(ВИДЕО) Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија
(ВИДЕО) Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија
ЕВЕ ЗОШТО ЗАЕВ ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР УШТЕ ДОЛГО ВРЕМЕ: ВЛАСТА (СДСМ - БЕСА - ЛДП - ДОМ - ДУИ) ОСВОИ 390 000 ГЛАСОВИ НАСПРОТИ ОПОЗИЦИЈАТА (ВМРО ДПМНЕ-ГРОМ - АА) КОЈА ОСВОИ 340 000 ГЛАСОВИ НА ОВИЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ!
ЕВЕ ЗОШТО ЗАЕВ ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР УШТЕ ДОЛГО ВРЕМЕ: ВЛАСТА (СДСМ - БЕСА - ЛДП - ДОМ - ДУИ) ОСВОИ 390 000 ГЛАСОВИ НАСПРОТИ ОПОЗИЦИЈАТА (ВМРО ДПМНЕ-ГРОМ - АА) КОЈА ОСВОИ 340 000 ГЛАСОВИ НА ОВИЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ!
КОЛКУ НЕКОИ НОВИНАРИ ПОВРШНО АНАЛИЗИРААТ - ИДИОТСКА КОЛУМНА НА УРЕДНИКОТ НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ ПОЛНА СО ТЕШКИ ГЛУПОСТИ
КОЛКУ НЕКОИ НОВИНАРИ ПОВРШНО АНАЛИЗИРААТ - ИДИОТСКА КОЛУМНА НА УРЕДНИКОТ НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ ПОЛНА СО ТЕШКИ ГЛУПОСТИ
ОМРАЗАТА КОН ЗАЕВ МУ ГО ПОМРАЧИЛА УМОТ НА ГЕРО, МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ СО ГРОБОВИ, НЕ ЗНАЕ ДА СЕ ИЗРАДУВА НА УСПЕХОТ НА НЕГОВИТЕ ВМРО ДПМНЕ, ТУКУ ЦЕЛИОТ СО КЛЕТВИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ
ОМРАЗАТА КОН ЗАЕВ МУ ГО ПОМРАЧИЛА УМОТ НА ГЕРО, МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ СО ГРОБОВИ, НЕ ЗНАЕ ДА СЕ ИЗРАДУВА НА УСПЕХОТ НА НЕГОВИТЕ ВМРО ДПМНЕ, ТУКУ ЦЕЛИОТ СО КЛЕТВИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ
ПРОФЕСОРОТ НАНО РУЖИН СТАНА ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО БЕЛГРАД
ПРОФЕСОРОТ НАНО РУЖИН СТАНА ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО БЕЛГРАД
СПОРЕДЕНО СО МИНАТИЕ ИЗБОРИ ВО 2017-ТА ГОДИНА, РЕЧИСИ 230 000 ГЛАСАЧИ ОСТАНАА ДОМА НА ОВИЕ ИЗБОРИ И РЕШИЈА ДА НЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС НИКОМУ
СПОРЕДЕНО СО МИНАТИЕ ИЗБОРИ ВО 2017-ТА ГОДИНА, РЕЧИСИ 230 000 ГЛАСАЧИ ОСТАНАА ДОМА НА ОВИЕ ИЗБОРИ И РЕШИЈА ДА НЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС НИКОМУ
СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа
СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа
Кондовски кон битолчани: Вашата поддршка ми значи, одиме на голема победа!
Кондовски кон битолчани: Вашата поддршка ми значи, одиме на голема победа!

ТРИЧКО НАЦИОНАЛЕ: Имам највисок респект за тоа како Ромите се борат со предизвиците на животот. Мислам дека немаат допир ниту до 0.001 отсто од општествените ресурси

Пишува: Бранко Тричковски, легенда на мак новинарството, поранешен основач, уредник и парцијален сопственик на Утрински Весник

Старата куќа на дедо ми беше на врвот на Циганската маала во Берово. Таа населба почнуваше од левата страна на Андако, мала суводолица полна со ѓубре и отпадоци што ги чекаа големите води од кај Ратево и Сосна, со една триаголна куќа од ќерпичи: на катетите беа неколку занаетчиски работилници, а на хипотенузата живеалиште за две ромски фамилии.
Таа зграда, луѓето во неа и содржините со кои пулсираше, беа мојот прв допир со светот.

