Од графиконот објавен од Народна Банк на РСМ може да се види дека износот на странските директни инвестиции по години е следен:
2017 – 181 милион евра
2018 – 624 милиони евра, историски рекорд за земјата од осамостојувањето па до денес
2019 – 398 милиони евра
2020 – 239 милиони евра
Во 2021 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 512 милиона евра, како резултат на нето-приливи кај сите компоненти: меѓукомпаниски долг (за 201,5 милиони евра), сопственичкиот капитал (172,9 милиони евра) и реинвестираната добивка (137,6 милиони евра).
Вкупно тоа значи дека за 5 години од кога е СДСМ на власт во земјава влегле 1 милијарда и 950 милиони евра директни странски инвестиции. Оваа година се очекува инвестициите да се намалат поради војната во Украина но пак се очекува околу 100 милиони евра, па така вкупната сума надмашува 2 милијарди евра, што не е лошо, но можеме понатака и повеќе и подобро, затоа се стремиме кон ЕУ, затоа влеговме во НАТО.
Две милијарди евра се далеку подобри од НУЛА колку што секој ден трубат од белата палата на ВМРО ДПМНЕ, они молат бога овој графикон да не стигне до очите и ушите на граѓаните.