ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
СПАСОВСКИ: Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички
СПАСОВСКИ: Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички
БРАВО - Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови
БРАВО - Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови
ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод
ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод

АТАНАС КОСТОВСКИ – ВИСТИНАТА ЗА ФК ВАРДАР: На денешен ден пред 10 години… Три судски рочишта во ист ден кои ја решија судбината на Вардар!?

Вардар првпат во својата историја од следната сезона ќе игра во Втората македонска фудбалска лига. Првпат, само поради онаа фамозна фузија со ФК Миравци која и денеска го прати. А, како дојде ФК Вардар денес, точно на денот кога се случуваа чудни работи пред 10 години, да стравува и за својот опстанок како клуб, низ три изданија преку сведоштвото на доајенот на македонското новинарство и претседател на клубот во моментите кога испадна од Првата лига во сезоната 2010/2011 – Атанас Костовски.

Пишува: Атанас Костовски

Овој 13. јуни 2021 година ќе биде впишан во култната емисија на Македонското радио-Радио Скопје во емисијата “Деновиве пред години“… Овој ден засекогаш ќе остане запаметен во историјата како денот кога македонската фудбалска репрезентација го одигра првиот меч на завршните натпревари на Европските првенства, во Букурешт со репрезентацијата на Австрија. Значаен ден за нашето спортско живеење.

Денешниот ден, 13 ноември, инаку историјата го памети и по бомбардирањето на Лондон во 1944 година од страна на германските “Фау 1“, многумина од нас веројатно се сеќаваат дека на овој ден се испечати последниот број на дневниот весник “Дневник“ (бр. 6386), првиот македонски приватен весник чие што издавање го започнаа ентузијастите Миле Јовановски, Бранко Геровски и Александар Дамовски на 20 март 1996 година. Паметиме, весникот раководен од ова новинарско трио достигнуваше и рекорден тираж и над 100.000 примероци (2003 година)….

Скопје,13 ноември 2011 година… Осум денови по парламентарните избори на кои ВМРО-ДПМНЕ освои 56 пратенички мандати, 7 помалку од претходниот состав, а СДСМ иако освои дури 18 мандати повеќе стигна само до бројката 42, ДУИ загуби 3 мандати но со освоените 15 беше доволно за да нема никаква промена на парламентарното мнозинство. На кусо, во Парламентот ништо не се смени, повторно сите останаа на истите стартни позиции.

На овој ден, пред 10 години, во една од судиските канцаларии на Основниот суд Скопје 2 на бирото на сега покојната судијка (Т.К.) се наоѓаа три решенија за потпис. Како стигнаа тие до неа никогаш нема да се дознае, зашто и ден денешен сум уверен дека нејзиното “судиско убедување“ беше спротивно од она што го потпиша! За што всушност станува збор?

ФК Вардар за мене, како и за многумина во Македонија, е прва фудбалска љубов. Со децении, прво како навивач и новинар, па и како портпарол и претседател на клубот. Фудбалската историја на клубот ќе забележи, во таа натпреварувачка 2010/11 ФК Вардар го загуби прволигашкиот статус во време кога претседател на клубот беше Атанас Костовски. Клубот испадна од Прва лига, но,сепак не играше во Втората лига! Како се случи тоа? Пред 13 јуни 2011 година мало потсетување на настаните што се случуваа во и околу ФК Вардар:

-1999 година – По многу кризни години, ФК Вардар на свое редовно собрание решава со клубот да управуваат луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ, за претседател беше избран актуелниот пратеник Александар Трпевски, а за потпретседател Борче Ристевски. Во Извршниот одбор се најдоа луѓе, така беше соопштено на фудбалската јавност, бизнисмени од САД и Австралија…

– 2000 година – Договор за финансирање на ФК Вардар од страна на Слободан Вујчиќ-Брацо (С.В.-РСА Хамбург -ФК “Вардар“) односно со фирмите МЏ Риком Интернационал, ЕР Вардар на Борче Ристевски, според Статутот на клубот, колективни членови на Собранието.

