Што може да приметиме за оние кои во моментов му даваат поддршка на Путин во земјава?

Пишува Саше Иввновски Политико

Ги следам овие денови сите јавни настапи во емисии, во колумни, на социјални мрежи на сите оние коу му даваат поддршка на Путин во крвавата нечовечка дивјачка инвазија на Украина која е насочена против човештвото, против светот, дури и против Русија затоа што и Русија е жртва на Путиновото лудило. Умираат војници кои се синови, татковци, браќа…

Погодени се милиони Руси од санкциите, допрва ќе има економски последици за Русите, ќе има повеќе бездомници, повеќе гладни деца, Рубљата ќе тоне, невработеноста ќе расте во Русија, од санкциите Путин нема да пати, ќе пататат Русите, тие ќе се соочат со празни продавници и со неможност да си купат храна и да си платат сметки итн итн…

Да не зборуваме за последиците врз Украинскиот народ кој е убиван со бомби 24/7 цел месец, Украина е практично срамнета со земја и запалена…

Што може да приметиме за сите оние кои му даваат безрезервна поддршка на Путин во земјава?

Тоа се истите оние кои се и анти ваксери упорно и упорно тврдат дека вакцините се поголема закана за луѓето иако од короната починаа речиси 10 000 луѓе во земјава, а од вакцината нема ниту пријавени нус ефекти?!?!

Тоа се истите оние кои беа против Рамковниот договор кој стави крај на нашата војна во 2001-ва која остави над 300 загинати на двете страни а ако не беше сопрена на време ќе однесеше над 10 000 жртви и срушени пола градови во земјава…

Тоа се оние луѓе кои ја оправдаа кланицата во собрание па и лично влегоа на 27-ми април да кољаат во собрание…

Тоа се истите оние кои 12 години молчеа за режимот на Груевски па и лично го помагаа за што профитираа и живеаја како бубрези во лој…

Тоа се истите оние кои редовно шират омраза за ЛГБТ луѓето, за малцинствата, за муслиманите, за бегалците од Сирија, омразата за нив е гориво на кое функционираат 24/7…

Тоа се луѓе кои не прават разлика меѓу симпатии спрема Руската култура со оправдувањето убивање деца и цивили со бомби, тоа е како да кажеш дека тоа што си против нацистите и Хитлер е исто како да не ги сакаш Вагнер, Ниче, Моцарт, фројд, Брехт, Бетовен кои се продукт на германската култура во Европа и светот?!?!

Тоа се истите луѓе кои до вчера се исмеваа на тоа дека како Словени сме дошле преку Дунав со цевчиња во устата а сега се повикуваат на братството со Русите, додека Украинците некако магично не се Словени?!?!

Се повикуваат на православна врска со Русите додека во Украина кољаат и палат цркви муџахедините на Кадиров пратени и платени од братот Путин?!?!

Тоа се истите кои веруваат во ХАРП антени, 5Г светски заговор, чипување од Бил ГејЦ, пророштвото на Баба Ванѓа, кемтрејлс, ама не веруваат дека ДБК на Сашо Мијалков прислушкувала иако имаме за тоа иљадници снимки и признанија на осудени за тоа, со изговор тоа не било можно да се изведе?!

Тоа се луѓе кои паѓаат во несвест за бомбардирањето на Србија во 1999-та но молчат за 5 годишното бомбардирање од српските војски и паравојски на Сараево во Босна и Вуковар во Хрватска, кои беа срамнети со земја од 1991-ва до 1995-та беа убиени над 10 000 цвили од кои 1000 деца, само 4 години пред бомбардирањето 1999-та?

Тоа се луѓе кои паѓаат во несвест за инвазијата на САД на Ирак и Авганистан но молчат за истите такви инвазии на Русија на Авганистан и Чеченија каде се масакрирани иљадници цивилии и земјите се срушени со земја… За нив масакрот во Чеченија беше оправдан по бомбаршките напади во московското Метро ама нападот на Ирак и Авганистан не беше оправдан по нападите на Њујорк?!

Тоа се луѓе кои се пзлеа на Доналд Трамп, милијардер кој парите ги заработил со измами, криминал, даночни измами и наследство, кој цел живот плаќал курви а се омажи за спонзоруша, кој дојде на власт со помош на најголемит непријател на неговата земја, човек кој отворено даваше поддршка на КК кланот и нео фашисти во САД?!?!

Тоа се луѓе кои веруваат дека Путин се борел со нацисти во Украина, иако Зеленски е Евреин кој го изгубил своето семејство во Холокаустот и по руската инвазија над 5000 Евреи од Украина избегаа во Израел?!?!

На крајот, тоа се истите оние кои беа против договорот од Преспа со изговор дека се нарушени правата на Македонците да си изберат име на земјата, а сега даваат поддршка на воена инвазија со која се негира правото на Украинците да имаат своја држава и да одлучуваат за себе дали да бидат членка на НАТО и ЕУ без да ја прашаат за тоа и да добијат дозвола од Русија?!?!

Што е заклучокот за сите овие луѓе кои е радуваат на масакрот на Украинците? Тоа се во основа лоши луѓе, психопати, ментално нестабилни, интелектуално заостанати, прости, неписмени, забегани, монструми кои се спремни да оправдаат најгрозни кршења на човечки права, се водат од емоции на ниски страсти предизвикани од омраза, стереотипи, немање ментална душевна моќ да се бранат основни човечки принципи и да се логицира и да се носат фер заклучоци за било што, тоа е просто со еден збор базата на ВМРО ПМНЕ и Левица. Тоа се луѓе скарани со логиката, здравиот разум, достоинството, моралот, правдта, слободите, тоа се луѓе дно дна, што би рекла Хилари Клинтон, тоа се ЧОВЕЧКИОТ ШЉАМ во земјва.

game sunwin sunwin.apk mới nhất tải sunwin apk

tải sunwin

sunwin tài xỉu

sunwin game sunwin sunwin web

tải sunwin