(ВИДЕО) БОЈКОТИРАМ СЕ ИСПОТЕПАА НА СТРИМ НА ТЕМА ПРАВА ЗА ЛГБТ ЗАЕДНИЦА
(ВИДЕО) БОЈКОТИРАМ СЕ ИСПОТЕПАА НА СТРИМ НА ТЕМА ПРАВА ЗА ЛГБТ ЗАЕДНИЦА
(ВИДЕО) ДАРКО ПАНЧЕВ СИ ДОБИ СВОЈА ЕМИСИЈА НА ИНТЕРНЕТ
(ВИДЕО) ДАРКО ПАНЧЕВ СИ ДОБИ СВОЈА ЕМИСИЈА НА ИНТЕРНЕТ
Пандев: Срцето ми е полно, ова е мојот максимум и не можам повеќе!
Пандев: Срцето ми е полно, ова е мојот максимум и не можам повеќе!
И Македонија забрани прелети на авиони од Белорусија, изненадувачки тоа го направи и Србија
И Македонија забрани прелети на авиони од Белорусија, изненадувачки тоа го направи и Србија
ТЕУТА АРИФИ: 200 возразни лица во Тетово ќе завршат средно образование
ТЕУТА АРИФИ: 200 возразни лица во Тетово ќе завршат средно образование
(ВИДЕО) Дваесет најдобри гитаристи на сите времиња
(ВИДЕО) Дваесет најдобри гитаристи на сите времиња
(ВИДЕО) ИГОР ЏАМБАЗОВ ПРВ СТАНАР ВО РЕЗИДЕНЦИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР КОСМОС!
(ВИДЕО) ИГОР ЏАМБАЗОВ ПРВ СТАНАР ВО РЕЗИДЕНЦИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР КОСМОС!
Нови 1.500 метри водоводна мрежа во општина Ѓорче Петров!
Нови 1.500 метри водоводна мрежа во општина Ѓорче Петров!

ВИЦЕ ПРЕМИЕРОТ НИКОЛОВСКИ ПРАВИ ГОЛЕМА ГРЕШКА – ЛИДИЈА ДИМОВА Е ЖРТВА НА ПОЛИТИЧКИ ЛИНЧ И ЈАВНА ХИСТЕРИЧНА ХАЈКА КОЈА Е НЕОПРАВДАНА!

Љупче Николовски направи грешка според мое мислење. Исплашен дека хистеријата и линчот кон Димова ќе се одрази врз рејтингот на владата и на СДСМ, Љупче побрза да ја фрли Димова на кучињата или под автобус што би рекле Американците. Не почека да види како ќе се одвива аферата и не и даде време на Димова да се брани, што не е фер. Со ова мое мислење се согласува и уредникот на СДК, Горан Михајловски, кој што во својата најнова колумна вели:

“Баш е забавно да се прават шеги на сметка на магариња. И на тие што продаваат магарешко млеко од 50 до 100 евра за литар им е смешно дека таму некаде во Македонија некој голем сезнајко лови корупција со правење вицови. И фризерница убаво се лепи за наслов. Иако, не знам зошто фризер би било професија за мајтап кога и фризерите си одат во Германија, исто како лекарите и сестрите. Сите занаетчии избегаа. Само ние паметните и вицкастите од социјалните мрежи ќе останеме тука.

Баш ми е гајле за Лидија Димова, директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ниту ја знам, ниту ја познавам. Дури и ме изнервира оти за новинарски текст веднаш се закани со тужби. Башка, и со арогантниот настап непримерен за јавен службеник чија работа е постојано под надзор и отчет пред јавноста. Ама, кога веќе се отвори муабетот дали парите за проекти одобрени од Брисел ги добиле вистинските луѓе и како се потрошени, фино ќе беше власта да почекаше што ќе открие формалната истрага. А не вицепремиерот Љупчо Николовски да бара оставка од Димова или да предлага нејзино разрешување само врз основа на фејсбук статуси. Па тие вмровските тролови можат и за него сешто да изнапишат. Тогаш ќе треба Заев и од него да бара оставка само врз основа на тоа што некој пишувал на фејсбук и на твитер.

Љупчо е вицепремиер задолжен за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и за човечки ресурси, ама изгледа малку повеќе се внесе во функцијата. Па стана и истражител и обвинител и судија. Утврдувањето на одговорноста треба да дојде врз основа на истрага, а не да биде политичка одлука заснована само на новинарски текстови и завидливи коментари и зафрканции на социјални мрежи. Јас барем така ја сфаќам суштината на мултидисциплинарната функција на Љупчо.

Брисел не бара од Владата да ја разреши директорката. Брисел бара да се утврдат фактите. Не е работа на вицепремиерот тој да кажува кој е корумпиран. Негова работа е да ги менува практиките за да нема корупција.”

Микс на неповрзани процеси лошо се одразија врз чесната, вредна и храбра Лидија Димова, а тоа се
– НЕЖНИ НОВИНАРИ кои не трпат некој малце да ги нападне мислат дека се заштитени бели мечки кои никој не смее ни погрешно да ги погледне,
– специфичен начин на кој оваа влада делува медиски и ПР -аровски, имено оваа влада никого од своите не ги брани, туку ги остава сами да се борат со кучињата од ВМРО ДПМНЕ и ако видат дека не се бранат доволно добро ги пуштаат да бидат изедени
– желба на дел од јавноста некој да загине од СДСМ па макар бил и невин, лутината кон СДСМ за икс причини се вентилира со жртвување на ДАЈ КОГО БИЛО
– авангардноста и личниот стил на Лидија Димова, чудните фризури и друг стајлинг со кој обичниот народ мисли дека Димова е различна од обичниот народ па поради тоа нешто со неа не е во ред?!?!
– демократијата како систем кој дозволува хистерија и паника која не е управувана од никој центар и ако не се браниш организирано и јако ќе изгубиш во таа мрдиска и хистерија на социјалните мрежи

Лидија Димова е една од ретките активисти во НВО секторот кој реши да се вклучи во шарената револуција и рушењето на режимот за што трпеше серија на лични последици, закани па и физички напади, јавен и медиски линч итн итн… Штета е што оваа влада дозволува овие херои да загинат дури и кога режимот е срушен ама сеуште прета и со црната пропаганда со лажни вести успева да се одмазди врз првенците на битката за слобода и напредок.

Лидија Димова сепак ќе си го спаси образот и ќе остане ценета и кредибилна способна жена ценета во НВО секторот сигурен сум во тоа иако можеби ќе ја изгуби својата позиција, но за луѓе како неа, функциите се само минлива категорија, лесно ќе најде таа нов ангажман затоа што е способна храбра и чесна.

loading...

GoGoAnime fairy tail gogoanime: Watch My Hero Academia 2 (Dub) Episode 1 (https://gogoanime.be/m/W9EA/ep-1)

ANIMEFLIX animeflix free: Redo of Healer (https://animeflix.nl/m/deo5) Episode 12