Она што го прават Бојко, Захариева и Каракачанов е поддржано од 90% од народот, медиумите, политичарите, интелектуалците…
Да има околу 10 до 15% кои се против, но тоа е премалку.
Нашата најголема грешка е што игравме на картата дека Бугарите како народ како општество се зрели напредни Европејци, кој луд можеше да претпостави дека во 2020-година ќе се расправаме за тоа дали нашиот јазик постои и дали нашиот идентитет постои. Ова не фати сите на препад!
Кој можеше да поверува дека Бугарите ќе ја злоупотребат ЕУ за да ги лечат своите историски фрустрации, своите влажни соништа за Сан Стефанска Бугарија од Черното Море до Охрид, за тоа дали биле или не биле фашисти во втората светска војна…
Ние мислевме дека Бугарија одамна расчистила со овие детски глупости и дека е одговорна балканска регионална сила членка на НАТО, членка на ЕУ со одговорност со озбилност до братска должност, респект, добрина, емпатија кон нас…
Сето тоа да ти било наш сон, наша утопија?! Бугарите да ти биле заостаната зачмаена балканска ментална вукојебина и жабокречина и што можеш да очекуваш од таква една нездрава држава и општество?!?! Они ниту имаат мерка, ниту имаат дипломатски однос, ниту имаат сенс за што овде збориме, се понашаат како пијан полицаец со пиштол на свадба пукаат во плафонот, а во салата деца жени старци сите бегаат да спасат жива глава од куршумите кои се одбиваат и зујат на сите страни…
Дури и ЕУ е шокирана од ваквата Бугарија. Со ова се руши целиот концепт на ЕУ, целата таа идеја, духот на ЕУ замина во неповрат, бугарите се насраа на сето тоа и го фрлија во полско вц да го јадат црви.
Сега ќе мора да чекаме Бугарите да созреат како што ги чекавме Србите и Албанците 30 години да созреат и да престанат со нивните крвави сонови за големи Србии и Албании, сега е на ред Бугарите да ги молиме да пораснат. Ебан ебан проклет балкан!!!
А се можеше да биде поинаку. Утврдуваме дека имаме заедничка историја, заеднички херои, дека сме братски народи, дека ќе си помагаме, дека ќе се поврземе со патишта и гасоводи, дека си постоиме и се респектираме, тоа можеше да роди многу љубов братска, можеше да бидеме пак нераздвојни братски народи кои си помагаат и делат иста судбина, но не, простаци, тиквари, ропаци недозреани, клапаци утепани од господа, браќа Бугари идете во мајчина ви!