ДУИ: Села и Таравари стојат зад насилството и оцрнување на жените Албанки на вчерашните протести
ДУИ: Села и Таравари стојат зад насилството и оцрнување на жените Албанки на вчерашните протести
ЛУЃЕ ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ, СПАСЕТЕ СЕ - Денеска се починати 41 лице – меѓу нив 18 и 23 годишни!!!
ЛУЃЕ ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ, СПАСЕТЕ СЕ - Денеска се починати 41 лице – меѓу нив 18 и 23 годишни!!!
ЗА СИТЕ ВЕРНИЦИ АНТИВАКСЕРИ ШТО МИСЛАТ ДЕКА ГОСПОД ЌЕ ГИ СПАСИ: ЕВЕ ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА ЗА ЛЕКАРИТЕ И МЕДИЦИНАТА
ЗА СИТЕ ВЕРНИЦИ АНТИВАКСЕРИ ШТО МИСЛАТ ДЕКА ГОСПОД ЌЕ ГИ СПАСИ: ЕВЕ ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА ЗА ЛЕКАРИТЕ И МЕДИЦИНАТА
(ВИДЕО) ГОВОРНИЧКА НА ПРОТЕСТОТ НА АНТИВАКСЕРИТЕ: ОВИЕ ОД ТЕРАСИТЕ ШТО НЕ ГЛЕДААТ НЕ МИСЛАТ ДЕКА СМЕ ЛУДАЦИ, НИЕ НЕ СМЕ ПРОТИВ ВАКЦИНИТЕ, НИЕ СМЕ ПРОТИВ ВЛАСТА?!?!
(ВИДЕО) ГОВОРНИЧКА НА ПРОТЕСТОТ НА АНТИВАКСЕРИТЕ: ОВИЕ ОД ТЕРАСИТЕ ШТО НЕ ГЛЕДААТ НЕ МИСЛАТ ДЕКА СМЕ ЛУДАЦИ, НИЕ НЕ СМЕ ПРОТИВ ВАКЦИНИТЕ, НИЕ СМЕ ПРОТИВ ВЛАСТА?!?!
(ВИДЕО) РАЗДОР ВО ДЕСНИЦАТА - АНТИВАКСЕРИТЕ МУ СЕ НАЛУТИЈА НА ВЛАДИКАТА ПЕТАР!
(ВИДЕО) РАЗДОР ВО ДЕСНИЦАТА - АНТИВАКСЕРИТЕ МУ СЕ НАЛУТИЈА НА ВЛАДИКАТА ПЕТАР!
ОД БИХАЧКА РАСПАЛИЈА СО ТЕШКА МУНИНИЦИЈА ПО ВМРОВЦИТЕ: Со рушењето на галијата се чистат остатоците од ѓубрето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје
ОД БИХАЧКА РАСПАЛИЈА СО ТЕШКА МУНИНИЦИЈА ПО ВМРОВЦИТЕ: Со рушењето на галијата се чистат остатоците од ѓубрето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје
ШОКАНТНА КОЛУМНА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАНУ, КОЦАРЕВ: АМЕРИКА ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ, ЕУ НЕ НИ ТРЕБА, ДОГОВОРИТЕ ОД ПРЕСПА И СО БУГАРИЈА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРААТ БАЛКАНОТ, ДА ЈА ПРОДОЛЖИМЕ ПОЛИТИКАТА НА ТИТО СО НЕВРЗАНИТЕ?!?!?!
ШОКАНТНА КОЛУМНА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАНУ, КОЦАРЕВ: АМЕРИКА ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ, ЕУ НЕ НИ ТРЕБА, ДОГОВОРИТЕ ОД ПРЕСПА И СО БУГАРИЈА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРААТ БАЛКАНОТ, ДА ЈА ПРОДОЛЖИМЕ ПОЛИТИКАТА НА ТИТО СО НЕВРЗАНИТЕ?!?!?!
СДСМ ГО УДРИ ВМРО МЕЃУ РОГОВИ: Николов да каже какво здравство ќе имавме за 600 милиони евра колку што е Скопје 2014
СДСМ ГО УДРИ ВМРО МЕЃУ РОГОВИ: Николов да каже какво здравство ќе имавме за 600 милиони евра колку што е Скопје 2014

