Пазете сега колку несмасно се правдаат бугарските функционери – ни дале вето затоа што имало огромен говор на омраза?!?! Па омразата стартуваше откако ни дадоа вето?!?! Како може нешто што следуваше потоа да биде причина за тоа што се десило порано?!?! Тоа е невозможно физички!
Но да ги оставиме браќата да се препелкаат сега во својот срам, ние да не тураме сега масло на огнот и да не работиме во наша штета, да не им помагаме да се оправдаат пред САД и ЕУ за глупоста што ја направија.
Апелирам да го следиме премиерот Заев, он знае каде не води, ние да одиме по него и да му помагаме. Очигледно е дека човекот добил гаранции од големи центри на моќ дека овој проблем ќе се реши, човекот е многу опуштен и релаксиран на темата и се обидува да ја спушто топката во дуелот со браќата Бугари.
Ајде да престанеме со хејтањето иако знам колку не боли и колку сме лути. Ајде да им дадеме шанса на браќата, ова беше само една несреќна одлука, една грешка, луѓе сме, грешиме. Ајде да им дадеме шанса а и ние да направиме компромиси максимум што можеме да бидеме флексибилни агилни да ја разбереме сепак и Бугарија да видиме што ги боли што им смета како да им угодиме без да чепнеме во нашето свето и да се најде некакво решение кое ќе личи на она со Грција, каде двете страни ќе бидат ем поразени ем победници.
Ајде, оваа е уште една голема битка, потоа не чека мазно возење по мирно море, многу битки добивме, да не се откажуваме сега кога толку многу се изнамачивме и толку многу сработивме.