ПОРТАЛОТ ФАКТОР КОЈ ВАЖИ ЗА ОМИЛЕН НА ОГЛАСУВАЧИТЕ ТРГНА ВО ЛИНЧ И ЗАМОЛЧУВАЊЕ НА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ
ПОРТАЛОТ ФАКТОР КОЈ ВАЖИ ЗА ОМИЛЕН НА ОГЛАСУВАЧИТЕ ТРГНА ВО ЛИНЧ И ЗАМОЛЧУВАЊЕ НА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ
(ВИДЕО) Е ОВА Е СТРАШНО: СО НОВАТА КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНОЛОГИЈА, МОЖЕ ДА СЕ КРЕИРА ЛАЖНО ВИДЕО СО ЛИКОТ И ГЛАСОТ НА ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ
(ВИДЕО) Е ОВА Е СТРАШНО: СО НОВАТА КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНОЛОГИЈА, МОЖЕ ДА СЕ КРЕИРА ЛАЖНО ВИДЕО СО ЛИКОТ И ГЛАСОТ НА ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ
МИЛЕВСКИ: Интересот за самостоен настап на членовите на ЛДП е голем. Досега потврдивме 52 советнички листи низ државата.
МИЛЕВСКИ: Интересот за самостоен настап на членовите на ЛДП е голем. Досега потврдивме 52 советнички листи низ државата.
И ОВОЈ САКА ДРЖАВА ДА ВОДИ - МИЦКОВСКИ ПЛАЧЕ ОД БОЛНИЦА, КАКО ДЕТЕ ИНФАНТИЛНО РАЗГАЛЕНО: ГЛАВАТА МИ ПУКА, МОЖНО Е ДА УМРАМ, АМА АКО ПРЕЖИВЕАМ ИМА ДА СЕ ОДМАЗДАМ НА СИТЕ!
И ОВОЈ САКА ДРЖАВА ДА ВОДИ - МИЦКОВСКИ ПЛАЧЕ ОД БОЛНИЦА, КАКО ДЕТЕ ИНФАНТИЛНО РАЗГАЛЕНО: ГЛАВАТА МИ ПУКА, МОЖНО Е ДА УМРАМ, АМА АКО ПРЕЖИВЕАМ ИМА ДА СЕ ОДМАЗДАМ НА СИТЕ!
ГЕНИЈАЛЕН ПОТЕГ НА ЗАЕВ, МИЦКОВСКИ НЕМА ДЕН ДА НЕ БИДЕ МЕНТАЛНО ИЗРЕМЕТЕН, ПОЧНУВА ЖАЛ ДА МЕ ФАЌА ЗА ТАТИНОТО СИНЧЕ ОД ВЛАЕ
ГЕНИЈАЛЕН ПОТЕГ НА ЗАЕВ, МИЦКОВСКИ НЕМА ДЕН ДА НЕ БИДЕ МЕНТАЛНО ИЗРЕМЕТЕН, ПОЧНУВА ЖАЛ ДА МЕ ФАЌА ЗА ТАТИНОТО СИНЧЕ ОД ВЛАЕ
(ВИДЕО) КАКОВ ГАФ НА МИЦКОВСКИ, ОВОЈ Е ФИНАНСИСКИ НЕПИСМЕН, МИСЛИ ДЕКА ВО ЕДНО ЕВРО ИМА 100 ФЕНИНЗИ НАМЕСТО 100 ЕВРО ЦЕНТИ?!?!
(ВИДЕО) КАКОВ ГАФ НА МИЦКОВСКИ, ОВОЈ Е ФИНАНСИСКИ НЕПИСМЕН, МИСЛИ ДЕКА ВО ЕДНО ЕВРО ИМА 100 ФЕНИНЗИ НАМЕСТО 100 ЕВРО ЦЕНТИ?!?!
Филипче: Вакцинација со „Спутник В“ ќе почне в среда, вакцините ќе пристигнат утре
Филипче: Вакцинација со „Спутник В“ ќе почне в среда, вакцините ќе пристигнат утре
И ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА БУДИСТИТЕ, ДАЛАЈ ЛАМА СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ОД КОВИД ВО ИНДИЈА
И ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА БУДИСТИТЕ, ДАЛАЈ ЛАМА СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ОД КОВИД ВО ИНДИЈА

