Англичаните му поверуваа на ретардираниот Најџел Фараж и си пукаа во нога, излегоа од ЕУ, најмоќниот економски клуб во светот, рамо до рамо со САД. Мислеа дека можат сами како во времето на кралицата Викторија да владеат со светот на неколку континенти колку што се простираше британското кралство, од Америка, преку Индија, Јужна Африка, Австралија… Сега Шкотска им се заканува дека ќе излезе од Британија, Ирска се погласна за обединување со Северна Ирска…
Американците му поверуваа на ретардираниот Трамп и 4 години му дозволија да им ја брука земјата што заврши со крвав упад во конгресот. Штетите ќе се чувствуваат со децении пред нас.
Французите иако се исмевани за надмени, арогантни, забегани, сепак не наседнаа на слични руски местенки со имбецили попут Марин Ле Пен која ветуваше дека ќе го распадне НАТО, ќе ја распадне ЕУ, која патем, е француска креација, на Франсоа Митеран.
Французите не дозволија да ги излаже руската пропаганда во сојуз со забеганата десница. Не дозволија некој да ги излаже дека Украинците се криви за руската инвазија. Не наседнаа на високите цени и енергетската криза, знаеја дека тоа е цената што мора да се плати за слободата на Европа.
Не дозволија некој да ги скара со малцинствата, со муслиманите, со емигрантите, со соседите…
Не дозволија да им ги дадат своите субдини на една забегана жена полна со омраза, параноја, иплулсивност, емоции, без грам разум и одговорност за последиците од такви радикални националистички политики.
Французите знаеја дека битката не е само за Франција, туку за Европа, за целиот свет, Французите знаат дека на свои плеќи носат судбини на мнигу народи чија судбина,слобода и опстанок зависи од политиките на Франција и ЕУ, САД не може сама да се бори против Русија, Кина, Индија и малите слуги и пиони како Унгарија, Венецуела. На САД и треба помош од една обединета и силна ЕУ предводена од Франција и Германија.
Франзузите заслужија да се нарекуваат газди на ЕУ, колебливите и исплашени Германци паѓаат во сенка на одговорните и силни Французи. Англичаните сами си заминаа од приказната.
Оваа победа на либералите и левицата во Франција е силен удар за европската десница која мислеше дека по победата на Орбан Европа ќе биде една голема Унгарија. Гадно се излажаа, Франција ги попари како со ладен туш. Победата на левицата во Словенија е како шлагот на тортата!