ШОКАНТНО АУДИО: Максим Димитриевски и неговите пајташи нудат 500 денари за глас!
ШОКАНТНО АУДИО: Максим Димитриевски и неговите пајташи нудат 500 денари за глас!
СДСМ: Институциите веднаш да постапат за да распука и овој меур со манипулации на ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ: Институциите веднаш да постапат за да распука и овој меур со манипулации на ВМРО-ДПМНЕ
МАКСО Е МАКС НЕРВОЗЕН - СДСМ Куманово: Салиевски, советник од ромската заедница е нападнат
МАКСО Е МАКС НЕРВОЗЕН - СДСМ Куманово: Салиевски, советник од ромската заедница е нападнат
ШИЛЕГОВ: ДВАТА НОВИ БУЛЕВАРИ ВО БУТЕЛ СЕ ДОКАЗ ДЕКА ОВАА ОПШТИНА НАЈБРЗО СЕ РАЗВИВАШЕ ВО ИЗМИНАТИВЕ 4 ГОДИНИ
ШИЛЕГОВ: ДВАТА НОВИ БУЛЕВАРИ ВО БУТЕЛ СЕ ДОКАЗ ДЕКА ОВАА ОПШТИНА НАЈБРЗО СЕ РАЗВИВАШЕ ВО ИЗМИНАТИВЕ 4 ГОДИНИ
УШТЕ НЕ ДОШЛЕ НА ВЛАСТ А ПОЧНАА ДА СЕАТ СТРАВ И ДА ЗАБЕГУВААТ - Ново сведоштво од Вевчани: Припадник на обезбедување на Мицкоски во локал се претставил како полицаец, барал лични карти и се заканувал по гости
УШТЕ НЕ ДОШЛЕ НА ВЛАСТ А ПОЧНАА ДА СЕАТ СТРАВ И ДА ЗАБЕГУВААТ - Ново сведоштво од Вевчани: Припадник на обезбедување на Мицкоски во локал се претставил како полицаец, барал лични карти и се заканувал по гости
(ВИДЕО) ЕФТОВ: ВТОРИОТ КРУГ НА ОВИЕ ЛОКАЛНИ СЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ТОА ДАЛИ МАФИЈАТА ЌЕ СЕ ВРАТИ ПАК НА ВЛАСТ И ПРАВДАТА ЌЕ БИДЕ ЗАКОПАНА ЗА ВЕК И ВЕКОВ!
(ВИДЕО) ЕФТОВ: ВТОРИОТ КРУГ НА ОВИЕ ЛОКАЛНИ СЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ТОА ДАЛИ МАФИЈАТА ЌЕ СЕ ВРАТИ ПАК НА ВЛАСТ И ПРАВДАТА ЌЕ БИДЕ ЗАКОПАНА ЗА ВЕК И ВЕКОВ!
(ВИДЕО) ОВА ЛИ Е ИДНИНАТА НА ЧОВЕШТВОТО: ВО ЕДНА ЗГРАДА ВО ХОНГ КОНГ ЖИВЕАТ 50 000 ЛУЃЕ!
(ВИДЕО) ОВА ЛИ Е ИДНИНАТА НА ЧОВЕШТВОТО: ВО ЕДНА ЗГРАДА ВО ХОНГ КОНГ ЖИВЕАТ 50 000 ЛУЃЕ!
Кондовски: Одлична атмосфера и позитивна енергија на денешната акција за чистење на ски стазата Копанки на која се приклучив на повик на граѓанската иницијатива “Поинаку”
Кондовски: Одлична атмосфера и позитивна енергија на денешната акција за чистење на ски стазата Копанки на која се приклучив на повик на граѓанската иницијатива “Поинаку”

Трифуне Костовски, ти си голем човек. денешниот прес ти беше брука, мизерија, траги-комедија, имаш време да со повлечеш со правилен достоен потег!

Нема да ви се верува што ни приреди нам новинарите денеска бизнисменот Трифун Костовски заедно со својот син Коста.