МИЦКОВСКИ, ЌЕ ТИ КАЖАМ 8 ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОИ НАРОДОТ ОДБИВА ДА ЗАСТАНЕ СО ТЕБЕ И ДА ТИ ПОМОГНЕ ДА ГО СРУШИШ ЗАЕВ!

Мицковски денеска го повика народот, од сите политички ориентации, да се обединат со него и да му помогнат Заев да биде симнат од власт.

Како причина за тоа тој го наведе проблемот со Бугарија и пандемијата со Корона.

Сакам да му кажам најмалку 10 причини поради кои народот одбива да му се приклучи.

1. ВМРО ДПМНЕ продолжува политички да му се обраќа на народот како да е без 8-мо одделение, замислувајќи го народот како некакви неписмени земјоделци кои во животот не искочиле од своето село каде маките и проблемите им го сопреле интелектуалниот развој и политичкиот поглед им е како на мало дете. Па така ВМРО ДПМНЕ за пандемијата го обвинува Венко Филипче иако то што убива е вирусот, и тој убива секаде, Венко се бори дење ноќе да спаси што повеќе животи, народот знае дека Венко е херој а не убиец!

2. ВМРО ДПМНЕ за проблемот со Бугарија го обвинува Заев?!?! Како побогу е Заев крив за лудилото во Софија?! Ќе беше крив ако они не бараа нешто туку он бараше нешто од нив, да речеме ако Заев од Бугарите бараше да признаат дека се татари или марсовцим, но обратно е, ние ништо не бараме од нив, како сме ние криви што они нас не понижуваат а ние не ги прифативме нивните барања? Народот гледа мисли со главата и знае дека Заев не само што не е крив за проблемот со Бугарија, туку е и херој, наместо предавник како што го правевте, тој застана зад црвените линии и не попушти и затоа имаме вето! Мицковски продолжува да ја потценува интелигенцијата на народот!

3. Народот ги знае сите добри и сите слаби страни и на Заев и на Мицковски. Народот во овој момент во Мицковски не гледа подобар премиер од Заев и тука ВМРО ДПМНЕ не треба да му се лути на народот. Се што Заев направи до сега и добро и лошо, Мицковски не понуди подобро решение. Така беше со Грција, така е сега со Бугарија така е за пандемијата, Мицковски не нуди решенија и предлози, он само критикува и шири паника и лажни вести. Да видеше народот подобри решенија и предлози, ќе застанеше со Мицковски и ќе почнеше процес за рушење на Заев.

4. Заев владее доста ок за македонски услови и ова потсвесно го знаат и најголемите хејтери на Заев. Нема афери, нема скандали, нема ароганција, нема забеганост, нема диктатура, нема зла намера, нема криминал, сите ПОСАКУВАНИ АФЕРИ се распукаа како меур од сапуница, ништо што ВМРО ДПМНЕ посакуваше да биде голем скандал и голема афера се покажа како лажна вест или што би рекле американците НАТИНГБУРГЕР, односно ситници за кои ВМРО ДПМНЕ креваше голема прашина. Едноставно Заев владее доста скромно, фокусирано, домаќински, демократски, трпи критики, нема страв во државата, релаксиран е човекот, дозволува пола од медиумите да го плукаат навредуваат критикуваат, тој не се одмаздува, не тужи медиуми, не тужи новинари, не тужи политичари, односно со исклучок на 1-2 примери за овие 4 власт што повеќе е исклучок отколку правило… И ова народот го гледа и има интелигенција и ум и решава да му даде уште време и уште шанси на Заев да покаже што умее и што може за да се исполни ветеното кога се правеше превратот на Груевски.

