ДИК: Досега гласале 10.653 лица кои се болни или во затвор кои по правило гласаат 1 ден пред денот на гласање
ДИК: Досега гласале 10.653 лица кои се болни или во затвор кои по правило гласаат 1 ден пред денот на гласање
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВМРО ДПМНЕ: УАПСЕН КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДЕЛЧЕВО, НУДЕЛ ПО 50е ЗА ГЛАС!
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВМРО ДПМНЕ: УАПСЕН КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДЕЛЧЕВО, НУДЕЛ ПО 50е ЗА ГЛАС!
И ЗА ОВИЕ СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА СЕ ВМРОВЦИ: Кривична пријава против две лица од Кочани за "повреда на слободата на определување на гласачите"
И ЗА ОВИЕ СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА СЕ ВМРОВЦИ: Кривична пријава против две лица од Кочани за "повреда на слободата на определување на гласачите"
(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИЦКОВСКИ ФАТЕН КАКО КРШИ ИЗБОРЕН МОЛК, ОВА Е КРИВИЧНО ДЕЛО ЗА ШТО КАЗНАТА Е 3 ГОДИНИ ЗАТВОР!
(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИЦКОВСКИ ФАТЕН КАКО КРШИ ИЗБОРЕН МОЛК, ОВА Е КРИВИЧНО ДЕЛО ЗА ШТО КАЗНАТА Е 3 ГОДИНИ ЗАТВОР!
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори
ОВАА ВЛАСТ НЕМА МИЛОСТ КОН НИКОГО, ЗАКОНИТЕ ВАЖАТ ЗА СИТЕ: Осумдневен притвор заради закани кон кандидатот на ВМРО за градоначалник во Прилеп
ОВАА ВЛАСТ НЕМА МИЛОСТ КОН НИКОГО, ЗАКОНИТЕ ВАЖАТ ЗА СИТЕ: Осумдневен притвор заради закани кон кандидатот на ВМРО за градоначалник во Прилеп

ЛАГИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ ЗА ЗАЕДНИЧКОТО МИНАТО СО БУГАРИЈА

Не сме и ние Македонците невини во влошените односи со соседна Бугарија, има теми на кои нашите историчари тотално ја промашиле темата, веројатно по наредба на шефовите на КПЈ и УДБА од страв да не забега Македонија кон соседна Бугарија и со тоа да Македонија да не влезе во СССР со кој Југаславија била во тешка студена војна по крајот на втората светска војна.

Од каде да се почне со лагите на нашите историчари? Јас како лаик се разбира, само ги гледам фактите и поставувам прашања и носам очигледни логични констатации кои можат и малите деца да ги увидат.

Ајде да почнеме на пример со Разловечкото востание во Беровско. Нашите историчари велат дека тоа било Македонско локално востание на некои селани од некое село Разловци, но ова е далеки од логиката и од вистината пред се. Востанието се кренало во мај 1876-та, баш во исто време кога се кренало големото т.н априлско востание во Бугарија кое траело два месеца, од април до мај 1876-та година и се одвивало на целата територија на Бугарија од Варна па се до Охрид, ова се податоци на светските историчари, не мои констатации и по тоа востание и начинот на кој било задушено од Турците, пред се големите злостори против цивилното население во цела Бугарија, светот реагирал жестоко па дури почнала и Руско Турската војна следната година баш со цел Русија да помогне да се ослободат Србија, Црна Гора, Романија и пред се Бугарија и тоа и се случило во 1978-ма година каде со договорот од Сан Стефано, Бугарија станала автономија во рамките на Турција, додека Србија, Црна Гора, Романија станале независни држави и добиле малце поголема територија на сметка на албанците кои задоцниле со својата организација и пред се најголемиот лузер Турција.

Значи смешно е да се тврди дека Разловечкото востание било локално македонско востание кога се кренало во ист момент со големото априлско востание на цела територија на Бугарија кое траело два месеца и кое било толку силно и важно што прдизвикало војна меѓу моќните Русија и Турција!

Смешно е да се тврди дека тамо некои селани од село Разловци сами се кренале на востание за да прават држава во село Разловци, Беровско?! Вистината е сосема логична, востанието во Разловци било дел од големото априлско востание на територија на Цела Бугарија и во неа било и селото Разловци. Како уште еден интересен момент, употребата на Црешовото Топче било хит во ова востание и токму тогаш во април и мај 1876-та светот дознал за таа интересна инвенција на Бугарите, топ од дива цреша кој по 4 испалувања самиот се разнесувал, не било тоа инвенција на нашите од Крушево 1903-та, тие само ја копирале таа идеја измислена 27 години порано.