Легендарниот Таско му пиша отворено писмо на Бојко Борисов

За веќе споменатиот меморандум, што Вие почитуван премиере веројатно сте го потпишале, познатиот хрватски славист и македонист, универзитетскиот професор во Риека, Горан Калоѓера, ќе прокоментира: „Со таков ‘најблизок’ сосед, Вие никогаш нема да влезете во ЕУ“! Не, ваков сосед, почитуван Господине, никој не посакува.

Почитуван премиере,

Благодaрам ако пронајдете еден мал тајмаут од Вашето драгоцено време за да ги прочитате овие редови. Во деновите кога многумина и кај нас и кај Вас зборуваат и пишуваат за писанието на бугарската влада, чиј прв човек сте Вие, со наслов „Објаснувачки меморандум за односите на Република Северна Македонија во контекст на проширувањето на ЕУ и процесот на асоцијација и стабилизација“, би сакал и јас да ја отворам својата „архива“ пред Вас.

И како што е ред, најпрвин да Ви се претставам. По книгата на родените – Атанасије Боривоје Костиќ, по црковните книги – Атанаско Костов, во личната карта – Атанас Борисов Костовски. Роден сум во Пехчево, од другата страна е Симитли, кога Вие, почитуван господине, се родивте, јас веќе имав 21 година. Моите симпатии кон Вас се зголемија во моментот кога во овие ковидски денови ја слушате “Чао корона“ на македонците Александар и Дац.

Топовскиот удар на Панајотов
Пред 63 години, две години пред да се родите, беше втората половина на снежниот февруари во 1957 година, го слушав преносот на Радио Софија од квалификацискиот натпревар на Купот на европските шампиони меѓу ЦСКА и белградска Црвена Звезда. Победи ЦСКА со 2:1, но натпреварите ги продолжи екипата за која навивав Црвена Звезда поради победата во првиот натпревар од 3:1. Но тој натпревар засекогаш го запаметив, тој ја определи всушност мојата професија. Не го запамтив името на извонредниот репортер, но неговите зборови „Топовски удар на Пајанотов км врата на Червена звезда, Беара лети как самолет и ја прилепа топката на градите как поштенска марка“ беа повод да го засакам спортското репортерство. Имаше многу фудбалски мајстори на двете страни – Панајотов, Колев, Миланов, Најденов кај ЦСКА, Митиќ, Шекуларац, Станковиќ, Костиќ, Беара кај белграѓаните. Според репортерот, гледачите беа воодушевени на стадионот “Васил Левски“. Десет години подоцна, беше 12 ноември 1967 година, од овој стадион ја коментирав средбата меѓу репрезентациите на Бугарија и Шведска на македонски јазик за целокупната територија на Југославија. Мојот мајчин јазик, македонскиот, покрај српско-хрватскиот и словенечкиот, беше официјален службен јазик на СФРЈ. Го немаше Панајотов, но сега тука е Георги Аспарухов, кој беше стрелец на третиот гол за Бугарија кој ја порази силната репрезентација на Шведска со 3:0. Тука го запознав драгиот ми колега од Бугарската телевизија, Николај Колев, познат како Мичман, благодарение на него го збогатив своето знаење за репрезентацијата на селекторот, доктор Стефан Бошков. Две години подоцна во Скопје бев добар домаќин на колегите на Бугарската телевизија Колев и Неделчев, кои ги коментираа натпреварите од Светското хокејарско првенство на Ц групата, на кое учествуваше и репрезентацијата на Бугарија.

Кога пристигнаа во мојот дом, ги пречека плачливиот глас на мојот 16-месечен син. Како се вика наследникот, ме праша Мичман. Бојан, му велам. Красиво блгарско име, додава мојот драг гостин. Да, и македонско, но тоа е убаво име дури и за Словенците, знаеш ли, скап пријателе, дека и најпознатиот југословенски музички диригент се вика Бојан, тоа е Словенецот Бојан Адамич?

