ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Груби го свика Комитетот за Коридорите 8 и 10Д, се формираат преговарачките тимови
Груби го свика Комитетот за Коридорите 8 и 10Д, се формираат преговарачките тимови
Бесими: Со околу 190 милиони евра од ЕБОР ќе се финансираат Скопје-Блаце, ФЕ Осломеј 2 и ФЕ Битола
Бесими: Со околу 190 милиони евра од ЕБОР ќе се финансираат Скопје-Блаце, ФЕ Осломеј 2 и ФЕ Битола
ГОЛЕМ БРОЈ КАВАДАРЧАНИ МЕЃУ КОИ И МИТКО ЈАНЧЕВ СЕ ПОНУДИЈА ДА ДОНИРААТ КОСКЕНА СРЦЕВИНА НА МАЛИОТ МАРКО ТАШЕВ
ГОЛЕМ БРОЈ КАВАДАРЧАНИ МЕЃУ КОИ И МИТКО ЈАНЧЕВ СЕ ПОНУДИЈА ДА ДОНИРААТ КОСКЕНА СРЦЕВИНА НА МАЛИОТ МАРКО ТАШЕВ
Маричиќ: Време е да заврши нашиот осумнаесет годишен маратон за старт на преговорите
Маричиќ: Време е да заврши нашиот осумнаесет годишен маратон за старт на преговорите

АЈДЕ СЕГА ДА БИДЕМЕ СЕРИОЗНИ: ТЕМИТЕ ХИТЛЕР, СТАЛИН И ТИТО СЕ ЗЛОУПОТЕБУВААТ СО ЦЕЛ ПРОПАГАНДА И ОЦРНУВАЊЕ И ПОРОБУВАЊЕ ИЛИ ИСТРЕБУВАЊЕ НА ЦЕЛИ НАРОДИ!

Пишува Саше Ивановски Политико

1. Ајде прво на почетокот да се разбереме, не може оние земји што биле сојузници на наци Германија да бидат оцрнувани речиси еден век откако тоа се случило, а да ги амнестираме оние што биле во сојуз со Сталин, МЕЃУ КОИ Е И САМИОТ ХИТЛЕР КОЈ ИМАЛ СОЈУЗ СО СТАЛИН ОД 1939-ТА ДО 1941-ВА?!?! Сталин убивал исто ако не и повеќе од Хитлер, и двајцата се мегаломански убијци тирани какви светот дотогаш немал видено, сега Путин се обидува да им се доближи!

2. Ок кога тоа го расчистивме, ајде сега реално да ја отвориме темата на ЗЛОУПОТРЕБА на Хитлер за оцрнување на цели народи кои во одреден момент во историјата се нашле на страна која им одела во приход и тие мали народи решиле да фатат страна која била добра за нивната вековна борба за независност. Многу народи како на пример Хрватскиот, Босанскиот, Бугарскиот, Албанскиот, Романскиот, Украина, Чеченија и други начекале момент кога Германија под водство на Хитлер им давала можност да имаат своја држава и тие го искористиле моментот. Зошто да им судиме? Зарем ние немало тоа да го направиме? А што мислите, дека Англија, Белгија, Шпанија, Португалија, Холандија, Русија и останатите земји биле многу многу подобри од Германија? Што мислите што се случувало во Африк, Јужна Северна и централна Америка со векови од страна на земјите споменати? Што се случувало низ Азија од страна на Русија, како иселувле цели народи од едно место па сите во Сибир со воз? Тоа не е оправдување на нацизмот и фашизмот, само велам дека е коммично непознавање на историјата да се тврди дека големите светски сили биле многу подобри, сите убивале, етнички чистеле, поробувале, краделе…

На крајот на краиштата РОПСТВОТО не го измисли Хитлер туку Англичаните, Американците, па ајде да не се лажеме бе луѓе, Јужна Африка до 1990-та имаше АПАРТХЕЈД каде црнците беа поробени од белците, еееј, се до 1990-та година кога конечно беше ослободен од затвор лидерот на Црнците Нелсон Мандела и им беше дозволено на црнците да гласаат на избори па тој стана претседател, кого ние сега тука лажеме дека светот е добар и лош и дека само Хитлер е лош а сите други се цвеќиња за мирисање?!?!

