Два дена се зафркаваме со скапаната крнтија на Рашковски, невидена галама се крева на темата.
А пред неколку дена екс шефот на ДБК мртов ладен пријавува имот од 11 милиона евра а пази, хотел Мериот кој вреди едно 30 милиона евра можеби и повеќе, не се разбирам во хотели, иако зградата е импозантна и е ДЕ ФАКТО на плоштадот на главниот град, кој знае колку вреди само земјиштето плус градба плус мебел плус профити секоја година…
И никој не проверува од кај му овој имот на екс држвен чиновник, цајкан?!?! Колкава да била таа плата на Мијалков, тој за 10 години ќе можел да собере пари само за таа вратата што се врти во круг на влезот на хотелот, ништо повеќе и евентуално еден листер што висат низ хотелот безброј.
И никој не отвора за тоа постапка, заплена на имот ова она, сите се заебаваме со кршот на сиротиот Рашковски?! Па добро дали сме ние нормални како општество како медиуми како судство обвинителство институции све комплет?!?!
Не сме, ја мислам дека не сме, а би требало да сме нормални…
Очигледно е дека некој сака да ја збунува јавноста, да го дефокусира јавното мнение, да фрла магла со вакви патки и медиумите се фаќаат како кленови…
Штета што самата шефица на агенција за борба против корупција како да е дел од таа местенка, сакам да мислам дека жената е со добри намери но и нејзе некој ја манипулира.