18.3 C
Скопје
18/05/2025 10:11
МАКТЕЛ

     

Вестите мора да почнат со успесите на владата

      

Би било фер на новата влада да и се даде малку време да се конституира и да се остави 100 дена спокојно да работи без пожестоки критики на првите чекори на власта. Сакав да го применам тоа заборавено непишано правило, иако овој принцип во Македонија никогаш не е почитуван, додуша одамна застарен, не се применува ниту во развиените парламентарни демократии. Новиот мандатар Христијан Мицкоски се откажа од една таква „привилегија“ на која, ако ништо друго, можеше да се повикува во првите три ипол месеци. Ќе речете што има лошо во тоа. Се разбира, нема ништо лошо ако тоа не е проследено со синдромот на ВМРО ДПМНЕ за авторитарно владеење и сеење страв како прв приоритет на власта.

Мицкоски пред инагурацијата на функцијата претседател на владата, не седнат на премиерската жешка фотелја и без да ја одржи првата владина седница во новиот состав, побрза да ја подготви јавноста за големите достигнувања кои ќе уследат многу бргу уште од првата половина на идниот месец. За тоа, како што навести најнапред му е потребна слепа послушност од медиумите. Тоа беше првиот опасен сигнал за повторно воспоставување на авторитарен режим. Секоја власт ги расипува властодржците, а апсолутната власт ги расипува апсолутно. Таа лесно станува страховлада. Првиот предуслов за тоа е медиумска послушност. Во своето прво интервју за ТВ Канал 5 по големата победа која означи покрај локалната, преземање и на извршната власт и на претседателската функција, Мицкоски ги изговори зборовите „Вестите мора да почнат со успесите“. Цитирано од збор до збор без никаква додавка или промена, нуту пак вадено од неков контекст, или нешто сечено и лепено бидејќи немаше одговор на дополнителното потпрашање на новинарот поставено како констатација: „ако има успеси“.

   

Да се каже вакво нешто и во најавторитарните режими би било рамно на голем скандал. Властодржците и вождовите ги имаат под свое влијание медиумите, но доволно се мудри никогаш да не изговорат јавно една таква закана како што му се откачи на Мицкоски. И, еве од тогаш помина цела недела, освен неколку медиуми што предупредија што значи таква закана, тоа поминува прилично молкум како ништо да не се случило. Молк и во највлијателните медиуми кои оправдано жестоко ги критикуваа злоупотребите на претходната власт. Дали тоа значи дека повторно ќе се градат потемкинови села со големите лажни успеси кои ги постигна „најдобриот“ премиер досега допирајќи до олимписки височини на светски прваци во бизнис климата на најсиромашниот народ во Европа.

Должничкото ропство стана голем успех

Мицкоски не најде за потребно да се дообјасни што сакал да каже со својата порака до медиумите да ги почнуваат вестите со успесите на власта. Напротив, ја соопшти ексклузивната вест која треба да се фали на невидено, дека веќе е договорена голема зделка, многу поволен кредит со ниска камата од милијарда евра. Тоа е рече завршена работа и договорено влада со влада. Која наша влада и кој наш премиер го договорил тоа!!!???

Понесен од големата победа Мицкоски си го дозволи тоа пред да се устоличи. Некоја влада, на некоја држава за негово добредојде ќе инвестира милијарда евра во Македонија. Браво, фантастичен успех. Во Македонија одамна е голем успех да се задолжува државата, под многу „поволни“ услови. И навистина е успех кога едни ги трошат парите, а друг треба да ги враќа.

Таинствениот успех предизвика вистинска кладилница која е таа толку пријателска земја да договори така поволна инвестиција пред да се одржат изборите. Работата испадна многу помистична од милијардата од Тајван која прва ги разгоре фантазиите на граѓаните на Македонија. Отогаш милијардите доаѓаа од сите страни кои никогаш не ги видовме, освен новата гипс картон архитектура на барок и рококо и спомен обележјата кои ја внесоа Македонија во светската мапа на брзо богатење на политичарите.