– 2002 година – Оставка на Александар Трпевски, за нов претседател е именуван Драган Живковиќ од С.В.-РСА, фирма во која свој удел има финансиерот Слободан Вујчиќ-Брацо. Време кога се враќаат шампионските титули во клубот, а на европоската сцена остана за “долго сеќавање, за незаборав“ елиминацијата на московска ЦСКА (2003). Во клубот се функционираше добро, беа печатени и две годишни ревии.

– 2005 година – Одржани се неколку неколку тајни собранија на клубот, се менува Статутот на клубот, сменет е успешниот претседател Драган Живковиќ без негово знаење! Сето тоа се случува кога Слободан Вујчиќ-Брацо е на сложена хирушка операција во Хамбург.

– 2006 година – Се поизразени се несогласувања меѓу оној што финансира (Брацо) и оној што управува (Борче). Поради пројавените проблеми околу изградбата на зградата во Градски парк ( Кинески ѕид) од август 2006 година актуелниот претседател Борче Ристевски го ополномоштува Атанас Костовски, портпарол на клубот, да потпишува во негово име во нужната коресподенција на реализација клуб-ФФМ. На Собрание на 25. декември 2006 година Атанас Костовски е избран за претседател на клубот, а Борче Ристевски разрешен од функцијата но и назначен за потпретседател со сите ингеренции како и претседателот, иако тоа не е запишано во Статутот на клубот! Собранието и натаму е во рацете на фирмите на Борче Ристевски.

– 2007 година – На 4. јануари 2007 и официјално во Судот е пријавено Собранието на кое Атанас Костовски е именуван за претседател на ФК Вардар. Клубот заедно со Спорт С.В.( една од фирмите на Брацо) ја формираат фирмата ФК Вардар-С.В. преку која се одвива финансиското работење на клубот. Согласно лиценцниот систем на ФФМ кој е усогласен со УЕФА и ФИФА, тоа е дозволено кога се блокирани сметките на фудбалските клубови (на ФК Вардар е блокирана од Орка спорт уште од 1998 година).

– 2008 година – По неколкугодишен судски спор поради нелегитимното сменување на Драган Живковиќ од претседателската функција, Општинскиот суд Скопје 2 донесе пресуда П.бр. 5984/о7 од 27 јануари 2оо8 година со која се поништуваат Собранијата на ФК Вардар на 24.02 и на 20.04 2005 година со кои се враќа на претседателската функција Драган Жиковиќ и стариот статут на ФК Вардар. За цел да се верифицира таа судска одлука, на 24.02.2008 година е одржано Собрание на ФК Вардар на кое беа донесени и други одлуки меѓу кои и потребата од редовни и јавни собранија на ФК Вардар.

Дознавајки за донесената судска пресуда и одржаното Собрание, старото раководство на клубот веќе следниот ден (25) во Централниот регистар на Р. Македонија го впишува Васко Марковски за претседател на клубот а на 14. март 2008 е одржано тајно собрание на кое Јордан Камчев е е впишан за нов претседател на клубот! Но, се чини, еден службеник во Централниот регистар на РМ работи само за потребите на ФК Вардар. На 1 април 2008 одржано е ново собрание, сменет е Статутот на клубот, сега навивачите добиваат мнозинство во Собранието, за в.д. претседател е избран Ванчо Шехтански. Распишан е конкурс за претседател, односно финансиер на ФК Вардар. Пријавена е само една фирма од Малта, во следните 4 години ветува вложувања во ФК Вардар 6,3 милиони евра!

За секој случај сум забележил и: На 14. март 2008 година клубот е на 3. место на табелата, има склучено професионални договори со 25 фудбалери, се стипендираат и 10 надежни фудбалери. Клубот располага со соблекувална и тренерска канцаларија и економат под Јужната трибина на Градскиот стадион, под Северната(источна) трибина користи две соблакувални, тренерска соба и економат, за тренинг има на располагање два помошни терени од кои еден под рефлектори! Клубот е без долгови кон фудбалерите, тренерите и работната заедница, подмирени се сите казни за жолти и црвени картони. Финансиерот Слободан Вујчиќ-Брацо редовно ги сервисираше своите парични обврски, го исплати и договореното обештетување на Борче Ристевски за да го добие, покрај финансирањето и управувањето со клубот!