Не седна во својата легендарна канцеларија во Алуминка од каде речиси 20 години ги помага сите колку што може со своето големо хумано срце и душа, сите болни, несреќни, сиромаси, спортиски, таленти итн итн…

Не седна значи во канцелариичката и наместо да се извини на 120 вработени во банката кои сега ќе останат на улица и нема да може да си купат храна, да си платат кредити и сметки и најверојатно ќе останат на улица повеќето од нив кои се веројатно и со дечиња и фамилии, наместо да им се извини на над 700 штедачи кои нема да можат да си ги извадат своите штедни влогови над 30 000е кои ги печалеле кој знае како и каде и колку време, наместо да и се извини на јавноста затоа што државата ќе претрпи милиони евра штета што од фондот за осигурување што од неплатени пензиско, здравствено на вработените што од неплатени данови давачки затоа што банката ќе оди во стечај и тешко дека ќе има нешто да се наплати затоа што е буквално опљачкана испразнета до нула денари од своето раководство, што го призна самиот Трифун Костовски?!?!

Наместо значи извинување што 20 години не успеале да научат да менаџираат со банка, што нон стоп ставале директори или неспособни или лопови, што не знаеле како да ја конотролираат нивната работа иако седеле лично во надзорниот и управниот одбор и тој и неговиот син Коста, и што направиле штета на вработените, штедачите и државата, Трифун наместо извинување кон јавноста, почна да глуми некаква жртбва на теории на заговор?!?!

Кога го прашавме кој тоа сакал да му ја уништи банката, тој вели не знам кој?!?! Сам призна дека МЕНАЏМЕНТОТ НА БАНКАТА ДАВАЛ КРЕДИТИ НА СВОИ ВУЈКОВЦИ НА ФИКТИВНИ ФИРМИ?!?! САМ ПРИЗНА ДЕКА БАНКАТА РАБОТЕЛА СО ЗАГУБА ЦЕЛИ 15 ГОДИНИ!?!?! САМ ПРИЗНА ДЕКА МЕНАЏМЕНТОТ НА БАНКАТА РАБОТЕЛ НЕЗАКОНСКИ КРМИНАЛНО И НЕОДГОВОРНО И НЕКАДАРНО?!?! И СЕ ЖАЛИ ШТО МУ ЈА ЗЕЛЕ ЛИЦЕНЦАТА?!?!

Па кој е крив бе Трифуне што си избрал такви директори?!?! Кој е крив што 20 години не знаеш да најдеш менаџмент кој ќе знае да управува со банката законски и квалитетно и ќе направи профит?!?! Па зарем БАНКА Е ПРИВАТНА ИГРАНКА?!? Десетици илјади луѓе ти ги довериле своите заштеди над 70 милиона евра, за ти да вработиш некадарни директори кои ќе им ги спичкаат парите во лоши зделки и лоши кредити?! Кој е крив за тоа, гувернерката ли Бежовска?!?! Заев ли е крив за тоа?!

Првиот директор на банката пред 20 години, направи афери и загуби од милиони евра. Потоа дојде втор директор кој речиси 10 години ја носел банката кон амбисот и ти и Коста ништо не сте виделе и приметиле?!?! Значи НЕ ВЕ БИВА ЗА БИЗНИС СО БАНКА! НЕ ЗНАЕТЕ! НЕ САКАТЕ ДА ЗНАЕТЕ! НЕМАТЕ ЗНАЕЊЕ ЗА ТОЈ БИЗНИС! ЗАТОА ВИ ЈА ЗЕМАА ЛИЦЕНЦАТА!

И наместо да признаеш како маж, да се извиниш да кажеш, народе ја оплескавме работата, и ние како семејство изгубивме 70 милиони евра но и вие како јавност и штедачи и вработени изгубивте многу, жал ми е, се извинувам, и да се ЗАБЛАГОДАРИШ на НАРОДНА БАНКА што цели 2 години те чекале и те молеле да ја ставиш банката на сигурни нозе, ти глумиш жртва на некакви теории на заговор?!?! Покажуваш со прст кон друг невидлив виновник за да се спасиш од бесот на штедачите ТРИФУНЕ?!?!

Се плашиш дека ќе ти дојдат дома пред куќа и ќе си ги бараат парите со мотки и стапови?! Затоа ли имаше толку силно обезбедување денеска пред твојата канцеларија па на новинарите им се бараше крв и мокраќа пред да се пуштат на пресот?!?!