3. Ние Македонците малце глумиме лудило, се лажеме и себе и светот, дека ние сите сме биле партизани во втората светска војна, тоа е ТРАГИ КОМИКА! Тоа е далеку од вистината. Партизани имало само при крајот на војната и тоа многу малку, цел народ бил со Бугарите затоа што Бугарите владееле подобро од Србите кои тепале краделе во земјава, ако не верувате побарајте на интернет за српските полициски началници кои биле де факто кметови во општините и владееле со чотек и казни за тие 20 години српска власт во земјава и ќе прочитате од многу сведоштва како се владеело во земјава. Точно е дека имало масакри од бугарската власт но масакрот го направиле македонци кои биле на разни функции во полицијата и војската, значи се тепале десничари македонци со левичари македонци, значи тепачката била идеолошка а не етничка?!

4. Тито се глорифицира, Хитлер се плука, за Сталин е молк затоа што се скарал со Тито ама нема критики како за Хитлер. Но Тито има крв на рацете, во фронтот на Срем пратил 20 000 војници да загинат значи свесно ги пратил во смрт иако германската војска била во повлекување само требал да почека, само затоа што сакал да седне на маса со Черчил и Сталин како голем маршал и војсководец кој ете учествувал на големи битки и изгубил голема жертва за пораз на нацизмот?! Потоа кај Блајбург начекал цивилно население кое бегало од Хрватска, Словенија и Босна а кои се плашеле од партизанска одмазда и ги поклал, ги потепал, има стрелани над 100 000 цивили и заробеници воени. Потоа владеењето му е класична диктатура, може не убивал со стрелање ама убивал со тортура психичка со страв со затвори и тоа е ден вид убиство, бавна смрт… Зошто молчиме за тоа?! Затоа што Тито ни дал државност? Па нели тоа не прави уште поголеми ХОПОКРИТИ, кога го плукаме Бугарите што се здружиле со Хитлер за свои интереси а ние истото сме го направиле со Тито кој сепак бил сатрап, диктатор?

5. Се оцрнуваат Албанците и Бугарите како нацисти со цел да се оцрнуваат цели народи, се користи таа пропаганда да се ДЕХУМАНИЗИРААТ цели наши соседни народи со цел гео стратешки интереси на други народи, центри на моќ, гео политички интереси. Се МИЛИТАРИЗИРА историјата, се спинува се извртува се прави одбирање на моменти кои ни одговараат а се премолчуваат цели епохи американците тоа го викаат ЧЕРИ ПИКИНГ (бирање зрели сочни цреши од дрво) за да се сее омраза кон цели народи кои само се бореле за своето добро за свое место под сонцето па дури и спасиле многу Евреи, на пример Бугарија ги спасила своите Евреи во Бугарија за што Израел секоја година искажува благодарност до Бугарскиот народ… Е сега не успеале да ги спасат и во Македонија и тоа е заеднички срам и за Бугарите но и наш, а ние целата вина ја префрламе само на Бугарите, што не сме се кренале да ги браниме, или сме си гледале свој интерес? Зошто тогаш со толкава леснотија сме им ги земале дуќаните и куќите кога Евреите биле пратени на кланица?

И на темата Евреи има многу грев и во соседството, во Солун на пример кога биле однесени 55 000 Евреи од Солун кој дотогаш се сметал за главен град на Евреите во Европа, Грците под сугестии и притисок на окупаторот ги искористиле камењата од еврејските гробишта за градење на згради низ Солун?!?! Е сега пак некој ќе каже ама тоа било наредба од Германците кои ја држеле земјата под окупација но сепак не може некој да ме убеди дека некои Грци не го искористиле моментот да ги запоседнат сите тие дуќани кафани и разни бизниси кои порано ги држеле Ереите во градот…

6. Еве сега и Путин ја користи темата за ДА ГИ УБИВА УКРАИНЦИТЕ додека тврди дека биле нацисти?!?! Замислете се понаша баш како Хитлер додека тврди дека Украинците си го барале самите затоа што пред 100 години во Хитлер гледале спас од лудакот Сталин?! Бирале меѓу две зла и се коцкале со судбината?!

7. Дури и еден Израел го користи Хитлер и холокаустот за да оправда масакар врз Палестинците во Палестина и Либан, демек ние сме жртва цел свет не сака ај сега се ни е дозволено па дури и да им ја крадеме земјата на палестинците да им ги рушиме куќите со багери?!?!

loading...

https://tai.go88.is/

kinh nghiệm đánh tài xỉu sunwin tải sunwin 2022 sunwin âu