Еден мој близок пријател прегази баба која трчала по своето куче во Англија.
Полицијата веднаш му донесе психијатар на лице место на несреќата за да не се случи пријателот да посегне по својот живот.
Логиката е кога еден живот се изгубил да се превенира загуба на уште еден живот. Во сообраќајните несреќи сите се жртви, некои поголеми некои помали. Да има виновници, за вината се лежи затвор и тоа ќе го каже судијата. Но јавен линч за вакви несреќи не смее да има. Несреќа на секого може да му се случи.
Едно хумано општество треба да има разбирање за луѓето и да дава втора шанса секому. Ова младо момче сигурно намерно не убил никого, ниту пак бил свесен дека со своето однесување преставува смртна закана за некого. Презумција на невиност мора да има, не знаеме дали возел пијан или дрогиран и колку возел, можно е сепак да се работи за ненамерна грешка од невнимание, тоа може секому да му се случи.
Апелирам надлежните да се погрижат момчето да добие психијатриска помош затоа што по се изгледа овој настан ќе остави длабноки ментални трауми врз него, му посакувам да излече поука и да го преброди овој немил настан и да стане зрел одговорен здрав човек кој ќе придонесува за себе и за општеството.
Сочувство на семејството на загинатата девојка од Радовиш, тоа е голема трагедија и загуба, само тие знаат колку им е тешко, им посакувам сила да издржат во тагата.