PLUTO’S DOUBTS - OPENING ACT НА PLACEBO ВО СКОПЈЕ, 16 ЈУЛИ 2022, СТАДИОН НА АРМ!
PLUTO’S DOUBTS - OPENING ACT НА PLACEBO ВО СКОПЈЕ, 16 ЈУЛИ 2022, СТАДИОН НА АРМ!
ВЕЧЕРВА КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА “АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ - GREATEST HITS”
ВЕЧЕРВА КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА “АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ - GREATEST HITS”
WHITESNAKE И DAVID COVERDALE - ЈАВААТ НИЗ СВЕТОТ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ! Голем open air -12 јули-Стадион на АРМ -Скопје-20 часот!
WHITESNAKE И DAVID COVERDALE - ЈАВААТ НИЗ СВЕТОТ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ! Голем open air -12 јули-Стадион на АРМ -Скопје-20 часот!
ПОСЛЕ НЕЗАБОРАВНИОТ СПЕКТАКЛ НА СТАДИОНОТ НА АРМ ВО СКОПЈЕ, ОМИЛЕНИТЕ СТАРОМААЛЦИ СЕ СЕЛАТ ВО ОХРИД, НА ИЛИНДЕН, ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!
ПОСЛЕ НЕЗАБОРАВНИОТ СПЕКТАКЛ НА СТАДИОНОТ НА АРМ ВО СКОПЈЕ, ОМИЛЕНИТЕ СТАРОМААЛЦИ СЕ СЕЛАТ ВО ОХРИД, НА ИЛИНДЕН, ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!
THIEVERY CORPORATION НА БИС ВО СКОПЈЕ! 03-ти јули, Стадион на АРМ
THIEVERY CORPORATION НА БИС ВО СКОПЈЕ! 03-ти јули, Стадион на АРМ
Ковачевски на средба со коалициските партнери за францускиот предлог
Ковачевски на средба со коалициските партнери за францускиот предлог
РОКАДА ВО БУГАРСКАТА ВЛАДА: НАМЕСТО ПЕТКОВ, АСЕН ВАСИЛЕВ ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕМИЕР, ПЕТКОВ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
РОКАДА ВО БУГАРСКАТА ВЛАДА: НАМЕСТО ПЕТКОВ, АСЕН ВАСИЛЕВ ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕМИЕР, ПЕТКОВ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
Борисов: Да го финализираме францускиот предлог за Северна Македонија
Борисов: Да го финализираме францускиот предлог за Северна Македонија

Со закон треба да се забрани штрајк на вработени во јавен сектор, сега ем плаќаме даноци ем не добиваме услуга?!?!

Секогаш сум се залагал за поголеми плати и на учители и на лекари и на војници и на полицајци… Секогаш искрено сум се радувал кога ќе добијат покачување на плата… Многу мои роднини работат во јавен сектор и знам колку е тешко да се врзе крај со крај со македонските плати од јавен сектор…

Но замислете сега примерот на учителите да го следат и полицајците и да решат да не одат на работа?!?!

Замислете тоа да го направат и лекарите?! Што ќе стане во земјава, тотална анархија!

Сега нашите деца губат денови, не учат ништо ново, ова ќе остави трага врз нивниот развој, тоа што пандемијата ги изремети сега штрајкот на СОНК ќе ги дотепа…

Сметам дека треба со закон да се забрани штрајк во јавен сектор, кој не е задоволен нека дојде со нас во приватен сектор и нека работи по 15 часа дневно и делник и празник и лете и зиме без ниту еден слободен ден во годината.

Ако на некој не му се работи до усирање, и сакаат да останат во јавен сектор, тогаш нека бараат повисоки плати со протест после работа, со јавни кампањи писма итн, но не со штрајк и неработење.

Сега ем плаќаме даноци, ем не добиваме сервис за што плаќаме даноци?!?! Ем тепани ем е… испаднавме сите ние што не сме учители…

Ако веќе решат а штрајкуваат тоа нека биде по 1 час штрајк дневно, нека имаат малку осет, ова е уцена, им се нуди 10% покачување и малку им е, во време на криза кога државата не знае дали ќе успее плати воопшто да подели тие бараат повишица над 10 посто?

Почекајте да заврши војната да стиши пандемијата па тогаш барајте, имајте малку осет и за државата бе луѓе.

Ќе се борам и понатаму ќе апелирам за повисоки плати во јавен сектор но вакви уцени со киднапирање на образованието на нашите деца е пре радикален потег според мене.

За да не ми се налутат учителите и сите вработени во јавна бирократија, да си кажам дека сум против сите видови на синдикати и во приватен сектор, тоа е уцена кога вработените ги присилуваат газдите за повисоки плати преку штрајк, тоа е организиран грабеж, секој колку заслужува, вреди, работи, колку е стручен си добива плата на пазарот на трудот, секои штрајкови и синдикати прават пореметување на тој пазар на труд и ги пљачкаат газдите кои земале кредити за да ги отворат тие фабрики заложиле куќи потпишале меници ќе останат на улица ако пропаднат фирмите…

loading...

game bài go88 go88 cổng 2 mẹo chơi tài xỉu trên go88

https://sunwin.fan/