СТАРИОТ ПРОЛУПАЛ - МИЛЧИН: Лошо е што имаме Албанец за министер за надворешни, ако се постигне договор со Бугарија, ќе има војна во земјава меѓу Македонците и Албанците?!?!
СТАРИОТ ПРОЛУПАЛ - МИЛЧИН: Лошо е што имаме Албанец за министер за надворешни, ако се постигне договор со Бугарија, ќе има војна во земјава меѓу Македонците и Албанците?!?!
Џафери на средба со Петков: „Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде во интерес на регионот“
Џафери на средба со Петков: „Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде во интерес на регионот“
Маричиќ: Ако во Бугарија има луѓе кои се декларираат како Македонци, тоа е нивно право и никој неможе да им го ускрати
Маричиќ: Ако во Бугарија има луѓе кои се декларираат како Македонци, тоа е нивно право и никој неможе да им го ускрати
СДСМ: Мицкоски вчера се силеше а денес молк, зошто не ги постави прашањата за кои ги тераше новинарите да го прашаат Петков?
СДСМ: Мицкоски вчера се силеше а денес молк, зошто не ги постави прашањата за кои ги тераше новинарите да го прашаат Петков?
ОПШТА ПАНИКА ВО ВМРО ДПМНЕ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО БУГАРИЈА: НА ИСТА МАСА ГИ СЕДНАА БОЦЕВСКИ, ГЕРОВСКИ И МИЛЧИН ЗА ДА ЈА БРАНАТ МАКЕДОЊА ОД КЛЕТИТЕ БУГАРИ
ОПШТА ПАНИКА ВО ВМРО ДПМНЕ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО БУГАРИЈА: НА ИСТА МАСА ГИ СЕДНАА БОЦЕВСКИ, ГЕРОВСКИ И МИЛЧИН ЗА ДА ЈА БРАНАТ МАКЕДОЊА ОД КЛЕТИТЕ БУГАРИ
Ахмети по средбата со Петков: Македонците да знаат дека ДУИ никогаш нема да повлече потег што ќе го загрози нивниот идентитет
Ахмети по средбата со Петков: Македонците да знаат дека ДУИ никогаш нема да повлече потег што ќе го загрози нивниот идентитет
НИКОЛОВСКИ ИМ ПОРАЧА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ: Нема партиски поделби, од секој вработен барам максимален ангажман, чесна и одговорна работа, професионален однос, висок интегритет и испорака на резултати
НИКОЛОВСКИ ИМ ПОРАЧА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ: Нема партиски поделби, од секој вработен барам максимален ангажман, чесна и одговорна работа, професионален однос, висок интегритет и испорака на резултати
Од четврток постудено и снег особено во северо-западниот дел на државата
Од четврток постудено и снег особено во северо-западниот дел на државата

ЗАЕВ СИ ЗАМИНА ЗАТОА ШТО ЧОВЕКОТ ВЕРУВАШЕ ВО ТРИ НЕШТА КОИ СЕ ПОКАЖАА ДЕКА СЕ НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА ВО ЗЕМЈАВА

Пишува Саше Ивановски Политико

Постојат многу фактори кои влијеа да Заев ја напушти политиката, ќе набројам три кои ги сметам за клучни и најважни.

1.Заев реши да владее без сериозна контра пропаганда на пропагандата на опозицијата.

АКо ги погледнеме медиумите, Мицковски има сериозен арсенал на располагање да наброиме:

