МАКТЕЛ

     

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

      

Еден вработен истовремено работи задачи и на уписничар, сметководител, записничар и доставувач, а во сите обвинителства работат само шестмина информатичари, стои во Годишниот извештај на обвинителствата поднесен до Собранието Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година кој денеска беше доставен до Собранието. „Овој број претставува само просек и приливот и обемот на работа во одредени обвинителства е значително поголем“, се вели во Годишниот извештај.

Предвидениот број на јавни обвинители, според извештајот, изнесува вкупно 261. Во 2023 година пополнети биле вкупно 179 места, односно едвај 68,6% од предвидениот број. Недостасува повеќе од една третина од потребниот број јавни обвинители. Во исто време, во текот на 2023 година, осуммина обвинители заминале во пензија, а уште еден побарал да му престане функцијата додека против него трае дисциплинска постапка. Минатата година, исто така, му истече мандатот и на главниот Јавен обвинител Љубомир Јовевски, а на негово место дојде Љупчо Коцевски. Сепак, обвинителството успеало да ангажира 14 нови обвинители, со што вкупниот број во однос на 2022 година се зголемил за 5.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во својата анализа на капацитетите на јавното обвинителство, имајќи го предвид стапување во сила на Законот за кривична постапка и улога на јавниот обвинител во кривична постапка, со кои се предвидува проширување на надлежностите на јавниот обвинител во постапката, утврди дека е потребно зајакнување на капацитетите на јавните обвинителства со јавни обвинители, јавнообвинителска стручна служба и технички персонал, стои во извештајот.

Во сите обвинителства работат само шест информатичари

   

Освен тоа, се потенцира и недостатокот од кадар од областа на информатичко-комуникациските технологии. Не само што е мал бројот на ИТ кадар, туку и не постои интерс за нивните огласи за вработување на нови луѓе на овие позиции. „Ова дотолку повеќе што постојано се појавуваат потреби за вклучување нови софтверски решенија и сложени системи кои треба да овозможат електронско управување со предметите и меѓуинституционална интероперабилност“, пишува во извештајот. Таму се додава оти на ниво на сите јавни обвинителства во 2023 година биле пополнети вкупно само 6 работни места за ИТ кадар, што ни оддалеку не ги задоволува потребите на јавните обвинителства за ваков кадар кој е неопходен и за одржување на системот за електронско управување со предметите, но и за непречено функционирање на опремата во истражните центри.

„Дополнителен проблем претставува слабиот интерес за аплицирање за овие позиции на објавените огласи за вработување во јавните обвинителства“, се вели во извештајот. Забележителен е проблемот од недостиг на администрација бидејќи еден вработен истовремено работи задачи и на уписничар, сметководител, записничар и доставувач. „Ова од друга страна носи со себе голем број на ризици во однос на ефективното и ефикасното извршување на работните задачи. Тука посебно треба да се нагласи и континуираната потреба од редовни обуки за усовршување и развој на дополнителни вештини кај постоечките човечки ресурси“, стои во извештајот.

Одобрениот буџет за 2023 година за обвинителствата изнесувал околу половина од она што било побарано, а севкупно претставува 0,2 отсто од државниот буџет.

Потребните финаниски средства е неопходно да се обезбедат за да не се доведе во прашање извршувањето на функцијата и со цел да се овозможи непречена работа на обвинителствата. Во услови на континуиран раст на трошоците по сите основи, од комунални услуги до трошоци поврзани со вештачења и директна примена на Законот за кривична постапка, Буџетот на Јавното обвинителство не ги алиментира овие потреби. Министерството за финансии треба да ги напушти механизмите на контрола на веќе одобрениот буџет и за трошењето на средствата да одлучува и да одговара јавното обвинителство, стои во извештајот.

Ребалансот на буџетот уште повеќе ја загрозува работата на обвинителствата

Со новиот ребаланс на буџетот за оваа 2024 година, парите предвидени за правосудството, вклучувајќи и обвинителствата драстично се намалува. Јавниот обвинител Коцевски, обраќајќи се пред Комисијата за финансирање и буџет посочи дека кратењето на буџетот кој и така претставува само половина од законски предвидените средства, уште повеќе ја загрозува работата на обвинителствата. Особено што дел од кратењата (80.000 евра) се токму во делот за тековно одржување на системите, вклучително и хардверскиот и софтверскиот систем и објектите на обвинителствата.

