Злосторствата врз Украинскиот народ што ги прави руската војска се варварски.
Ќе дојде ден кога некој иден руски претседател ќе клечи пред Украинците и ќе бара прошка за Русија и рускиот народ како што тоа го направи за Германија и Германците канцеларот Вили Брант во 1971-ва година во Полска.
Тогаш за време на посетата на Полска сосема надвор од протокол при посета на еден споменик на жртвите од нацизмот, германсккот канцелар спонтано клекнал на колена и ги изненадил новинарите и домаќините.
Таа фотка е легендарна и симбол за повоена Германија и многу помогна светот да му прости на германскиот народ за сите злодела на нацистите.
Ќе треба нешто слично од некој иден руски претседател затоа што Русите епски се избрукаа, историски во Украина, својот имиџ го расипаа трајно, вечно, многу извинувања ќе треба да се направат за овие злодела за ова злосторство за ова варварство врз Украина и Укриаинците.