ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
СПАСОВСКИ: Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички
СПАСОВСКИ: Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички
БРАВО - Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови
БРАВО - Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови
ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод
ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод

ЕДНО Е ПОЛУПИСМЕН СПОРТСКИ КОМЕНТАТОР ВО НАПАД НА ЕУФОРИЈА ДА ТВРДИ ДЕКА СМЕ ЈА ОПИСМЕНИЛЕ ЕВРОПА, ДРУГО Е ТОА ДА Е ДРЖАВНА ПОЛИТИКА ЗА ПЕРЕЊЕ МОЗОК НА НАРОДНИ МАСИ ЗА ПОЗАДИ ГРБ ДА СЕ ПЉАЧКААТ НАРОДНИТЕ ПАРИ

Едно време Србите велеа во 90-тите дека се небески народ и први почнале да јадат со виљушка, па дури тоа беше и ставено во култниот филм ЛЕПА СЕЛА ЛЕПО ГОРЕ со ликот кој имаше надимак Виљушка, си носеше околу врат јаже со закачена виљушка и тој мит за Србите како небески народ го раскажуваше на сите странски репортери.

Линк до таа легендарна сцена, овде.

Баш во тие 90-ти кога Србите за себе раскажуваа дека се небески народ, на спортски план беа први речиси во секој спорт, со Црвена Звезда станаа светски фудбалски шампиони, баш во тој период во НБА царуваа Владе Дивац и Стојаковиќ, во Реал Мадрид, Јувентус и Милан дар мар правеа Савичевиќ, Југовиќ, Мијатовиќ и редица други врвни фудбалери и сето тоа придонесе за дрогирање на Србите кои паднаа во невиден занес….

И што се случи потоа од тој занес сите знаеме, крв до колена на цел балкан, Србија потоа ги изгуби сите свои територии во Хрватска, Косово за малце се спасија и во Босна…

И ние во Груевизмот патевме од таков занес, тврдевме дека сме некакви МАКЕДОНОИДИ демек прва бела раса од која настанал човекот, потоа се тврдеше за некаков Камен од Розета, некаква ЗЕТА империја пред 400 000 години кога уште човекот бил мајмун?!?!?!

Секакви будалаштини имаше во Груевизмот со тоа се переше умот на Македонците, се креваше митот за ГОЦЕВАТА РАСА надмоќна од сите, додека народот се убедуваше да јаде корења но елитата купуваше плацеви на Водно а партијата се вдоми во луксузен бел дворец и стана најбогата партија во Европа.

Сега е поинаку. Едно е полуписмен спортски коментатор кој цел живот го поминал пратејќи со очи топка како се тркала по зелена ливада во еуфорија да тврди дека сме ја описмениле Европа, отколку тоа да биде државна политика со која власта ќе сака да го замајува народот за позади грб да го краде. Замислете колку е тоа апсурдно тврдење, континентот на Да Винчи, Микеланџело, Ниче, Гете, Шекспир, Амадеус, Виктор Иго, Бетовен, итн итн, ние сме ја описмениле сироти за греота Македонци кои едвај благодарение на сплет на околности некако сме успеале да не ја доживееме судбината на Курдите и последни ама барем успеавме да создадеме држава дури 1945-та… Да не беше трагично ќе беше смешно, но спортските коментатори се плиткии и полуписмени, инаку да не беа такви ќе беа некакви научници, инженери а не платени врекала кои урлаат за тоа како се тркала бела топка по зелена трева…

Многу е битно светот да не цени и респектира. За тоа треба да сме скромни и реални. Не треба да летаме во облаците за светот да ни се смее како што ни се смеат за Скопје 2014-та… Лесно е да си шарлатан, но тешко на држава во која шарлатаните се мнозинство…

loading...

AnimeDao seven deadly sins animedao: Watch Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 2

ANIMEFLIX animeflix dragon ball super: Watch Dr. Stone Episode 17