионалните пазари.

Ковид-кризата значително ги намали инвестициските активности на компаниите, така што сите ние како стопанственици имаме обврска да го дадеме својот максимум и да се обидеме да се фокусираме на нови инвестиции во рамки на своите можности, за да ѝ го дадеме неопходниот стимул на домашната економија.

И покрај сите предизвици, „Галф оил“ летово отвори нова, најсовремена бензиска станица во Гевгелија со технолошки најнапредна опрема и понуда на горива и масла од најновата генерација. Иако ја отворивме доцна во летната сезона, уште од самиот почеток нејзиното работење бележи многу позитивни резултати, што за нас е доказ дека не само домашните потрошувачи, туку и странците го препознаваат светскиот квалитет на брендот Gulf.

Тоа дополнително нѐ мотивира да се фокусираме на отворање на следните Галф бензински станици низ земјава.

Енергетската криза веќе се чувствува силно во развиените земји, неминовно е дека и кај нас допрва ќе се почувствуваат посилни последици. Кој ќе биде најголемиот предизвик за вашата компанија во справувањето со енергетската криза?

Во светски рамки, побарувачката за нафта скокна како одговор на кризата со електричната енергија. Но, изминативе две години рафинериите на глобално ниво работат со намален капацитет поради намалената побарувачка, а дел од нив целосно ги затворија своите капацитети. Поради тоа постои можност да се соочиме со поголема побарувачка отколку понуда на пазарот, што може да предизвика дополнителен ценовен шок на глобално ниво и кај нас.

Неспорен факт е дека црвеното светло за тревога во светот е вклучено бидејќи не може да очекуваме дека последиците од енергетската криза во светот ќе ја одминат нашата земја и нема да се почувствуваат. Но, мора да бидеме свесни дека не постои брзо и ефикасно решение.

Неопходно е долгорочно планирање поврзано со сите енергетски ресурси, при што главниот фокус треба да се стави на зелените политики.

„Галф оил“ веќе има развиено повеќе „зелени“ производи кои докажано не ја загадуваат животната средина и во иднина планира да воведе широк спектар на еколошки одобрени производи за автомобилската индустрија.

Во оваа насока е и развојот на уникатни решенија за хибридните и електричните автомобили, што ги спомнав претходно, кои се дел од енергетската иднина на општеството во целина, вклучувајќи ја тука и нашата земја.

Како светски лидер во својата дејност, „Галф оил“ ги насочува своите развојни планови кон решенија кои нудат стабилно и рационално искористување на енергетските ресурси, секогаш следејќи го доследно принципот на своите потрошувачи да им нуди производи со највисок квалитет.

Доколку сакате да го набавите годишното издание на престижниот „Економист“, кое четврти пат излезе на македонски јазик под ексклузивна лиценца на „Колор медија плус“, кликнете ТУКА (или побарајте го на сите поголеми продажни места низ државата).

loading...

free anime online. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

animedao Black Clover (Dub)

watch animes So I'm a Spider, So What?

anime websites My Hero Academia Season 3 (Dub)

english dubbed anime The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement

Black Clover