 

Според Годишниот извештај, во текот на 2023 година, бројот на кривични пријави до основните обвинителства бил понизок, но тоа главно се должи на повеќемесечниот штрајк на јавнообвинителската администрација, кога се примаа само итни пријави. Лани основните јавни обвинителства во државава постапувале против вкупно 36.227 сторители на кривични дела, од кои новопримени биле пријави против вкупно 23.726 сторители на кривични дела. Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, пак, бројот на пријавени полнолетни сторители во 2023 година е зголемен за 21,5% во однос на 2022 година.

   

Најново

Јаневска: растат платите во образованието, инвестираме во инфраструктурата и во нови наставни програми и учебници

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен велешанец, управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полициски службеник

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Досега не се разговарало за размена на ресори, Таравари пак се интересираше само за бизниси и за Груби и за Заев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: Размена на искуства, знаење и силна поддршка од Обединетите Арапски Емирати во градење на модерна, успешна и напредна полиција

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска во Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ – Реформите остануваат клучни за конкурентноста на европската економија во контекст на сегашните геополитички случувања

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Заменик министерот за внатрешни работи Исени оствари средба со турскиот амбасадор Н.Е.Фатих Улусој

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Kривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Sase Ivanovski

ЈП Комунална хигиена-Скопје: ДЕМАНТ НА ИЗЈАВА НА ДЕЈАН МИТЕСКИ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, партија која ја распродаваше државата како на попуст во трговски центар, зборува за надворешна политика

Sase Ivanovski

Средба Жаклина Пешевска, со полковничката Антониела Станковска-Будимир: Заложби на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во унапредување на жените во одбраната

Sase Ivanovski

Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Обвинителот Марковски за пресудата од 12 години: Денешниот ден за Обвинителството е поголема победа, Обвинителството го задржува правото на жалба и да бара повисока казна

Sase Ivanovski

Јермак: Отсуството на Путин во Истанбул ќе биде „последен сигнал“ дека Москва не сака завршување на војната

Sase Ivanovski

Девојката со Путин не му е ќерка, креирана е со вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

Ерол Ризаов: Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Приведена скопјанка осомничена за измама при продажба на стан

Sase Ivanovski

Во Индија 14 лица починаа откако испиле отровен пијалок

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа

Sase Ivanovski

Кошта на средба со Вучиќ: Топката е на ваш терен

Sase Ivanovski

СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика – Владата не знае каде тера

Sase Ivanovski

Јаневска: Премиерот ќе одлучи дали ќе бидам министерка за здравство

Sase Ivanovski

Косовското собрание ниту во 15-тиот обид не успеа да избере претседател и потпретседатели

Sase Ivanovski

Нема да има реконструкција, туку само смена на министри, велат од Владата

Sase Ivanovski

Отстранета дивоградба на улица Киро Крстевски – Платник, просторот ќе се намени за граѓаните

Sase Ivanovski

Јаневска: Лажните дипломи се јавна тајна, но тешко се докажува криминалното дело

Sase Ivanovski

Приведен велешанец кој возел пијан и нападнал полицаец

Sase Ivanovski

Србија им објави војна на фалсификаторите на мед

Sase Ivanovski

Фрчкоски за кривичната пријава: Срамен притисок врз критичарите на власта

Sase Ivanovski

Шведски дипломат осомничен за шпионажа е уапсен во Стокхолм

Sase Ivanovski

Владата со суперапликација ќе ги доближува услугите до граѓаните

Sase Ivanovski

Жерновски: Ниедна политичка партија не напушта Влада која е успешна – АА не е било која партија, туку главниот senior partner

Sase Ivanovski

Четири бугарски минерални води аплицираат за поголема европска заштита

Sase Ivanovski

Семејството на Фросина повикува утре на протест по пресудата за Васил Јованов

Sase Ivanovski

Индиски возачи управуваат со македонската градежна механизација

Sase Ivanovski

Политичкиот егоизам предизвикува блокада на Косово

Sase Ivanovski

(ФОТО) Градското собрание Хилверсум во Холандија

Sase Ivanovski

Дојава за бомба во авион на „Рајанер“ – драма на аеродром во Белгија, откажани сите летови

Sase Ivanovski

Демировски тврди дека градоначалникот на Шутка избегал од Македонија?!