Тука, почитуван Господине, заврши нашата дискусија. Навреме почувствувавме што тоа сакал да каже Гоце Делчев! Се разбравме, никогаш повеќе со Колев немавме никакви недоразбирања, другарувавме долго, последен пат нешто подолго кога во Лос Анѓелес 1994 година навивавме низ своите директни преноси, тој на бугарски, јас на македонски јазик, за Христо Стоичков и другарите да стигнат барем до бронзениот медал на Светското фудбалско првенство. Многупати следевме во странство исти настани и морам да признам дека се однесуваве типично балкански!

За веќе споменатиот меморандум, што Вие почитуван претседателе веројатно сте го потпишале, познатиот хрватски славист и македонист, универзитетскиот професор во Риека, Горан Калоѓера, ќе прокоментира – „Со таков ‘најблизок’ сосед, Вие никогаш нема да влезете во ЕУ“! Не, ваков сосед, почитуван Господине, никој не посакува. Уште како мал мојот дедо комита ми велеше дека кога главата ќе те заболи, апче ќе побараш кај првиот сосед, потоа кај брата си или роднините! Инаку, кога го веќе споменав дедо ми, се викаше Андон Атанасов и беше еден од најблиските соработници на Гоце Делчев и Јане Сандански, еден од оние што беа во придружбата на Мис Стон. Од неговиот „турски пасапорт“, издаден на 22 февруари 1908 година, се гледа колку пати патувал од Пехчево до Софија и назад. Четири пати, последниот премин е регистриран на 7 септември 1909 година, на преминот Црна Скала. Дедо ми учествувал во балканските војни, стигнува дури и до Одрине, носител е на два ордена за храброст. Заедно со сестра му Маца беа носители и на Илинденска споменица. По завршување на војните, Андон Атанасов со семејството, кое било засолнето во Ќустендил и Софија, се враќа во Пехчево. Татковми Борис се родил 1909 година, во Ќустендил, од нив двајцата, г. претседателе, никогаш не слушнав дека биле Блгари. Повторувам, никогаш од нив двајцата не чув дека биле Блгари, како што ги паметам оние зборови на радио репортерот од натпреварот ЦСКА – Црвена звезда, така засекогаш останаа меморирани во мојата „архива“ зборовите на дедо ми Андон со Павле Шатев, во дворот на вујко ми Стојан, кој служеше дури 6 години војска, три во бугарската и исто толку во југословенската војска, и во двете како Македонец!

Во ноември 1945 година, во Пехчево престојуваше делегација на владата на Народна Република Македонија, меѓу нив и министерот за правда Павел Шатев. По пристигнувањето во Пехчево се распрашал Павле дали е жив неговиот другар Андон, вујкото Стојан беше телохранител на министрите Павле Шатев и Љупчо Арсов (министер за комунални работи) и аберот брзо стигна до дедо ми Андон. Тогаш имав седум години, почитуван претседателе, останува таа средба во вечен незаборав, ете и по 75 години тоа како да беше вчера.

Гледам како долго се гледаат старите другари, ги шират рацете, се прегрнуваат, јас пак останав „гушнат“ меѓу нив. Е, мој Андоне, му вели Павле на дедо ми, ние не успеавме, ама овие младите го остварија нашиот сон. Твојот внук ќе учи на македонски јазик и држава најпосле ќе имаме!