На 7. јуни 2008 формиран е нов состав на Собранието, 15 членови има Трифун Костовски а по 7 членови имаат Јордан Камчев и навивачите. За претседател е избран Трифун Костовски, извршена е нова промена на статутот, ги нема веќе ветераните, работната заедница, во новото собрание “исчезнаа“ Борче Ристевски и Слободан Вујчиќ-Брацо! Што се случи со нив? Одговорот го знаат само Борче Ристевски и Јордан Камчев!

Се разбира правниот застапник на Слободан Вујчиќ-Брацо, адвокатот Емил Османов, изарчи килограми хартија пишувајки тужби во името на нелегитимно сменетите претседатели Драган Живковиќ и Атанас Костовски. По секоја поднесена тужба во Македонски спорт (Орце Камчев) се редеа клевети и невистина, па “дементот“ го барав по судски пат. Ми се лутеа пријатели што ја прифатив најблагата варијанта, можете да прочитате, подобро тоа отколу предметите да застареат.

И големиот пријател на спортот, потврдениот финансиер во македонскиот спорт, воопшто во нашето севкупно живеење, Трифун Костовски не издржа долго. Во Централниот регистар нови претседателски имиња Милован Мајсторовиќ, Бојан Захариев, Драги Сетинов. Со нив ФК Вардар наместо да бори за шампионската титула, се поблиску е Втората лига!

При крајот на 2010 година, конечно адвокатот Емил Османов соопшти дека правдата е бавна, но еден ден се ќе излезе на виделина!

Основниот суд Скопје 2 – Скопје како првостепен парничен суд преку судијата Тања Камчева како претседател на советот, со судиите поротници Парушка Георгиевска и Весна Стефановска, како членови на советот, постапувајќи по правната работа на тужителот ДПТУ Спорт- СВ и Атанас Костовски од Скопје, против тужениот ФК Вардар, за поништување на одлука, односно го признава правото на 26-те делегати на Спорт СВ и се утврдува ништавност на сите решенија на Собранието на клубот од 14. март 2008 година и сите потоа донесени. Од 25. октоври ФК Вардар е известен дека одлуката е извршна, значи Собранието се враќа кај финансиерот, а во Централниот регистар повторно е запошан Атанас Костовски за претседател на клубот!

За две години што се случи со ФК Вардар и како се затекнува клубот. Читајте внимателно:

Екипата е на 11. место, и претстои борба за опстанок и бараж! Во клубот има само 7 професионални фудбалери, ниту еден стипендист! Првотимците тренираат во Ѓорче Петров, се користи соблекувалната на Северна трибина само за натпревари, младинците користат некоја просторија под истата трибина, нема вода! Неисплатени казни за црвени и жолти картони! Најпрвин требаше да се исплатаат казните по одлука на дисциплинската комисија на ФФМ (153.750,оо) и за непочитување на дисциплинските одлуку во висина од 2.500 евра. Допрва арбитражната комисија требаше да пресуди за долговите кон фудбалерите и тренерите…

СЕ ДОГОВОРЕНО СО ХАЏИЕВСКИ ДА ГО ВОДИ КЛУБОТ НИЗ ВТОРА ЛИГА И ДА ИЗГРАДИ СИЛЕН КОЛЕКТИВ, НО…

Иако екипата имаше и зимски подготови во Макарска, по многумина и солиден состав, но крајот на пролетната сезона беше поразителен – ФК Вардар го загуби прволигашкиот статус, и за првпат ќе игра меѓу македонските второлигаши! Многумина беа разочарани, финансиерот Слободан Вујчиќ-Брацо веќе мислеше на новиот Вардар. Сигурен сега покрај финансирањето дека и ќе управува со клубот, не губеше време. Со вардаровиот трофеен тренер и еден од најдобрите македонски фудбалски стручнаци Ѓоко Хаџиевски се договорија да почнат од почеток! Низ натпреварите во второлигашката конкуренција да селектира тим (со фудбалери од Македонија и странство) кој секогаш ќе се бори за двојната титула во мак-фудбалот и долго да игра на европската сцена! Си подадовме рака, лично за мене Ѓоко секогаш беше бр.1 за селектор или тренер на Вардар.