Sase Ivanovski

ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ ПРИЗНА ДЕКА ЗГРЕШИЛ СО ГРУЕВСКИ!

Sase Ivanovski

Реформите остануваат клучни за конкурентноста на европската економија, порача Димитриеска-Кочоска од Брисел

Sase Ivanovski

Познатиот американски бизнисмен Крис Павловски со македонско потекло кој важи и за многу близок човек на Трамп, негира дека тој ја органзиирал и ја платил посетата на македонската делегација во Вашингтон за инаугурацијата на Трамп

Sase Ivanovski

Владата на Полска му забрани на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик да влегува во таа земја и да транзитира низ неа, објави сараевскиот портал Politiki.ba

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Обвинителот бара Јованов да остане во притвор, адвокатот се противи, обвинетиот пак „нема никакво барање“

Sase Ivanovski

Кина ја укина забраната за испораки на авиони „Боинг“ по трговскиот договор со САД

Sase Ivanovski

РКЕ: Од 1 јуни македонските трговци со електрична енергија ќе можат да снабдуваат 1.000 потрошувачи од Косово

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патот Берово – Виница, сообраќајот во прекин

Sase Ivanovski

Меџити кон Таравари: Ти не ја напушти владата, туку ја предаде, не се враќаш кај народот, туку кај „црната листа“

Sase Ivanovski

Трамп: ЕУ е полоша од Кина

Sase Ivanovski

Касами: Не се исклучува можноста министерското место во здравсто да биде на ВМРО-ДПМНЕ, а Влен да добие друг ресор

Sase Ivanovski

Македонски концепт: Таравари го претвори здравството во сектор „паркинг“ и ги предаде Албанците

Sase Ivanovski

Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните

Sase Ivanovski

(Видео) „Тече од сите страни во училиште во Битола под водство на Тони Коњановсен“: Илиевска со знаме на Шведска излезе на говорница

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Апел до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови

Sase Ivanovski

Пешевска: Комисијата за еднакви можности е силна алатка за заштита и унапредување на женските права

Sase Ivanovski

(Видео) „Скандинавскиот асфалт на Коњановсен се распадна 20 дена по асфалтирањето“, вели советникот Иван Чулакоски

Sase Ivanovski

12 години затворска казна за Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова

Sase Ivanovski

Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

Кривична пријава за Фрчковски, осомничен е за злоупотреба на буџетски пари во САД

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Таткото на Фросина Кулакова, Тодор, револтиран од висината на казната, ја напушти судницата

Sase Ivanovski

Колку Македонци работат за Крис Павловски?

Sase Ivanovski

Манасиевски: Филипче да ја покаже потврдата од Министерството за здравство од ОАЕ за студирање медицина, ако воопшто ја има

Sase Ivanovski

Герасимовски: Отворен Јавен повик за „Нож и виљушка на европска чинија“, да се поврземе со светот

Sase Ivanovski

Реакција на ОО СДСМ Прилеп на вчерашното пуштање во употреба на новата детска градинка „Бајка“

Sase Ivanovski

Акциска контрола на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво

Sase Ivanovski

Децата со типичен и атипичен развој обединети повторно во игра и дружење на „Гуш и бац е љубов“ во Градскиот парк

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени кои се евакуираат се Филипче и Заев со стекнатиот капитал во Дубаи, а тоне само рејтингот на СДС

Sase Ivanovski

Брисел: Муртезани и Суперти со заедничка заложба за напредок на реформите и отворање на првиот Кластер

Sase Ivanovski

(ФОТО) 5 – та еколошка акција “Генералка викенд” во Куманово

Sase Ivanovski

Петрушевски до Бочварски: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам и политичко глодарство

Sase Ivanovski

(ФОТО) 10 – годишнина од трагичниот настан во Диво насеље

Sase Ivanovski

Фудбалски клуб Вардар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на ОАЕ, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Мицкоски од Самитот на Македонија 2025 – стабилизација на државата и зголемување на економскиот раст, нова владина суперапликација за дигитални услуги, се работи на едносменска работа во училиштата

Sase Ivanovski

Лишен од слобода ресенчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Мехмед II наречен „Освојувачот“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Австралија, Питер Џорџ Трасвел

Sase Ivanovski

Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните

Sase Ivanovski

Основни поими за кокошката

Sase Ivanovski

ТАРАВАРИ ГИ ПРЕДАДЕ АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski
Вчитувам....