Денеска поставив до душа малце подолго прашање до премиерот, до душа тоа беше и порано поставувано и на други министри и може сум малце досаден со тоа прашање, но сепак ме изненади одлуката на портпаролот прашањето да не се прочита на денешниот прес?!?!
Со тоа прес службата самата си решава кои прашања се подобни а кои не се подобни, со што се прави еден вид на цензура врз медиумите?!?!
Премиере, сигурен сум дека ти ова не го знаеш затоа ти укажувам да реагираш до твоите помошници да не го прават ова пак, сите прашања треба да се читаат без разлика дали се кратки, долги, глупи, критички или пофални, оставете го тоа на нас новинарите, не сте вие тие што треба да одлучите кои прашања се подобни а кои не се подобни.
Се надевам овој однос на прес службата кон нас новинарите нема да стане правило и нема да се доведеме во позиција да имаме чувства за владата кои се измешани и збунувачки…
ОБНОВЕНО: Од прес службата ми се извинија и ветија дека ќе се постави прашањето на следната прес конференција на премиерот, наводно сега немало време. Го прифатив извинувањето и објаснувањето, да се надеваме дека ќе се овозможи сите прашања да допрат до премиерот во иднина.