Но, споменатата судска одлука со кое ФК Вардар се враќа на состојбата од 14. март 2008 годиа ја обжалува СД Мондијал од Скопје преку адвокатот Сашо Тасевски. На 2. јуни е закажана првата расправа, но претставникот на СД Мондијал и адвокатот Сашо Тасевски не се појавуваат во судницата. Судијката Тања Камчева ја презакажува расправата за 30. јуни 2011 година, иако, рече, зачудена е зошто тие што бараат правда не дојдоа во судницата. СД Мондијал се појави како колективен член на Собранието (Б. Ристевски, Ј. Камчев).

На 5. јуни 2011, веќе прочитавте, се одржаа Парламентарни избори по кои се остана по старо! На 13. јуни 2011 година, вон судска расправа, судијката носи три одлуки:

Ја отповикува веќе закажаната расправа за 30. јуни 2011 година,
Ја прифаќа улогата на замешувачот во спорот (СД Мондијал) во спорот со ФК Вардар,
Ја поништува првосилноста на одлуката за враќање на состојба од 15. март 2008 година.
14. јуни 2011 година – Во Централниот регистар на РМ е впишана промената, Милован Мајсторовиќ е избран за в.д. претседател. 15 јуни 2001 одржано е Собрание на ФК Вардар, за претседател е избран Зоран Шишковски, раководител на одделението за спорт на град Скопје. Официјално значи Град Скопје го презема управувањето и финансирањето на ФК Вардар.

17. јуни 2011 година – Во Центарлниот регистар на РМ за претседател на ФК Вардар е впишан Зоран Шишковски.

ОПЕРАЦИЈАТА „ВАРДАР – МИРАВЦИ“

21. јуни 2011 година – Одржано е основачко собрание на ФК Вардар 2011 (Здружение на граѓани од Скопје, седиште Илинденска бб-оштина Центар)- Претседател: Николче Златевски, Основачи: Катица Божијанова, Розе Сталевска, Ивица Сековски, Дејан Андриевски.

21. јуни 2011 – Основачко собрание на ФК Миравци 2011 (Здружение на граѓани од с. Миравци, седиште с. Миравци, општина Гевгелија. За претседател е избран Васил Штерјов, основачи се Славчо Минчев, Славчо Панајотов, Митко Димитров, Лазар Николов.

22. јуни 2011 година – Во централниот регистар на РМ нови впишувања, ФК Вардар 2011 претседател Николче Златевски. Истиот ден е впишан и клубот Миравци 2011 со претседател Васил Штерјов. ФК Вардар 2011 и ФК Миравци 2011 (клубови на хартија) донесувааат акт за спојување, се формира ФК Вардар 1947 со седиште на Илинденска бб, претседател Зоран Шишковски.

Операцијата за спојување завршува и новиот клуб ФК Вардар 1947 ќе игра во Првата лига наместо ФК Миравци! Убаво е да се знае кои се имињата кои на некој начин „аминуваа“ за операцијата Миравци-Вардар. Потсетување, во тоа време претседател на РМ беше Ѓорѓе Иванов, Премиер – Никола Груевски, Министер за правда – Михајло Маневски, претседател на Врховен суд – Јово Вангеловски, градоначалник на Скопје – Коце Трајановски, претседател на Фудбалската федерација на Македонија – Харалампие Хаџи-Ристески.

Сега прочитајте внимателно што пишуваше во тогаш актуелен правилник за натпреварување на ФФМ. Членот 61 гласи: „Спојување на клубови се врши на заедничка Конференција на заинтересираните клубови кои претходно на одделни Конференции се изјасниле за спојување. Спојувањето на клубовите може да се изврши најдоцна триесеет денови пред почетокот на натпреварувачката година. Спојување на клубовите може да се врши само на клубови од иста општина и во град Скопје на клубови од скопските општини, во исклучителни случаеви кои се во интерес на фудбалот, врз основа на поднесено барање до УО за фузија, Управниот одбор може да одлучи“.

На 23. јуни 2011 година Миравци стана општина во градот Скопје!!!!!???

Одлуката за спојување прецизира (член 3)- ФК Вардар 1947 го задржува правото на натпреварување на досегашниот клуб Миравци во Првата македонска фудбалска лига и ги превзема неговите права и обврски за што се задолжуваат претседателите на клубовите што се спојуваат да склучат спогодба. Потоа (член 4) ФК Вардар 1947 го признава и потврдува правниот и спортскиот континуитет на ФК Миравци 1951 како субјект со традиција од 1951 гпдина. Се задолжува претседателот на ФК Миравци 1951 да склучи договор со Вардар 1947 во кој ќе се регулираат правата и обврските.