Најмногу сакав да седам во ковачницата и со рамномерно движење на држалето од големата мешина на ковачката хармоника, да “свирам” воздух директно во жарта во која се вжешуваше металот од кој потоа мајсторите правеа потковици и други предмети. Често ме караа дека многу дувам, дека им го горам ќумурот и им ја качувам температурата. Стариот Ром ќе дојдеше, ќе ми го земеше држалето и ќе речеше: Тупица (така ме викаа во Берово) полека, вака, ооооп, ооооп, а не трас, трас, јасно ли ти е, гледај во пламенот, не смее да биде црвен или жолт, туку син, не ме терај да те избркам.

Потоа со голема штипалка ги вадеа ужарените шипки и ги чукаа на големата наковална, понекогаш тоа го правеа двајца мајстори во неверојатна синхринизација, ги гледав во чудо и се плашев дека ќе се счукаат самите, но не, тие беа увежбани и работеа како часовник, едниот, па другиот и се така додека овој со штипалката не го фрлеше металот во кантата со вода, демек на ладење и на челичење. Ми беше жал и за водата и за металот зашто чврчорењето, димот и меурите ми беа знаци на поголемо мачење отколку што беше мавањето со чеканите по железото. Потоа процеурата се повторуваше: топење, чукање, ладење и така неколку пати. Металот,односно,производот што ќе излезеше по таков третман, беше траен. Подоцна кога ги гледав филмовите за самураите и за нивните мечеви, си мислев, а, бе, кај сте да дојдете во Берово да ви напрват меч, да видите што е меч.
Хахаха!

На малата катета беа потковувачите. Тука ги носеа коњите. А се сеќавам дека неколку мажи со ортоми, имаат соборено и неколку бикови. Коњите го осеќаа фатот на Ромот и лесно ја виткаа ногата. Прво им сечеа парчиња од копитата, што мене ме ужаснуваше, па им бараа точен број на потковица, па со големи шајки им ги прицврстуваа. Шајките за коњите беа тоа што се за луѓето врвките на обувките. На крајот, со клешти ги кинеа врвовите на шајките што излегуваа од надворешната страна на копитата и остатокот го свиткуваа, демек за да не може потковицата да се откове. Мислев дека тоа е големо мачење за коњите, но, не, тие со новите потковици добиваа некој параден од и изгледаа понапрчени, како кога човек ќе си купи нови обувки, така некако.

Во стамбениот дел на овој блок најмногу сакав да бидам во домот на Јашар. Мислам дека беа две простори. Вкупно, не повеќе од петнаесетина квадрати. Чекавме мајка му да ја смете влезната партија прскајки го подот со капки од натопена метла, демек за да не се крева прашина. Подот беше земјен и тоа мене ми зрачеше со некоја топлина, макар што кога се движевме боси, земјата беше студена. Сакав да седам тука или со Јашар и брат му да играме оловца, така во Берово ги викаа џамлиите. Можеби затоа што беа кугли извадени од разни лагери. Во тоа време тука се уште не беа дојдени стаклените џамлии.

Пред куќата се собиравме кога правеа сунети. Ќе ни дадеа знак кога ќе го сечат детето и ние тропавме по нискиот покрив од ламарини или по дворскиот нужник од разни метални крпеници и шперплочи, со стапови и камења, кој со што ќе дофатеше, така им го одвлекувавме вниманието на децата во критичниот момент на резнувањето. Потоа одевме да ги посетиме. Бевме љубоморни на подароците со кои беа опсипани и на иницијацијата за која говореше белата антерија што им висеше до подот. Така го штитеа болното место.
Кога се преселивме во Свети Николе, се случи така што зад зградата на банката во која живеевме, пак по течението на една мала рекичка што ја викавме Поток, први комшии ни беа неколку фамилии Роми. И јас побрзав да се спријателам со нив. И се дружевме. Јас секогаш бев кај нив, тие никогаш не дојдоа кај мене. Едно време на татко ми му стана сомнителна мојата љубов кон Ромите и ми укажа дека во градот има и други деца, не ме караше, само се плашеше да не застранам, така ми делуваше додека ми зборуваше, внимателно, тој со ниту еден збор не рече ништо лошо за Ромите, само ме праша зошто не се дружам и со другите деца.