5. За тоа што народот одбива да му се приклучи на Мицковски е крив самиот Мицковски. Тој кокетираше со оној дел од јавноста кој сметаше дека договорот од ПРЕСПА е предавство и сега тој дел од јавноста бара од него јасно и гласно ветување дека договорот ќе биде поништен ако тој дојде на власт, а тој одбива да го вети тоа затоа што е свесен дека тоа е лудост, дека нема шанси земјата да се изнесе од НАТО, тоа ќе биде поразително за земјата а и самиот е свесен дека договорот од ПРЕСПА е прилично ок договор, го одбранивме идентитетот кој сега пак го браниме со Бугарија.

6. Мицковски е самиот крив што народот не застанува зад него затоа што тој продолжува ВМРО ДПМНЕ да ја гради како партија на македонците и дури и Македонија понатаму ја гледа на земја на македонците, едноставно не подаде доволно силно рака кон малцинствата и другите народи во земјава, и затоа тие народи и понатаму се со Заев во коалиција и одбиваат да застанат со него на протести, зошто да работат против своите интереси? Заев им ветува едно општество за сите, Мицко им ветува МАКЕДОЊА НА МАКЕДОНЦИТЕ?!?!

7. Мицковски е крив што неутралните не застануваат зад него затоа што тој својот мандат како лидер на ВМРО ДПМНЕ го потроши во одбрана на разни мафијаши кои го задолжиле (КАМЧЕЕВ), одбрана на поранешните криминални функционери на ВМРО ДПМНЕ од СЈО, одбрана на лудаците и насилниците од 27-ми април, едноставно тој не се ни потруди да го ребрендира ВМРО ДПМНЕ за да привлече нови гласачи и нови симпатизери, туку само продолжи онаму каде што застана Груевски и тераше точно по иста траекторија не се ни обиде да скршне од таа политичка патека и сега се чуди кога позади него се само окорели ВМРОВЦИ а народот го нема никаде?!?!

8. Харизмата. Медиумите. Визијата. Овие трите се клучни за еден лидер да се наметне на политичката сцена. Мицко има харизма како конзерва со сардина од 25 денара, напиша пред некој ден големиот Сашо Ордановски. И ја не би додал повеќе на оваа легендарна изјава на Ордановски. Со медиумите се однесува исто како Грујо, си има свои медиуми каде редовно дреме, на критичките медиуми или не оди или се кара со нив или плаче кога ќе се постави тешко прашање, со тоа и нас новинарите не иритира а штом ние ќе замразиме некој политичар, неговите денови се одбројани. А пак што се однесува за неговата политичка визија, таа едноставно ја нема, Мицковски мисли дека ќе стане премиер без такво нешто, тоа го нема ниту во Африка, камо ли во Европа и земја која сепак има зад себе 30 години демократија.

Така што да заклучам, Мицковски е како студент што се лути што паднал на испитна сесија а не седнал да го згрее столчето. Тоа што позади него нема народ на протестите е последица на тоа што тој како лидер на ВМРО ДПМНЕ не си ја сработи домашната задача, не покажа визија, харизма, однос со јавност и со медиму, одбра погрешни стратегии и тактики и резултатот е тој што го гледаме. Наместо да го моли и критикува народот, најдобро е да си се врати на машински. ВМРО ДПМНЕ, дајте друго дете!

Саше Ивановски, уредник на Мактел.мк

loading...

Watch Haikyuu!!: To the Top Episode 7 (https://funimationfree.com/m/5OA9/ep-7) at Funimation funimation xbox

Watch Xie Wang Zhui Qi Zhi Yishi Qingcheng Episode 1 (https://crunchyrollfree.com/m/r6QM/ep-1) at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll premium trial