Многу ми е мило кога поранешни премиери со својата тежина кредибилитет врски углед и сериозност ќе се ангажираат да и помогнат на земјата. Заличуваме на сериозна држава.
Во САД тоа редовно се случува, екс претседателите Картер, Обама, Буш, Клинтон цело време се вклучени во хуманитарни и миротворни акции и операции користејќи ја својата слава кредибилитет врски знаење итн итн…
Бучко и Љубчо можеа да си седат на страна и да си уживаат во својот мирен политички пензионерски живот терајќи си ги своите сегашни нови професии, на бизнисмени и професори, но тие решија да се вратат назад во жижата и пак да бидат пцуени, колнети, па дури добија и закани по живот.
Убаво е чувството кога некој ќе се жртвува за земјата без никаква корист да има за себе, некако татковски, државнички е тоа, затоа што за да не биде ќе треба сите да се ангажираме не само тие што се на власт туку и ние што сме посматрачи, што помалку сеирџии а што повеќе луѓе кои ќе влезат во калта и ќе фатат да гураат тоа колата да се одглави веќе еднаш, дури тогаш ќе не биде.
Уште еднаш големо фала до Бучки и Бубе, браво за вашиот ангажман, народот тоа многу ќе го цени кога прашината ќе спласне и ќе се види кој помагал а кој одмагал да бидеме таму каде што треба да бидеме за доброто на земјата и народот!