Биљана Ивановска и комисијата за борба против корупција е сто пати подобра од сите досегашни вакви тела за борба против корупцијата.
Но во последно време оваа жена прави почетнички грешки, делува хистерично, како да решила да ја руши владата?!
Нејзината последна реакција беше траги комична. Сите се радуваме за победата над Италија а таа како со ладен туш ја сврте темата и сега 3 дена сите зборуваме за авионските карти на Фатиме и Тупанчевски?!
Зошто таа или нејзините асистенти пред вака да се истрчаат со сериозни обвинувања, не контактирале со кабинетите на Тупанчевски и Фатиме или лично со засегнатите и веднаш ќе била решена дилемата кој како патувал и тогаш ако има нешто спорно Ивановска да ја известела јавноста и тогаш сите ќе ја пофалевме, ова сега е хајка и црна пропаганда протиив владата, се прашувам зошто?!?!
Дали Ивановска се залетала по функции и моќ, дали некој и шепнал дека може да биде идната Вилма РУсковска или идната Радмила Шеќеринска, или идната шефица на МВР можеби?! Некој да не ја проверил на анкети па и рекол дека може да биде на многу поголема функција па жената се потресла и добила его трип лудило?! Или ова е само моја параноја после големите разочарувања од Катица Јанева и слични?!
Не знам во што е работата, можеби оваа жена по природа е таква брзоплета и хистерична, но што и да е, е непрофесионално и делува комично, вака да се истрчува и да клевети, како да е опозициски политичар а не шефица на сериозна институција која треба 10 пати да мери а еднаш да сече а не да мава со тоа сабјата и да летаат глави на сите страни, и криви и недужни?!?!
И кога сме на темата, зошто анти корупциска молчи за партиските вработувања на вмровските градоначалници за кои бруи јавноста со денови?!?!
Значи да се разбереме, не велам владините функционери да не се чепкаат и да им се тресеме како да се кралеви, напротив, треба да им ги тресеме сите постапки и одлуки и набавки, но велам дека треба пред да се обвини некој макар и со јавна дилема, прво малце од малце да се проверат фактите, пред да се некој масакрира медиски, не може сите по автоматизам да се лопови и нечесни, тоа не е фер.