Навистина што да се каже за овој уште еден епохален колосален успех на Зоран Заев.
Да успееш да изменаџираше сена на струја покачена за 500 посто на берзите и ти да успеех да впрегнеш буџет, ЕСМ, ЕВН, РКЕ, трговци, фирми, увоз, извоз, јаглен од Косово, мазут, да рестартираш ТЕЦ Неготино што не била користена 12 години, да сето тоа со тендери мендери набавки вамо тамо некако да го склопиш и народот да плати само 10% поголема цена е рамно на ПОДУХВАТ ЗА ПОКЛОН И РЕСПЕКТ!!!
Браво Зоки! Додека си ти тука можеме да бидеме мирни и за струја и за живот и за безбедност и за се што значи мирен сон за овој народ.
Благодет е да се има таков лидер кој досега беше премиер а понатаму ќе биде главен советник во владата и главен лобист за нас и нашата држава.
Неговите контакти дома а особено во странство како и неговото досегашно искуство се најголемиот ресурс за Ковачевски и за нас како народ и за нашата државѕа.
Браво Зоки и многу ти фала за овој подарок за нова година за сите нас да може мирно да си ја дочекаме сите новата година и мирно да си тераме празници.
Да си ни жив и здрав и среќен друже Заев!