Моето најголемо и единствено орудие

Господине премиере, еве и јас како поединец, Ви се заблагодарувам што први и по 1992 година, тогаш како Република, а сега Северна, нè признавте и ни давате силна поддршка на нашиот пат кон ЕУ. Но, господине премиере, знаете, со моето најголемо и единствено орудие со кое се разликував и од моите пријатели и колеги Колев и Никитовиќ, со мајчиниот македонски јазик, јас со нив бев рамноправен и во Лондон, во Лос Анѓелес, Мексико, Буенос Аирес, во Рим, Париз, Мадрид, во Белград и Софија. Знаете, Вашето среќно на нашиот пат кон ЕУ, јас сега го чувствувам без основното погонско гориво. Јас секогаш сум ги почитувал спортистите, тие сеедно кои се и од каде се, се пробни пилоти на нашите човекови можности. И Вас, како (некогаш) квалитетен каратист, сигурно Ве краси главната карактеристика на спортистите – ферплејот. Верувам дека Вие лично така не мислите, можеби „многу“ учените ваши соработници ви подметнале да потпишете: „цели 80 години Скопје молчеше за десетици убиени Бугари и над 100.000 уапсени од 1944 година“. Требале барем малку добро да пресметаат, ги придодале дури и годините кога јас бев Костиќ и Костов. Со првото презиме бев ептен мал, не се сеќавам, ама како Костов е и третиот настан од „архивата“ на мојата меморија што сакам да Ви го раскажам. Се правев многу важен меѓу другарчињата во улицата, па татко ми го носи името на царот Борис! Сите значајни вести ги слушавме по звукот на барабанчето. Така, еден ден по удирањата на барабанчето, слушаме дека сите пехчевци треба да дадат по нешто од домашните прехранбени производи за војската на нашите ослободители. Итрата тетка Тена нè собра сите деца од маалото, брат ми Здравко, нејзините Ристо, Олга, Манчо и уште пет други наши врсници. Не седна пред прагот од куќата, а кога ја извадија прасицата од кочината, почна да плаче и да ги крши прстите. – Леле, леле, како ли ќе ги прехранам овие мои деца, аман луѓе, смилувајте се… Ја врзаа прасицата да ја однесат, ама глеј чудо, почувствував како да ми ги галат образите рацете на страшниот чичко, чиишто зборови не ги разбирав. Ја врати прасицата на тетка Тена и продолжија со звукот на баранбанчето по другите куќи од маалото. Германец беше тоа, ги запамтив зборовите на тетка ми, веројтно таму некаде во Дрезден, Берлин или Минхен оставил свој син на ваква возраст како мојата…

Искрено, почитуван премиере, посакувам да бидете вистински Германец од мојата најрана младост. Инаку, верувајте ми, јас и натаму, кога ќе имам прилика, ќе пишувам и зборувам со љубов и за Панајотов, Аспарухов, Стоичков, Стевка Костадинова, Петар Попангелов, Григор Димитров… Како што тоа го правев, и ќе го правам, и за Бојан Крижај, Рајко Митиќ, Мирослав Церар, Дражен Петровиќ, Новак Ѓоковиќ. А, да, почитуван претседателе, не го спомнав големиот другар и пријател на дедо ми, нашиот и вашиот Гоце Делчев. Ќе ви речам, 1976 година година во времето на големиот Тито, во едно интервју бев прашан за историска личност, без размислување одговорив – Гоце Делчев. Изгледа сум згрешил, гледам и Вие Бугарите цврсто сте го прегрнале во своите раце, има ли решение, одговор на ова прашање, господине претсдателе? Сигурно има, сега кога нашиот претседател, верувам Вашиот добар пријател Зоран Заев, ќе ви дојде на посета, испијте кафе и најдете решение. Колку што знам, само еден единствен човек на планетата земја рекол дека „светот го разбира единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“. Да, тоа е балканскиот Гоце Делчев, да, тој очигледно му припаѓа на целиот свет, не само на Македонците и Бугарите. Зарем не, почитуван господине претседателе.? Впрочем како името Бојан, убавото име за Македонците, Бугарите, Словенците…

Со почит,

Атанас Костовски, пензиониран спортски ТВ-коментатор

loading...

AniWatch Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

AnimeTV Watch anime online, English anime online HD

AnimeFreak Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Website https://animeflix.nl: Watch Texhnolyze animeflix Episode 22 dubbed anime

Bit: https://bit.ly/3x6cyd2

Catchafire: https://www.catchafire.org/profiles/1642841/