Алфа тв која се што е од владата го прогласува за ПРЕДАВСТВО И ЦРНИЛА додека се што ќе направи Мицковски е божја промисла
Плусинфо, популарен медиум кој беше етаблиран кај левицата одеднаш преку ноќ ја смени уредувачката политика со што нанесе сериозна штета во базата на СДСМ
Инфомакс, радикален десничарски медиум кој важи за радикално ширење лажни вбести и манипулација и хистерија
Офф Нет на Трендо, мега популарен медиум за неутралните маси кои се држат успани со тезата сите се исти но во последните години сајтот фати скроз ВМРО, што му помогна многу на Мицовски
Лидер радио и интернет тв, вака така Љупче Златев помогна многу да се шират лажните вести и хистеријата
МТВ која уште не е реформирана после 5 години од промените
Јанко Бурек со својата уште мега популарна емисија
Миленко, Палчо, Буревесник со своите интернет видео емисии помагаа многу на Мицко
Весниците Нова Македонија и бесплатниот весник ЕХО на Никола Тасев многу му помогнаа на Мицковски
Сашо Тасевски се активираше цела година со интернет постови вицеви па дури и редовни емисии со жестоки напади кон власта
Латас со порталите Вечер и Вести уште си има своја публика и влијае на дел од јавноста.
Васко Ефтов со емисија со 100 000 просечни гледања на Јутуб, 5 години го утепа Заев за сега пред некој месец да сврти со 90 у кривина, ама доцна е, штетата е веќе направена…

А Заев, што има Заев? Неколку портали малечки и една утринско шоу Слободен Печат и весникот Слободен Печат, значи нити тв, нити радио, нити десетина мега ѕвезди со видео емисии, премалку, речиси НУЛА.

Заев се надеваше дека нема потреба да прави свои медиуми затоа што мислеше дека ОБЈЕКТИВНИТЕ КРИТИЧКИ МЕДИУМИ ќе ја следат будно неговата работа и ќе го пофалат за сработеното, за храброста, за напортите, но тука тој гадно се излажа. За пропагандата на ВМРО тој ја потцени мислеше дека нема да помине кај народот…

Критичките медиуми затоа се викаат критички, затоа што они мислат дека не смее да се пофали владата, туку да се критикува и кога треба и кога нетреба. Односно, кога нема ништо да се бара влакно во јајцето за да бидат гледани вестите и читани порталите и продаван весниците, а кога има нешто како мал скандал или афера од прдеж да се прави лајно, така вика народот.

И затоа имавме таква неверојатна хистерија овие години, се СПОИЈА ВО ЕДЕН МОМЕНТ застанаа заедно КУРТОН МЕДИУМИТЕ со КРИТИЧКИТЕ МЕДИУМИ, едните платени да лаат, другите пак водени од некакви идеали дека објективен медиум мора да КРИТИКУВА и кога треба и кога не треба, инаку по автоматизам ќе биде означен за КУРТОН и тоа е срам во новинарството.

Со еден збор, новинарите ИЗБРАА КАРИЕРА наместо да бидат фер па макар биле означени и за владини куртони, ја жртвуваа иднината на земјата за својот новинарски газ, не им беше важно дали ќе се врати ВМРО, дали ќе има војна, нив им беше важно они да останат критични новинари по секоја цена и да им бидат гледани вестите, парите и кариерата им беа поважни од државата и народот.

Затоа Заев се повлече, затоа што го утепа црната пропаганда и невидената хистерија која беше страшна и заглушувачка. Заев мислеше дека ќе може да владее без своја пропаганда која ако ја имаше ќе го штити и ќе му помогне да се разбие контра пропагандата и да се ловат лажните вести и да се убедува јавноста да се бие битка со лажната хистерија за народот да ја дознае и увиди вистината, но тоа го немаше.

Ако имаше своја пропаганда Заев, ќе успееше да ги нагласи своите успеси кои беа цело време саботирани и омаловажувани, ќе ги расбиваше успешно црните пропаганди и манипулациите и преголемата хистерија, јавноста ќе се смируваше и ќе се насочувсаше да биде умна и самата да ја лови пропагандата на опозицијата, но тоа не се случи, ВМРО вадеше по 1 мега скандал на секои 3 дена иако се работеше за лажни вести, рекла казала, измислени афери и скандали, но немаше како да се одговори на тие паники и хистерии кои му го спржија мозокот на народот.

Народот полека почна да добива впечаток дека Шарена Револуција била изневерена иако Камчев и Мијалков дремат во Шутка со пола ВМРО осудено на 500 години, народот почна да мисли дека Заев е диктатор?!?! Дека Зааев владее исто како Груевски што е смешно, траги комично тврдење, но немаше како да се брани здравиот разум и вистината.