Лицитацијата почна од Кина, Русија, до Турција, Србија и Унгарија, ама тие не биле. Работата во кулоарите стаса до Арапските Емирати. Изненадувањето допрва ќе уследи кога ќе се дознае што договорил нашиот голем критичар на прекумерното задолжување. Ако се во прашање Арапските Емирати треба да се знае дека и бескаматните кредити што ги даваат нивните банки не се верско прашање, туку наука која се изучува на економските факултети во предметот „Исламски инвестиции“ кои имаат исто така строги критериуми, некогаш потешки и од највисоките камати. Ете затоа се потребни како земзе водичка медиумите. Кога си во опозиција, ќе врескаш ни се заканува „должничко ропство,“ а кога си на власт тоа е голем успех со поволни кредити и странски инвестиции. Ако почнат сите вести на новиот главен уредник на сите медиуми, нешто што веќе сме го доживеале во период од цели 11 години, јасно е накај ќе одат работите со големите успеси.

Живи биле па виделе

Но, сепак она што ми остави најсилен впечаток од активностите на идниот премиер се принципите кои ги договорил со албанската опозиција ВРЕДИ кои се предуслов за коалиција и работа на идната влада. Во прашање се три клучни начела за меѓупартиска соработка со учесниците во поделба на власта. Тоа се, прво евроинтеграциите, второ забрзан економски развој и трето борба против корупцијата и организираниот криминал што брзо ќе заврши со воспоставување на владеење на правото. Дали ова ви е некако многу познато, како да сте го слушале сите овие 32 години. Ако е така тогаш добро е да се чуе уште илјада пати, само што во истиот момент треба да заборавите што сѐ ни е ветувано во изминатите три децении и кој за што бил и што сработил додека бил на власт и на што жестоко се спротивставил додека бил во опозиција.

Да тргнеме од евроинтеграциите. Ни ветија никако во ЕУ по секоја цена. Поверуваа мнозинството граѓани. Ни ветија подобар договор со Грција. Никогаш Северна, секогаш само Македонија. И на тоа поверуваа мнозинството граѓани. Никако уставни измени под бугарски и француски диктат. И на тоа поверува истото мнозинство и ги донесе на власт големите патриоти. И сега што правиме кога во власта веќе ќе нема предавници како што вели Денко Малески. Се знае што ќе правиме, предавниците и странските платеници ќе бидат непријателите во опозицијата кои ќе ги кочат работите како што тоа го правеа за време на „груевизмот“. Тие ќе бидат виновни за сѐ што не чини.Погодете од три пати што ќе се случува со почнатите преговори со ЕУ.

1. Ќе се изгласаат уставните измени и ќе влезат Бугарите во уставот со пониска цена, без бугарски диктат.
2. Ќе се постигне подобар договор со Грција.
3. Ќе стане ли Македонија полноправна членка на ЕУ горда и достоинствена за време на новиот десетгодишен мандат на ВМРО ДПМНЕ.

Мојот најоптимистички одговор би бил дека уставните измени ќе се донесат во наредните шест месеци и преговорите со ЕУ ќе продолжат. Цената ќе биде иста ако се побрза, ако не ќе биде повисока, бидејќи таа веќе порасна од домашните блокади на преговорите со ЕУ. Добрите вести ќе ја прикажат оваа козметичка операција како голем успех за да нема разочарување на граѓаните кои веруваа дека ќе нема уставни измени. Сите други варијанти би означиле катастрофа за иднината на Македонија.

Вториот принцип за побрз економски развој со нови задолжувања е илузија ако не се оствари првиот принцип со евроинтеграциите и остварување на реформите предвидени во преговорите и помогнати од европските фондови. Напуштањето на преговорите со ЕУ ќе означи уште поголема катастрофа со голема веројатност да го изгубиме и она што сме го стекнале со големите отстапки. И третиот принцип за успешна борба против високата корупција и организираниот криминал со воспоставување на владеење на правото по седумте „гладни години“ на опозицијата ќе важи само за злоупотребите на претходната власт, а и тоа не е баш најсигурно. Со оглед на досегашните искуства.

