19.8 C
Скопје
20/06/2025 03:07
МАКТЕЛ

   

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

      

Уште во далечната 2006 година на студентите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) им беше ветена најмодерна спортска сала, која дури по 11 години – во 2017, се изгради на кампусот. Седум години подоцна, изградената сала не е пуштена во употреба, нема сопственик, a за нејзината изградба од Агенцијата за млади и спорт (АМС) тврдат дека се потрошени 124.205.636 денари (околу 2 милиони евра) државни пари.

Изградбата на оваа сала е инвестиција на АМС и Владата на РСМ, која се простира на 6.000 метри квадратни со 800 седишта за публика. Објектот нема обезбедување, вратата е заклучена, но затоа внатре може да се влезе преку многуте искршени прозори. Ова го стори и редакцијата на Мета.мк, а внатре нè пречекаа искршени стакла, ѓубре, превртени кошеви, оштетени душеци, па и разнесени седишта. Ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова, вели дека спортската сала е неопходна за одвивање на наставата по предметот „Спорт и здравје“, за студентите на сите универзитетски единици. Таа би требало да биде решение за просторниот проблем и недостоинствените услови во кои се одвива наставата по овој предмет на најголемиот универзитет во државата.

Не се знае кога студентите ќе може да ја користат салата

   

Иако во последните години често се даваа ветувања за наскоро отворање на салата, ректорката на УКИМ вели дека сè уште не се знае кога ќе се случи тоа. Од универзитетот велат дека имаат направено проценка на изведбата и усогласеноста на изведените работи наспроти проектираните. Оттаму велат дека според документацијата која им била доставена од Агенцијата за млади и спорт,  објектот има недостатоци кои ги нарушуваат барањата на градбата и дека не постои писмена согласност од надлежните за прифаќање на сите измени во текот на градбата.
„Сѐ додека не се запазат законските процедури за отстранување на недостатоците и спроведување технички преглед, не можеме да претпоставиме кога ќе биде пуштена во употреба“, вели Ангелова.

Меѓутоа, од Агенцијата за млади и спорт за Мета.мк коментираат дека проценката за реконструкција од УКИМ не е доставена до нив.
„Висината на средствата за нејзино реконструирање и доуредување не е одредена. Во изминатиот период се направени низа состаноци на кои е договорено стручни лица, професори од УКИМ да направат проценка и проект за реконструкција на салата. Проектот и проценката сè уште не е доставен до нас од страна на Универзитетот за да знаеме колку средства ни се потребни за нејзино ставање во употреба“, коментираат од АМС и додаваат дека по доставување на проценката, АМС ќе ги обезбеди потребните средства.

Топката на одговорност се префрла додека спортската сала се распаѓа

Во врска со штетата врз салата, ректорката вели дека веќе со години истата е мета на вандали и крадци, но и дека оштетувањата започнале уште за време на самата изградба. Ангелова посочува дека според Законот за градење, изведувачот е должен да спроведува мерки за заштита и сигурност на градилиштето.
„Оштетувањата се интензивирани откако изведувачот „Алкон проект“ влезе во стечајна постапка и судски спорови со Агенцијата за млади и спорт. За време на нејзината изградба имаше чуварска служба која беше обезбедена од страна на изведувачот, а со тоа имаше некаква контрола на безбедноста во салата барем преку ден. Денес, немаме информација чие е владението на спортската сала“, објаснува таа.

Од 2013 година, тендерот за изградба на салата распишан од АМС го добива фирмата „Алкон проект“. Но, за текот на изградбата, минуваат низ судски спор, а АМС беше должна да исплати 810.000 евра на Алкон проект. Судскиот спор се отвори откако Агенцијата за млади и спорт обвини дека од Алкон проект граделе со измени кои не се одобрени од проектантите на основниот проект и инвеститорот. И основниот и второстепениот суд, сепак одлучуваат во корист на Алкон проект.

„Фирмата Алкон проект ги доби пресудите на пониските судови затоа што тврдеше дека поднела времена ситуација – попис и фактура на сѐ што е сработено во конкретна фаза од градењето на објектот, а Агенцијата не ја платила целосно. Од Агенцијата, пак, тврдат дека фирмата наместо во квадратни метри дел од материјалот го прикажала во кубни метри. Затоа побарале и платиле коригирана времена ситуација во помала сума, со која тврдат дека претходната се става надвор од сила“, пишуваа 360 степени во 2020 година за случајот.

Потоа, АМС поднесува ревизија на пресудата на гостиварскиот Апелационен суд до Врховниот суд. Како што пишуваа од 360 степени, Врховниот суд сметал дека ревизијата е основана од причина што пресудата е нејасна, како и дека пониските судови не испитале дали предметниот договор содржи одредби како ќе се утврди конечната вредност на објектот и доколку содржи, како се однесувале договорните страни.
„Судскиот процес трае, на Врховен суд е. Чекаме пресуда да знаеме што се случува. Некаде е позитивно негде е негативно, се чека одговор од Врховниот суд“, изјави директорот на АМС, Николче Мојсовски за Мета.мк во врска со текот на судскиот процес.

