Ние го имаме и понатаму Заев кој го реши 30 годишниот проблем со Грција, иако реално тој проблем е стар со векови…
Ист е проблемот и со Бугарија и тој е стар 30 години но реално е стар со векови…
Баш за тие работи се водеше и балканска војна, втората…
Но во Бугарија го нема Ципрас. Треба тактика треба знаење треба воља за да решиш тежок билатерален историски проблем.
Не е тоа плукни залепи. Бојко сепак не е Ципрас. За жал. Повеќе е како некој дибек кој мисли дека може да сруши се пред себе како некој носорог.
Се понаша како слон во продавница за кристал а треба да денса како циркуски изведувач на јаже под кое има крокодили.
Сосема спротивна тактика одбраа Бугарите и со тоа ја раскинаа папочната врвца која и онака висеше на конец.
Грците никогаш не тврдеа дека ни се браќа и затоа нивното вето во 2008-ма не болеше толку како ова Бугарското, они тврдат дека ни се браќа, а кон нас се однесуваат како душмани. Сами себе се матираа.
Заев каков што го дал господ, до крај ќе се обидува да издејствува решение, човекот е малте не маченик, дисциплиниран државник спремен да трпи тешки удари само за доброто на земјата, но тоа е сето џабе ако Бојко не се освести и не се обиде да најде решение кое ќе ги задоволи двете страни. Ако се сака, такво решение секогаш е можно, треба инвентивност, храброст, воља, умешност…