Втора голема лага на нашите историчари е дека со договорот од Сан Стефано ние сме биле губитници, кога вистината е дека конечно по 500 години Македонија се ослободила од турското ропство и тоа со помош на наши востаници како во Разловци и други села во земјава кои заедно со цела Бугарија заедно се кренала во тоа априлско востание 1876-та година, значи две години пред договорот од Сан Стефано, настани кои се тесно поврзани, затоа што Сан Стефано бил мировен договор по поразот на Турција од Русија во војната која уследила по крвавото адушување на турците на априлското востание две години претходно. Причината зошто договорот од Сан Стефано не траел долго туку само неколку месеци е стравот на Британија и Германија дека Русите преку Бугарија ќе имаат пристап до Средоземно море затоа што таа Сан Стефанска Бугарија се простирала од Варна и Бургас па се до Охрид и Солун како клучно пристаниште на Средоземно Море на Балканот. И затоа бргу се случил Берлинскиот Конгрес истата таа 1878-ма година на кој Бугарија ја изгубила Македонија која им била вратена на Турците?!?!

Трета голема лага на нашите историчари е дека нема што ВМРО да биде Бугарска организација кога се борела за Македонија а не за Бугарија?!?! Епа во 1903-та, Бугарија веќе била ослободена од турското ропство, со конгресите во Сан Стефано и во Берлин 1878-ма, Бугарија и Македонија заедно биле ослободени но потоа за неколку месеци Македонија се враќа на Турција поради стравот на Британија и Германија дека Русија преку Солун ќе завладее со Балканот и ќе биде многу голема опасност за Европа преку пристапот на Средоземно Море преку Солун. Затоа 1903-та, Бугарија го крева востанието во Македонија со цел и Македонија да се ослободи од Турците и потоа да биде или автономија или па да се припои кон другите ослободени бугарски територии. И баш заради тоа востанието и пропаднало, не доболо западна поддршка затоа што западот се плашел дека баш преку една ослободена Македонија, Русите преку таа Македонија ќе станат големи играчи во Европа и затоа западот дозволил Турците крваво да го задушат илинденското востание. Ова нашите историчари го кријат цело време.

Исто така би можеле да кажеме и дека 4-та голема лага на нашите историчари е и темата за Македонизмот. Баш поради стравот на западот дека Македонија ќе биде споена со Бугарија и така ќе стане руска база на Балканот, Бугарија полека дозволила да се ствара Македонизмот како нов идентитет со цел Македонија да се прикаже во светот како своја независна територија за да така и се дозволи конечно да се ослободи од Турците без страв дека тоа ќе значи нова победа на Русите на балканот. Затоа Бугарите полека дозволуваат да се појавуваат дејци кои се охрабриле да го креираат Македонизмот како нов идентитет на Балканот, пред се тука се мисли на Крсте Петков Мисирков и останати дејци. Со други зборови, индиректно поради стравот на Британија и Германија од Русите, се створил македонизмот како посебен идентитет на балканот, иако за несреќа па поради тој страв, наместо да се ослободиме од Турците уште 1878-ма ние сме ги чекале балканските војни па да го направиме тоа како дел од кралството на Србите и Хрватите по поразот на Бугарија во втората балканска војна.

Исто така голема лага што веројатно многу ги нервира Бугарите е преставувањето на втората светска војна како бугарска окупација на Македонија, кога реалноста е сосема поинаква, голем дел од македонските градови и села со големи симпатии гледале на ослободувањето од кралството Југославија кое правело многу зулуми и убиства низ македонските села и градови во годините на српска окупација на Вардарска Македонија. Реалноста е дека партизанското движење многу задоцнило во земјава баш поради тие симпатии на голем дел од населението кон Бугарија и сметале дека оваа територија конечно припаднала таму каде што треба по неправдата од Берлинскиот Конгрес од 1878 ма година кога бил укинат договорот од Сан Стефано и Македонија била вратена на Турците.

Исто така македонските историчари ја кријат улогата на Бугарската војска во ослободувањето на Македонија од Германците по превратот на комунистите во Бугарија, тогаш Бугарските војски се приклучиле на партизаните и заедно со единици на црвената армија помогнале Германците да се поразат на територијата на Југославија.

Исто така една од најголемите лаги е староста на МПЦ и тоа дека Охридската Архиепископија била македонска црква, кога реалноста вели дека на Света Гора нема македонски манастир, има Српски, Руски, Бугарски ама нема македонски, што значи дека нашата МПЦ е млада и нова црква и како таква треба да ја гледаме и да не и даваме значење и тежина каква реално не заслужува, доволно е што сме ја покренале пред 100-тина години и тоа е сосема доволно.

Токму овие грешки и лаги би требало да се поправат со работата на историските комисии, но сепак Бугарија мора да ја признае сегашноста и правото на национална определба на Македонците, македонскиот јазик и македонскиот идентитет се реалност без разлика на околностите и настаните кои го поттикнале или помогнале тој процес на национално дефинирање.

Се надевам дека Бугарија нема да направи историска грешка и да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ, тоа ќе нанесе големи тешки последици на пријателството меѓу двете братски земји двата братски народа!

Саше Ивановски Политико
Мактел.мк

loading...

https://animefreak.ws anime online

KissAnime: Planetarian: Hoshi no Hito anime episode Full online free at https://kissanime.mx kissanime2

Maquia: When the Promised Flower Blooms (https://gogoanime.be/m/M6YZ) Episode Full

Website https://animeflv.uk: Watch The Big O (Dub) animeflv Episode 26 english anime

Cults3d: https://cults3d.com/en/users/animefreakws

Topsitenet: https://topsitenet.com/profile/animeflixnl/607089/