Многу ме загрижи прилогот на новинарите од 360 степени во кој се откриваат многу проблеми во ланецот на лечење на болните од Корона, значи од матичен лекар – тестирање – ковид центар, има многу тесни грла и недостатоци.
Би сакал да упатам апел до другарот Венко Филипче да остане буден до крај на кризава и да реагира бргу по ваквите аларми и лично да оди на терен и да проба да ги исправи работите.
Го повикувам да оди да направи рација по сите ковид центри и инфективни одделенија и да не им верува на директорите кои го известуваат дека е се во ред, лично да оди да се увери дали пациентите имаат добра грижа од персоналот, лично да ги праша пациентите дали некој им дал вода дали им дале храна дали е се во ред!
Друже Венко, ти си лицето на оваа криза, во тебе веруваме цела година, те молам некој да не разочараш, не им веруваме на разните директори, тебе ти веруваме, ти ни одговараш на нас како јавност, те молам погрижи се, најди начин, да им се помогне на нашите граѓани.
Обезбеди повеќе тестови, повеќе лаборатории, приватните тестирања да ги покрие фондот, ако нема доволно персонал позајми од приватните, направи мобилизација на медицински воени лица, дај дупли плати на перосналот, на брз конкурс вработи уште 1000 хонорарни лица да помагаат по болниците, ајде Венко друже те молам направи се што можеш да му помогнеш на народот.
И направи истрага види дали овие обвинувања од прилозите на новинарите се точни, најми агенција за обезбедување да помага пред болниците каде се прават редици за да има некаков ред народот да не се тепа меѓу себе и да нема влегување преку ред, не смееме да кренеме раце да кажеме јбг многу се болни и нема што да направиме, тоа државата не смее да го каже и да се предаде.
Ајде друже Венко, досега беше херој, остани така до крај, немој да се опушташ, издржи до крај, биди концентриран, фокусиран, ангажиран и одговорен цело време се додека не заврши кризата!