БРАВО - Османи приреди коктел за дијаспората и им порача дека својот мандат ќе го посвети на создавање услови за секој кој има желба да може да се врати во државата
БРАВО - Османи приреди коктел за дијаспората и им порача дека својот мандат ќе го посвети на создавање услови за секој кој има желба да може да се врати во државата
СДСМ ПРИЛЕП - Денеска се навршуваат 64 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто
СДСМ ПРИЛЕП - Денеска се навршуваат 64 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто
БРАВО - СПАСОВСКИ ГО СОТРЕ ПОДЗЕМЈЕТО: ЗА ЕДНА ГОДИНА УАПСЕНИ БЛИЗУ 500 КРИМИНАЛЦИ БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА
БРАВО - СПАСОВСКИ ГО СОТРЕ ПОДЗЕМЈЕТО: ЗА ЕДНА ГОДИНА УАПСЕНИ БЛИЗУ 500 КРИМИНАЛЦИ БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА
Заев: Во првиот круг ќе одиме секој сам, а после ќе се поддржиме со ДУИ, БЕСА и со ДПА
Заев: Во првиот круг ќе одиме секој сам, а после ќе се поддржиме со ДУИ, БЕСА и со ДПА
Вицепремиерот Битиќи и директорот Тунџев го промовираа новиот Национален Геопортал – Со само еден клик граѓаните и стопанството може да пристапат до огромен број на просторни податоци
Вицепремиерот Битиќи и директорот Тунџев го промовираа новиот Национален Геопортал – Со само еден клик граѓаните и стопанството може да пристапат до огромен број на просторни податоци
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој
Почитувани, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје од вторник, 27.07.2021 година, ќе започне со исплата на пензиите за месец јули
Почитувани, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје од вторник, 27.07.2021 година, ќе започне со исплата на пензиите за месец јули
(ВИДЕО) СКОПЈЕ ЈА ДОБИ И ВТОРАТА ТАРТАН ПАТЕКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК
(ВИДЕО) СКОПЈЕ ЈА ДОБИ И ВТОРАТА ТАРТАН ПАТЕКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

АНАЛИЗА НА ИЗБОРИТЕ ВО САД – ЗОШТО АМЕРИКАНЦИТЕ УПОРНО И УПОРНО ГЛАСААТ ЗА ТРАМП, ИАКО НА СИТЕ ИМ Е ЈАСНО ДЕКА ЧОВЕКОТ Е СО МНОГУ НЕДОСТАТОЦИ И ЛОШ КАРАКТЕР

Не плаќал даноци 20 години, со тоа што го изигрувал даночниот систем.

Курвариште, дузина жени излегоа со тврдења дека ја изневерувал жена му, некои дури тврдат дека ги силувал, други дека им платил за секс.

Измамник, има неколку судски процеси во кои треба да плати на оштетени гражани на САД поради разни измами на своите фирми, пред се Трамп Универзитет но и други…

Дузина банкроти зад себе, парите ги наследил од татко му, а се фали бесрамно со нив…

Расист, тоа дури е јасно и на малите деца, кокетира со ККК клан и разни фашисти…

Автократ во најмала рака, нон стоп ги напаѓа медиумите, плаче како мало дете, бега од интервјуа, повикува на насилие кон политичките противници…

Профитира од својата функција, сите важни владини настани ги држи во свои голф терени и хотели, бесрамен профитер…

Победува со помош на руски асистенции, користи бесрамно црна пропаганда, клевети, шири лажни вести…

Човекот лаже дека е верник а ниту ја има читано библијата ниту пак во животот стапнал во црква, живее живот во целосна спротивност со верските начела, разводи, курвар, коцкар дури и поседувал казина, лаже, краде, суди на сите…

Ова е само 1% од слабостите и фалинките на Доналд Трамп. Но американците упорно и упорно гласаат за него. Зошто?

Затоа што Американците после Обама сфатија дека колку и да ти е претседателот џентлмен, со финоќа, бон тон, начитан, сакан од цел свет, сепак на крај на месец сите треба да проверат колку пари имаат во џебот за да ги платат сметките, се друго е неважно.

Со друвги зборови, Американците си гласаа за своите интереси и воопшто не им е важно колкава свиња е Трамп се додека работи во нивен интерес, а кои се тие интереси?

Намалување на даноци! Никој не сака да плаќа даноци, и онака во САД пола од парите ти ги зема државата, разни градски, локални и федерални даноци ти земаат по малце од платата па на крај дури пола од парите ги даваш на бирократијата.

Нема силен КАРАНТИН ради короната па нема и големи економски штети.

Големи субвенции поради пандемијата. Милијарди и милијарди долари завршија кај народот овие месеци како помош за Корона пандемијата.