Затоа ли е ова глумење лудило со некакви теории на заговор дека некој ти ја угасил банкта поради матен интерес?! Кој 20 години седеше во надзорен и управен одбор, Заев, Аните Бежовска или ти и Коста?

Кој ја доведе банката до банкрот? Да има под 2% адекватност на капитал а законската рамка е 15%? Кој дал 30 милиона евра кредити кои сега не можат да се наплатат? Заев, Анита или ти и Коста?

Трифуне, ти денеска требаше да кажеш дека фамилијата Костовски ќе формира фонд за обештетување на штедачите и за помош на вработените кои ќе останат без работа.

Требаше да обзнаниш дека во рамките на можностите ќе се трудиш да поогнеш со мала сума на пари на невработите од банката додека да си најдат работа. Ти требаше да кажеш дека во знак на одговорност ќе продадеш се што имаш на свое име и со тие пари ќе им ги вратиш парите на оние што вам ви ги довериле да ги чувате во банката.

Тоа требаше да направиш денеска Трифуне, а не да глумиш некаква жртва на некакви теории на заговор кои се приказни за мали деца!!!

Ако некој не сака банката во моментов да се затвори тоа е Зоран Заев, затоа што кој премиер сака да му рокне банка, 120 да останат без работа и со тоа економијата да потоне најмалку 1% ако се знае дека банката со себе ќе повлече најмалку десетина фирми доверители кои нема да може да си ги наплатат фактурите?

Тоа никоја власт не го сака ниту пак Народна Банка сака нејзина комерцијална банка да се затвори, но се работи за ПРЕВЕНЦИЈА, сечи додека не настанала уште поголема штета.

Ако оваа година штетата е 100 милиона евра, догодина таа штета ќе била 150 и така натаму, канцерот мора да се сече додека не зарази други банки кои евентуално би пробале да ја спасуваат Еуростандард банак па ланчано да се повлечат и тие во бестрага.

Лошо менаџирана банка со лош менаџмент мора да се затвори, тоа е златно правило на капитализмот и од тоа нема бегање. Тоа важи за секоја фирма а не пак за банка каде се чуваат ТУЃИ ПАРИ, ТУЃА МАКА!!! Неодговорно е да се дозволи да работи банка која штедните влогови ќе ги уништува и множи со нила, тоа е АНАРХИЈА! Затоа и постои Народна Банка, да затвара такви банки не да ги толерира и да им дозволува да прават се поголеми штети врз штедачите и банкарскиот сектор кој е столб на секоја економија!!!

Жива среќа е што банката е малечка па штетите се релативно мали, но ако се остави доволно долго и мала банка може да направи огромни штети! Иако и сега, штетата од 100 милиона евра за земја како нашата е голема сума на пари! Среќа што ова не се случува со нашите големи банки каде се чуваат милијарди евра заштеди на нашите граѓани и фирми…

Трифуне, сосеми се од шокот, ударот на твојата гордост и реноме е голем, соземи се, и повлечи го исправниот потег, спаси ја барем човечноста и големината кои те красеа досега!

п.с Особено гаф над гафовите на Трифун му беше на крајот на пресот, кога новинарите почнаа да си заминуваат, па му се изусти ШТО МИСЛИТЕ ВИЕ ДРУГИТЕ БАНКИ ДА НЕ СЕ ПОДОБРИ ОД МОЈАТА?!?! Ова е веќе знак на очај, ако ја не успеам се нека изгори, нека биде потоп менталитет! Ај што направил штета со својата банка па сега сака целиот банкарски сектор да рокне, сите што имаме заштеди да банкротираме. Стани Трифуне, исправи се, машки соочи се со поразот и немој да правиш вакви ниски очајни потези, сам рече дека парите си доаѓаат и си одат, но треба да останеме луѓе достојни со образ.

loading...

https://aniwatch.pro anime online

https://4anime.biz 4anime chromecast

AnimeKisa Watch anime online, English anime online HD

TwistMoe Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Disqus: https://disqus.com/by/animeflixnl/

Bit: https://bit.ly/gogoanimebe