Живи биле па виделе.
Без грам иронија и сарказам, сакам моите проценки да бидат погрешни.
Ерол Ризаов

   

Најново

Оружје наместо автомобили – новата реалност на Чешка

Sase Ivanovski

Во Скопје наврна најмногу дожд

Sase Ivanovski

На Светскиот образовен форум и министерката Весна Јаневска

Sase Ivanovski

ВРЕДИ гарантира стабилност со бројки во владата, како важен столб на парламентарното мнозинство

Sase Ivanovski

Муцунски во работна посега на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија

Sase Ivanovski

Грција во план за унифицирана наплата на патарина со Србија

Sase Ivanovski

АД МЕПСО: Струја немаше поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со мала облачност

Sase Ivanovski

Наместо од аптеките, таблетарната хормонска терапија пациентите ја земаат од Клиниката за онкологија

Sase Ivanovski

Мексикански висок брод удри во Бруклинскиот мост, скрши јарболи и уби 2 члена на екипажот

Sase Ivanovski

Американска живеачка: Плати од 55.000 долари, леб два долара, млеко еден долар…

Sase Ivanovski

Трамп со полициски Тесла автомобили се „шета“ низ Доха

Sase Ivanovski

Во Романија утрово се отворија гласачките места за вториот круг од повторените претседателски избори

Sase Ivanovski

Тошковски: Заедно со амбасадорот на Австрија, г. Мартин Памер, присуствувавме на официјалното примопредавање на противпожарно возило – донација од Покраината Тирол, Австрија, наменето за Доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ од Охрид и Дебрца

Sase Ivanovski

Во Полска денеска се одржуваат претседателски избори

Sase Ivanovski

Дупка затрупана со песок на „Партизанска“, но без предупредување за возачите…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени

Sase Ivanovski

Европски град им нуди на туристите бесплатни погодности: Постои еден услов и можете да го исполните за два дена

Sase Ivanovski

Бомба експлодира во Клиника за репродуктивно здравје во Калифорнија, еден загионат, петмина повредени

Sase Ivanovski

Со позитивна атмосфера против булингот…

Sase Ivanovski

Европа се „предомисли“ за дел од амбициозната зелена агенда и строгите таргети за намалување на загадувањето со јаглероден диоксид од автомобилската индустрија, под притисокот на европските брендови кои се соочени со силна конкуренција од кинеските електрични возила

Sase Ivanovski

Спортско-рекреативен настан „Шпаркасе лајф – прв до врв“ на Водно

Sase Ivanovski

Герасимовски: Кога младите ќе застанат едни до други и кога ќе изберат емпатија наместо насилство – тогаш сите победуваме

Sase Ivanovski

Вучиќ: Готово е со обоената револуција и блокадерските барања. Го слушам само нашиот народ! Живее и ќе живее Србија!

Sase Ivanovski

Поштарот некаде не ѕвони ни еднаш во месецот, доцнат писмата, пратките и сметките

Sase Ivanovski

Архитектката Даница Павловска ја проектирала фонтаната која е споменик за Егејците и била поставена по повод нивната средба во 88ма година во Скопје

Sase Ivanovski

Поради спортско-рекреативен настан „Прв до врв“ денеска посебен сообраќаен режим

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Колумбијци им свиреа македонска музика на луѓе од Бангладеш…

Sase Ivanovski

Србија е втора земја во Европа по број на обложувалници и казина по глава на жител

Sase Ivanovski

Место каде никој не работи за плата, но имаат се што им треба

Sase Ivanovski

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ има годишна конференција

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Противпожарната опрема во јавни објекти ја сервисираат приватни компании за багателни цени!

Sase Ivanovski

Претежно ведро и сончево време со слаб променлив ветер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Австрија победи на Евросонг 2025 во Базел

Sase Ivanovski

Урбаните моторџии денес возат во знак на борбата за заштита на машкото здравје

Sase Ivanovski

Граѓани од Македонија заминаа да го поддржат Вучиќ во Ниш

Sase Ivanovski

Љупчо Поповски: Салвадор во Македонија

Sase Ivanovski

Американец под изолација во болница во Прага, постои опасност дека е заразен со ебола

Sase Ivanovski

Рубио: Трамп сака да се сретне со Путин што поскоро, се размислува за местото и датумот на средбата

Sase Ivanovski

Макрон во центарот на изборната пресметка помеѓу двајцата кандидати за претседател на Романија

Sase Ivanovski

Авионот со 199 патници летал 10 минути без пилот, копилотот се онесвестил заклучен во пилотската кабина

Sase Ivanovski

Торнада направија пустош во делови од Мисури и Кентаки, загинати луѓе, урнати објекти