Тогаш немав одговор, но отпосле дојдов до некои заклучоци. Јас и во Берово бев дојденец од Крива Паланка, а во Свети Николе од Берово. Никаде не чувствував надворешни проблеми и реакции по линија на припадноста, но во себе-да. Јас самиот се сметав благо хендикепиран по таа линија. Никогаш не успеав да изградам комплетна идентификација со локалното, што покасно, така ми се чини, ќе има одраз и врз моите либерални ставови и по таканаречените национални прашања. И можеби затоа се дружев со Роми, затоа што ми изгледаа или така ги чувствував, како луѓе кои на темата за територијалната припадност гледаат поинаку, односно дека беа поблиску до мојата судбина.

Кога дојдоа гимназиските времиња, го сретнав Демир, низок набиен Ром со широка вилица и рошаво лице, но неверојатно благ и добар. Свиреше тарабука по свадби и други веселби. Го викнав да ни биде тапанар во “Фантоми”, пресно основаниот вокално инструментален состав, така тогаш ги викавме групите, сите беа ВИС. Не ми се бендисуваше како свири, премногу ја тераше свадбарски, но немавме друго решение. Додека со големи маки не принаучив еден од другарите. Демир беше постар и замина да студира медицина. После разбрав дека завршил и се врабитил како лекар во Велес.
Во тоа време во Гимназијата учеше Асја, генерација и другарка на жена ми. Неверојатно убава и мила Ромка. Како Ашварија Реи беше. Татко и беше ортомар. Дебел Ром кој во саботите, кога беше пазарен ден во Свети Николе продаваше оглави, ортоми и други изработки што ги бесеше и изложуваше на специјални дрвени држачи. Неговиот секогаш беше најубавиот и најинтересен штанд, ако така може да се каже, на пазарот.

Во задниот џеб носеше дебел паричник од црна кожа, до пола внатре во џебот. Зјапавме со карамелизирани крушки во устите и мислевме дека секој момент ќе му испадне. Кога ќе продадеше некоја ортома, ќе го отвореше да ги прими парите и да врати кусур и ние гледавме во него многу пари, мислевме дека тоа е најбогатиот човек во градот и во цело Овче Поле. Јашко беше вујко на Асја. Не сум сигурен, може сум побркал некои работи. Тој играше комар во паркот, имаше неколку постојани партнери и играа покер во не мали пари.

Денеса ќерка ми во Брисел, меѓу другото, се занимава со теми за интеграцијата на Ромите, документи, регистрации и слични работи. Про боно, се разбира.
Секоја недела кај нас доаѓа една Ромка со мало дете. Жена ми и дава храна, обувки, облеки, а понекогаш и по некој денар. Неколку пати сум ја искрарал затоа што сто пати сум и рекол да не ѕвони а та ќе дојде и ќе заѕвони точно во моментот кога ме фатил првиот сон по обилниот ручек.
После ми е мака, но, се случува така и тоа е тоа.

Имам највисок респект за тоа како Ромите се борат со предизвиците на животот. Мислам дека немаат допир ниту до 0.001 отсто од општествените ресурси. Тоа мора да се промени. Радикално. Дури и таа помош што им се дава, во појдовната основа ја има доминантната култура. Ромите сами треба да решаваат дали, како и колку ќе го менуваат својот културен модел, со тоа што мораат да имаат на располагање дел од општите ресурси и да ги употребуваат во еманципаторски проекти кои ќе бидат автентични, а не наметнати или асимилаторски, најмалку пак расистички.
Среќен ден.
За многу години.

П.С.
Се си мислам дека овие спомени веќе ги имам забележано, но и ако е така, што фали да се навратиме уште еднаш.

loading...

Website https://animetv.cc: Watch No Guns Life 2nd Season animetv Episode 12 watch anime online

GoGoAnime: Qiang Shen Ji anime episode Full online free at https://gogoanime.be my hero academia heroes rising gogoanime

Watch Sengoku Night Blood Episode 12

https://animeflix.nl free anime

Hypothes: https://hypothes.is/users/gogoanimelol

Slideserve: https://www.slideserve.com/animefreakws