СТАРИОТ ПРОЛУПАЛ - МИЛЧИН: Лошо е што имаме Албанец за министер за надворешни, ако се постигне договор со Бугарија, ќе има војна во земјава меѓу Македонците и Албанците?!?!
СТАРИОТ ПРОЛУПАЛ - МИЛЧИН: Лошо е што имаме Албанец за министер за надворешни, ако се постигне договор со Бугарија, ќе има војна во земјава меѓу Македонците и Албанците?!?!
Џафери на средба со Петков: „Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде во интерес на регионот“
Џафери на средба со Петков: „Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде во интерес на регионот“
Маричиќ: Ако во Бугарија има луѓе кои се декларираат како Македонци, тоа е нивно право и никој неможе да им го ускрати
Маричиќ: Ако во Бугарија има луѓе кои се декларираат како Македонци, тоа е нивно право и никој неможе да им го ускрати
СДСМ: Мицкоски вчера се силеше а денес молк, зошто не ги постави прашањата за кои ги тераше новинарите да го прашаат Петков?
СДСМ: Мицкоски вчера се силеше а денес молк, зошто не ги постави прашањата за кои ги тераше новинарите да го прашаат Петков?
ОПШТА ПАНИКА ВО ВМРО ДПМНЕ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО БУГАРИЈА: НА ИСТА МАСА ГИ СЕДНАА БОЦЕВСКИ, ГЕРОВСКИ И МИЛЧИН ЗА ДА ЈА БРАНАТ МАКЕДОЊА ОД КЛЕТИТЕ БУГАРИ
ОПШТА ПАНИКА ВО ВМРО ДПМНЕ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО БУГАРИЈА: НА ИСТА МАСА ГИ СЕДНАА БОЦЕВСКИ, ГЕРОВСКИ И МИЛЧИН ЗА ДА ЈА БРАНАТ МАКЕДОЊА ОД КЛЕТИТЕ БУГАРИ
Ахмети по средбата со Петков: Македонците да знаат дека ДУИ никогаш нема да повлече потег што ќе го загрози нивниот идентитет
Ахмети по средбата со Петков: Македонците да знаат дека ДУИ никогаш нема да повлече потег што ќе го загрози нивниот идентитет
НИКОЛОВСКИ ИМ ПОРАЧА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ: Нема партиски поделби, од секој вработен барам максимален ангажман, чесна и одговорна работа, професионален однос, висок интегритет и испорака на резултати
НИКОЛОВСКИ ИМ ПОРАЧА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ: Нема партиски поделби, од секој вработен барам максимален ангажман, чесна и одговорна работа, професионален однос, висок интегритет и испорака на резултати
Од четврток постудено и снег особено во северо-западниот дел на државата
Од четврток постудено и снег особено во северо-западниот дел на државата

ЗОШТО Е ЗЛОТО ТОЛКУ ТЕШКО ДА СЕ ПОБЕДИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА?

Пишува Саше Ивановски Политико

Изгледа прво треба да се договориме што е злото а што е доброто во земјава? Мислам дека тоа не би требало да е многу тешко.

Доброто е: сите оние кои се борат против војна, кои се борат за подобра економија, за мир на балканот, за соработка со соседите, за етничка толеранција и соживот преку прогрес на правата на малцинствата а не нивно угнетување, сите оние кои се борат за демократија, слобода, чесност, домаќинско трошење на народните пари, помош на сиромашните, напредок на државата на сите полиња, фер избори, против злоупотреба на моќта за угнетување на народот, чесно делење на правда во судовите, силни институции, мафија на робија, цивилизациски прогрес, милост кон поинаквите од нас, толеранција за поинаквите од нас, екологија т.е здрава природа, чистота на просторот, урбан развој без претеризам ниту во градење ниту во фанатично кочење на урбаниот прогрес, индустриски развој со напор за намалување на загадувањето до максимални можни нивоа, прозападно ориентирање на земјата затоа што на запад се напредокот, науката, демократијата, цивилизацискиот врв на човештвото…

Злото е: сите оние кои се борат да има војна, да има конфликти, да има нерешени проблеми внатре и кон соседите, се борат за мафијата да се спаси од ќорка, се против слобода и демократија, помагаат новинари платеници слуги на диктатори и мафии и режими, оние кои се против економски развој на земјата, кои се против западните интеграции на земјата, оние кои се против напредокот на земјата затоа што во матното подобро пливаат, оние кои се против фер избори, оние кои се за уништување на природа, нарушен урбан развој, оние кои се служат со лажни вести и манипулации, оние кои се сурови кон малцинства, поинаквите од нас, оние кои шират поделби, омраза, страв, паника, оние кои сакаат да расчистуваат стари долгови од историјата, оние кои сакаат да крадат од народните пари и да злоупотребуваат моќ и власт, оние кои се против праведно судење и делење правда…

Ок кога се разбравме што е добро а што е лошо, зошто тогаш по ѓаволите во земјава е ѓаволски тешко да се победи злото?! Ај ќе рече човек во груевизмот бевме уплашени, ама сега?!?!