Sase Ivanovski

Половина Македонија ноќеска остана без струја

Sase Ivanovski

Села: Таравари не треба да биде пречекан со раширени раце во Европскиот фронт

Sase Ivanovski

Загрижувачки 30 проценти од трудниците се соочуваат со депресивни потешкотии

Sase Ivanovski

Aнела Ставревска-Панајотова: Националниот парк Шар Планина е простор каде луѓето и природата живеат во рамнотежа

Sase Ivanovski

Вицепремиерот Фетаи на гости кај Курти со функционери на Алијанса

Sase Ivanovski

Таравари: Не сакавме да бидеме само декор во Владата

Sase Ivanovski

Николоски: Партнерството со Британија значи инвестиции, силна економија и стратешка позиционираност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Инцидент со обезбедувањето на Александар Вучиќ

Sase Ivanovski

Цела Финска денеска ја слушаше песната Darude

Sase Ivanovski

Зошто во зградите во Македонија има стубови иако ги нема никаде во светот?!

Sase Ivanovski

Трамп ќе им даде на Саудијците нуклеарен реактор и акции во воената индустрија во размена за 1 трилион долари

Sase Ivanovski

Во 1966-та Русите употребиле нуклеарна бомба за да угасат запалено наоѓалиште на гас

Sase Ivanovski

Бил Гејтс и татко му стојат зад приказната на Старбакс

Sase Ivanovski

Рама го пречека Мицкоски пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница 🇪🇺 во Тирана

Sase Ivanovski

Неверојатен гаф на преговарач на Трамп за Украина: Користел руски шпион како преведувач на средба со Путин

Sase Ivanovski

Casa Batlló, уште еден доказ дека Гауди бил пред своето време. Денес архитектите цртаат на компјутер тој цртал од душа

Sase Ivanovski

Пет години, жителите во зграда на улицата Орце Николов број 206 спроти Машински факултет во скопски Карпош живеат во страв дека зградата ќе се запали, поради несоодветно изградена вентилација на ќебапчилница која се наоѓа во деловен објект во нивната зграда

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Премиерот Мицкоски најави инвестициски циклус од 6 милијарди евра

Sase Ivanovski

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: Прим. д-р Весна Деловска Стојкова, педијатар-неонатолог – 25 годнини на патот на иновациите и медицинските достигнувања

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Високиот крвен притисок е тивок убиец и предизвикувач на срцеви и бубрежни болести, мозочен удар, деменција и многу друг состојби

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Три средни медицински училишта во посета на клиниката

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиниката Жан Митрев е горд дел од паневропската кампања за превенција од меланом и сите видови на кожни карциноми, во склоп на Еуромеланома

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: Д-р Анџелка Илиева – Кога бенката не е само бенка?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: Д-р Димче Марковски – Зад ‘рчењето се крие ризик – Што е ноќна апнеа?

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Спортувате и сте физички активни?

Sase Ivanovski

БИЗНИСМЕНОТ СЕНАД РАМОВИЌ ПОДНЕСЕ КАНДИДАТУРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДОЛНЕНИ ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Кога станува збор за најважниот ден во вашиот живот – изборот не смее да биде случаен!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: Блаже Арсов, дипломиран физиотерапевт – 25 години на патот на иновациите и медицинските достигнувања

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Катаракта или попозната народски како ,,перде,, се нарекува зматувањето на природната леќа во окото

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Контракциите се природен процес на патот кон раѓањето, но што ако се појават порано од очекуваното?

Sase Ivanovski

Клиника „Жан Митрев“ со свои претставници учествуваше на Саемот за Вработување и кариера во склоп на 22 годишниот јубилеј на American University of Europe – FON

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Што е пародонтална болест и како да ја спречите?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: Д-р Ристе Зимоски, специјализант по општа хирургија, зборува на тема – Болест на каротидните артерии

Sase Ivanovski

Клиниката “Жан Митрев”, вработува готвач

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: Д-р Владимир Кижески, специјалист по гинекологија и акушерство – 25 години на патот на иновациите и медицинските достигнувања

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Здравјето и спортот одат заедно

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Зачувајте ги матичните клетки од вашето бебе и овозможете побезбедна иднина за него и вашето семејство!

Sase Ivanovski
Вчитувам....