Изговорот на Заев и неговите први соработници беше дека пропагандата е одлика на диктаторите, и тоа во основа е точно но во земја каде нема опозициска пропаганда која шири невидена манипулација и црна пропаганда. Во земјава СДСМ ако сака да остане на власт и да ја врати пак локалната власт мора да создаде сериозна медиска машина како одговор на вмровската медиска машина која меле секој ден, јаде луѓе и ги исфрла како истрошени посрамени оцрнети лепешки кои се неупотребливи во политиката.

2. Заев веруваше дека неговото членство се бори со него за визиите, идеалите за мисијата да ја средиме земјава, но за жал голем дел од членството на сдсм чекаше да ги заземе местата на вмровците во администрација, бизнисмени да ги земат тендерите, сите да се ухлебат, да се смени Курто со Мурто, на Заев тоа никогаш не му било цел.

Голем удел во лошиот резултат на овие локални се незадоволството на членството на СДСМ кое е луто што не било вработено и ухлебено или пак што не им било дадено нешто преку врски со изговорот ЈАС ГИНЕВ ЗА НИВ ОНИ ТЕЛЕФОН НЕ МИ КРЕВААТ, ЕПА ЌЕ ВИДАТ, НЕМА ГЛАС ДА ДОБИЈАТ ОД ЦЕЛА ФАМИЛИЈА ИЛИ ЦЕЛО МОЕ СЕЛО ИЛИ МААЛО!

3. Заев веруваше дека народот е одговорен и сериозен кога гласа, дека памети какво зло беше ВМРО и дека ги разбира неговите напори да ја однесе земјата во НАТО и ЕУ, згреши фатално.

Народот прво не ни дозна не ни поверува дека Грујо бил мафијаш и диктатор и уште си верува во приказните за Грујо домаќинот и патриотот. Многу наши граѓани уште ги немаат чуено бомбите на Заев затоа што кога пукаа бомбите во земјава имаше тешка диктатура и пропаганда вмровска.

Последиците од таа жестока пропаганда уште се чувствуваат во земјава, Народот не ни разбра што сакаше да направи Заев нити па имаше одговорност и сериозност за да може Заев да продолжи со тие храбри политики, народот потфрли, народот не беше на висината на задачата. Заев го прецени својот народ.

Бонус 4 ка: Заев веруваше дека бизнис фелата ќе го следи, он ќе го крши мразот како руски брод со дупли лим а по него ќе одат бизнисмените кои ќе го гураат за да влеземе во НАТО и ЕУ и за да они бизнисмените се збогатат од отворени граници од висок стандард од мирна земја итн итн…

Но бизнисмените се изнервираа што он ги крева платите особено минималната, се изнервираа што не дозволувс да се градат згради, рудници, што Заев ја штитеше екологијата, што го штитеше Скопје, па некои бизнисмени и се налутија за промената на името и про западната ориентација па работеа цело време против него на пример весникот Нова Македонија на Минчо Јорданов каде колумнисти се сите најголеми критичари на Заев како Ванковска, Русјаков и редица други русофили и фанатици.

Овие бизнимени го помагаа ВМРО, а ги помагаа и медиумите од медиската машинерија на Мицковски. За Камчев и сличните па да не збориме, нив им беше прашање да се биде или не па истоварија тешки милиони за пораз на Заев.

Заев сето ова не го очекуваше, дури постави и вице премиер на предлог на бизнисот, тоа беше Кочо Анѓушев, но од тоа си имаше само проблеми а никаква корист на изборите. Народот беше опседнат со фирмите на Кочо, бизнисмените тоа ич не го ценеа, медиумите правеа невидена хистерија со Кочо, никој не ги пофали економските политики на Анѓушев кои привлекоа многу инвестиции и отворија многу домашни инвестиции но пандемијата го утепа сиот тој еефект врз платите и стандардот, па дури и имаше инфлација и голема криза поради пандемијата. Народот за тоа го казни Заев небаре он јадел кинески љиљак и од Кина го донел вирусот во земјва…

loading...

https://animefreak1.com/. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak My Hero Academia Season 4

AnimeFreak My Hero Academia Episode 7

english dubbed anime JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable

animefreaks official website SK8 the Infinity (Dub)

anime freak site Redo of Healer