Брз развој на вакцина за Корона! Трамп направи коалиција на федерални институции со приватен сектор и забрзано се работи на развој на вакцина за Корона.

Откажување од екологија и разните светски договори за налување на ЦО2 со што се активираа пак рудниците за јаглен, се засили бушењето за нафта ширум САД, милиони американци живеат од нафтената и индустријата за јаглен… Со тоа што Трамп дозволи да се развива економијата без никакви заштити на природата, економијата има голем бум во Америка, но еколозите врескаат и се пред нервен слом.

Блокада на границата со Мексико и стопирање на илегалната имиграција, со ова се држи просечната плата високо која е саботирана од илегалните работници кои се спремни да работат и за 1 долар на саат со што се крадат работни места на неписмените Американци кои се главни фанови на Трамп.

Стоп на аабортусот, нешто што религиозните Американци го сметаат за најголемо злосторство на денешницата.

Помош на црквите кои се наоѓаат загрозени од напливот на либерализмот и левичарите во САД.

Религиозна конзервативна Америка е исплашена од брзата либерализација на земјата, геј бракови, абортуси, кризата со епидемијата на зависности од дроги, распад на семејството како основна клетка во Америка, полните затвори, голем криминал и банди по улиците итн итн, и затоа се среќни што Трамп назначи двајца конзервативни судии во уставниот суд кој пресекува во најбитните дилеми за тоа во кој правец треба да се движи Америка, кон либерална Европа или назад кон Америка пред 100 години каква што ја замислиле основачите креатори на уставот на САД.

Заштита на правото на имање оружје, нешто што е најсвето за обичните рурални американци, тие би умреле ако треба но нема да дозволат некој да им ги земе пушките и пиштолите кои ги имаат дома, ги сметаат како американско наследство, симбол за америка но и право на лична заштита против разни крадци, убијци, силувачи кои ги има многу во САД!

Трговска војна со Кина, ЕУ и Јапонија, т.е војна против глобализмот како процес, затоа што многу од фабриките се преселија во Кина и радничката класа остана без работа па затоа обичниот народ гласа упорно за Трамп се додека им лупа тарифи на Кинезите за многу производи и индустрии.

Трамп ги натера сите богати земји членки на НАТО да почнат повеќе да купуваат воена опрема од САД за да се доближат малку до САД по опременост, им здосади на Американците да даваат секоја година 7000 милијарди долари за војската и да ги бијат сите војни сами додека на нивни грб се шлепаат богатите Германци, Јапонци, Корејци…

За прв пат еден претседател не почна голема војна во светот, дури и направи неколку мировни договори и ги повлече војските од Авганистан и Ирак и заштедите од тоа ги претвори во помали даноци или поголеми плати за војската или нова опрема, нови бродови и авиони… Американците се изморени од долгите војни кои почнаа по нападот во 2001-ва, над 15 години војни во средниот исток со многу жртви, многу трошоци, многу трагедии, Америка сака малце да одмори од војување по светот… Демократите пак бараат САД да почнат војна со Сирија со Северна Кореја со Иран со Русија со Турција со Венецуела итн итн со секоја диктаторска будала во светот, левицата сака да почне трговска, дипломатска па и реална војна…

Дополнителен проблем е и константното бегање кон лево на демократите кои од година во година се под голем притисок на Берни Сандерс и неговото движење кое отворено бара САД да станат социјалистичка држава како Куба и Венецуела, што ги вади од такт многу Американци па дури и кои не се отворено десничари и конзервативци. На нив им е згадено од многуте Американци кои не работат и чекаат од државата бонови за храна, помош за кирија, разни други бенефиции како бесплатна здравствена помош, бесплатно школство и слично, а што на крај како сметка треба да ја платат оние кои работат преку зголемени даноци. Затоа гласаа за Трамп кој се противи на овие процеси и се смета за единствена брана пред оваа КОМУНИЗАЦИЈА, СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА на АМЕРИКА!

Можат тука да се редат безброј ситни вакви придобивки на обичните Американци, кои овие политики ги сакаат и ценат и затоа го наградија Трамп, иако и тие повеќето се свесни дека човекот е тешка свиња и гад над гадовите како човек. Но Американците како да ја прифатија максимата на еден од реформаторите на Кина, архитектот на модерна Кина, Денг Ксијаопинг кој еднаш изјавил дека не е важно каква боја е мачката се додека лови глувци, алудирајќи на воведувањето пазарни механизми во комунистичка Кина во 90-тите кое се покажа како многу умен потег ако се знае дека сега Кина е број еден светска економија по БДП…

loading...

AnimeDao animedao tower of god: SK8 the Infinity (https://animedao.nl/m/Q052) Episode 12

AnimeHeaven dragon ball z anime heaven: Watch DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 8