Сега сме веќе 4 години во слобода и пак сме некако на ивица, на тенок конец одиме и работава е пак падни стани…

Можеби одговорот лежи во немањето свест за одговорност на некои важни личности кои имаат тежина во нашето општество. Се чудам со која леснотија го помагаат злото еден Владе Милчин, еден Бранко Геровски, еве сега и Перо Камиказа, Бени Шаќири, Сашо Тасевски, Бетмен Велит, Данела Арсовска, Трендо?!?!

Зошто го помагаат злото, зарем не се плашат од последиците од тоа кога злото ќе завладее откако ќе победи ако не дај боже победи? Зарем не им е страв од војната која ќе ни се случи, од сиромаштијата, од хаосот, од неизвесноста, од диктатурата, од слабите институции, од се што со себе носи злото дефинирано погоре?

Зарем мислат дека се отпорни на куршуми и бомби, зарем мислат дека они ќе можат да издржат без храна и вода во едни такви околности, зарем и они нема да патат од една хаптична сиромаштија и лудило, зарем мислат дека диктатурата вечно ќе ги помилува и пази, зарем не знаат дека Сталин прво ги убивал пријателите а после непријателите?!?!

Зарем не се плашат од лудилото и свирепоста што со себе го носи злото? Зарем не им е грижа дека со нашите ќе горат и нивните куќи, дека со нашите деца ќе плачат и нивните деца, зошто се толку заслепени се прашувам, што ли ги толку заслепи?

Зарем е можно да недобиена функција која ти била ветена или слични некои ситни нарушени математики да те натераат целосно да се свртиш кон злото и да го помагаш здушно 24/7, па кој е тоа самоубиствен фанатизам?!?!

Зарем е можно да не го препознаваат злото како зло и да мислат дека злото е всушност доброто?! Зарем е можно да мислат дека војната е спас и решение, дека омразата е оправдана и неизбежна, дека сиромаштијата не е битна и не е страшна, гладувале ли некогаш овие луѓе? Изгубиле ли некого во војна? Ако изгубат а не им е гајле, тогаш што се овие луѓе, психопати? Ако не им е страв од смртта тогаш зарем не им е страв за животот на блиските?

Зарем е можно да не разбираат што е добро што е лошо, но се сомневам, се работи за луѓе кои се успешни, кои со децении твореле, стварале, се качувале по скалила, режирале, играле во престави, уредувале весници, пееле на стотици концерти, како е можно за тоа да имаат интелект, мозок, разбирање и свест а за толку прости работи како војна и мир, соживот и омраза, цивилизиран запад и хаотичен исток, напредок и распад, прогрес и застој, мафија и правда, демократија и режим, сиромаштија и просперитетно среќно општество, како за овие работи немаат осет да расудат правилно?!

Се чудам овие денови, зошто злото е толку тешко да се победи во земјава? Зошто злото има толку приврзаници? Дали народот ни е злобен или не може да разбере што е добро а што зло? Зарем народот ни е самоубиствен, камикази народ? Зарем народов не е кадарен да се избори за една подобра иднина за себе и своите? Или поради себичност кратковидост немање на емпатија и одговорност сите мислиме од денеска за утре и не ни е гајле што ќе се случи прекузадутре? Но што кога ќе дојде тоа прекузадутре и се случи сиот раскош на злото, кој ќе биде тогаш крив? Ќе се извинат ли, ќе се покаат ли што го помагале злото 24/7 здушно со сета сила и со сите инвентивни манипулации и лаги и подметнувања?

loading...

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

Mother of the Goddess’ Dormitory

anime website Naruto (Dub)

AnimeDao Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) Episode 18

english dubbed anime Welcome to Demon School! Iruma-kun Season 2

AnimeDao My Hero Academia Season 2 (Dub) Episode 20