– 27. јуни 2011 година – Централниот регистар на РМ го впишува ФК Вардар 1947 со 10 сопственици, претседател Зоран Шишковски.

– 30 јуни 2011 година – Денот кога судијката Тања Камчева требаше да отвори расправа за тужбата на СД Мундијал, во Централниот регистар на РМ (документ (30120110045276) со пречистен текст на Статутот на клубот од 29 јуни 2011 се впишува: Целосен назив на субјектот на упис гласи: Фудбалски клуб Вардар Скопје, кратко име ФК Вардар Скопје.

Редам само факти, да не се заборави како некогаш се решаваа проблемите во нашата држава.

Така ФК Вардар беше „киднапиран“ во само еден ден со три судски рочишта, и оптоварен понатака со вечната „опашка“ – Миравци!

Прелистувајки ги овие хартии што останале за „спомен и долго сеќавање“ доаѓам и до едно писмо што сум сакал а не сум го испратил до Претседателот на Врховниот суд на Македонија. Потсетувајќи за незаконското преземање на ФК Вардар сакав да прашам:

„Дали во нашето правосудство се применува законот за сите подеднакво, а доколку се применува, дали може судија во Основен суд сам да си поништи и преиначи решение (одлука) на која има право на жалба до повисок суд? Респектирајки ја Вашата стручност и професионалност се надевам дека ќе ми дадете одговор на ова мое прашање, со што би ја остранил во себе дилемата за функционирање на законите во судските постапки. Ова пред се затоа што поранешниот финансиер на ФК Вардар, странски државјанин, го нема стекнато своето право на заштита на својот вложен капитал и неговиот акционерски влог и права во новиот ФК Вардар.“

Тоа меѓу другото сум го запишал на 10. јуни 2012, година по молкот на неколкуте тужби што ги поднесе адвокатот Емил Османов.

Ќе останат како сведоштва и извинувањата од Орце Камчев и Ванчо Шехтанси по бројните извречени лаги, навреди и клевети, кои беа изнудине по судските постапки против нив. Ми се лутеа пријатели што ја прифатив најблагата варијанта да минат само со извинувања, но подобро тоа отколку предметите да застареат. Колку јавноста да знае за лагите и клеветите кои беа изнесувани во минатото против Слободан Брацо Вујчиќ и мене како претседател во тој период.

Како и да е, минаа годините, па на 20. јануари 2014 година Град Скопје го „продава“ ФК Вардар на рускиот стопанственик, Сергеј Самсоненко. Потоа, се е познато…, а епилогот е познат деновиве.

13 јуни 2021 – десет години по трите судски одлуки, ФК Вардар повторно е второлигаш! На грешките се учиме. Да, ФК Вардар сите го сакаат, но малкумина сакаат вистински да му помогнат!

Потсетувајќи на најинересните моменти од игрите околу ФК Вардар во изминатите две децении, само едно би препорачал – што помалку политика, толку подобро за некогаш најквалитетниот и најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Деновиве ме запраша еден афирмиран скопски бизнисмен, зарем нема во градот барем десеттина што можат да бидат акционери на ФК Вардар?

Веројатно има. Верувам дека градоначалникот на Град Скопје, Петар Шилегов нема да постапи како неговиот претходник Коце Трајановски.

Денеска ФК Вардар е второлигаш и бездомник! Имаше дури и помошно игралиште со рефлектори за ноќни тренинзи, денеска освен името, нема ништо, освен, се разбира, милионски долгови.

Но, за нашиот некогашниот фудбалски миленик, надежта последна умира!

loading...

AnimeFreak Watch anime online, English anime online HD. Sentou Yousei Shoujo Tasukete! Mave-chan (Dub) Episode Full

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD. Watch Return of Pero Episode Full

ANIMEFLIX Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Detective Conan OVA 01: Conan vs. Kid vs. Yaiba (https://animeflix.nl/m/NDVl) Episode Full

KissAnime Wishlistr: https://www.wishlistr.com/profile/kissanimemx