За оштетата и одговорноста за чување на салата, од АМС велат дека салата е оштетена од причина што по завршување на градежните активности истата не била приклучена на водоводната и канализационата мрежа, што претставувало обврска на Универзитетот.
„Согласно Законот за градење обврска за чување и обезбедување на градилиште и објект е на изведувачот на градежните активности се до примопредавање на објектот на инвеститорот или на крајниот корисник на објектот“, кажуваат оттаму.

Очигледно е дека покажувањето со прст и префрлањето на вината не помагаат за отворањето на спортската сала за студентите на УКИМ, а останува да видиме уште колку години ќе се чека да профункционира проектот од 124 милиони денари.

   

Најново

Татко се онесвести кога дозна дека неговиот син е извлечен мртов од урнатините во Киев, бројот на загинати порасна на 23

Sase Ivanovski

Најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори наесен очекува вицепремиерот Николоски

Sase Ivanovski

Објавен е јавниот повик за набавка на 120-те еколошки автобуси од кои 80 ќе бидат наменети за Град Скопје, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски

Sase Ivanovski

Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски

Sase Ivanovski

Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Зеленски го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на украинските копнени сили

Sase Ivanovski

МВР доби пријава за инцидентот во општина Кочани во кој вработена беше удрена со шише вода

Sase Ivanovski

Трамп го напушти самитот Г7 предвреме поради Макрон и Зеленски, пишува „Фајненшл тајмс“

Sase Ivanovski

Владе Дивац повреден во сообраќајна несреќа во Црна Гора

Sase Ivanovski

ЗНАЧИ КОГА ЌЕ ТЕ ПОТЕРА МАЛЕР Силен земјотрес го погоди североисточен Иран

Sase Ivanovski

Макрадули: Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, има поделби

Sase Ivanovski

Иран бара од Советот за безбедност на ОН да ги осуди нападите на Израел

Sase Ivanovski

Димитров во „Вин-Вин“: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот наратив дома и веројатно погрешно пласиран

Sase Ivanovski

Нетанјаху за војната со Иран: Го менуваме лицето на светот

Sase Ivanovski

Контролорите на летање најавуваат целосен штрајк: Македонското небо би можело да се затвори на 10 јули

Sase Ivanovski

Нов изглед на „Alexandria Premium Cuvée“ во јубилејната 140 година на „Тиквеш“

Sase Ivanovski

Мицкоски за можен влез на Тачи во Владата: Апсолутно се е можно, ама нема потреба

Sase Ivanovski

Захарова: Косово е дете на Западот и плод на агресијата на НАТО

Sase Ivanovski

Клековски: Сите трошоци за лекувањето на повредените во ,,Пулс” ќе бидат подмирени од Владата

Sase Ivanovski

Убиени се 84 цивили за еден ден во Газа

Sase Ivanovski

Мерц во телефонски разговор со Нетанјаху повика на умереност во кампањата на Израел против Иран

Sase Ivanovski

Израел го бомбардираше нуклеарниот реактор во Арак и нуклеарната постројка во Натанц

Sase Ivanovski

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта, градоначалникот ветува дека ќе се одржи

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ Што се случува со некогаш големата СДС: Во Скопје лажни вести и некрофилија, во Кочани функционери на СДС делат тупаници

Sase Ivanovski

Бронзени бисти „магично“ снемуваат од гробиштата во Бутел

Sase Ivanovski

Мицкоски продолжува како расипана плоча, нема одговор на ниту едно прашање

Sase Ivanovski

Од Битола ќе започне одбележувањето на пет децении на сцената на култните ,,Леб и сол”!

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Обезбедени се дополнителни средства за исплата на зголемените пензии, инвестициите остануваат приоритет

Sase Ivanovski

Колку заработуваат сезонските работници во Хрватска и Црна Гора?

Sase Ivanovski

ТИЕ ШТО НЕМААТ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ КРАДАТ ТУЃИ ПОДАТОЦИ Често има вакви измами кон Фондот за здравство

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛСКИ МИНИСТЕР СМРТНО МУ СЕ ЗАКАНИ НА АЈАТОЛАХОТ „Тој не смее да продолжи да постои“

Sase Ivanovski

Путин: Подготвен сум да разговарам со Зеленски, но тој нема легитимитет да потпише ништо

Sase Ivanovski

Додека реновирал во домот, кавадарчанец пронашол експлозив скриен во ѕидот!

Sase Ivanovski

СДСМ: Кој лаже за пругата, Мицкоски или Кочоска?

Sase Ivanovski

Мицкоски: По 7 години, денес се отвори етно-комплексот „Македонско село“

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2600 дечиња

Sase Ivanovski

Мицкоски: Над 8 милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците

Sase Ivanovski

ФОКУС: Власта има стабилно мнозинство, но и недостигаат 6 пратеници за Бадентер!

Sase Ivanovski

Нотарите бараат поскапи услуги поради зголемени трошоци и стари тарифи

Sase Ivanovski

Кој е советникот Акиов, кој тргна во физичка пресметка и повреди службеничка во Кочани?

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Повеќе пари за институциите кои имаат подобра реализација на капитални проекти

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Се подготвува еврообврзница за следната година

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: СДС го штити насилникот во Кочани од своите редови, тој и понатаму продолжува да биде нивен коалиционен партнер

Sase Ivanovski

Крстевски по инцидентот во Кочани: Преку опструкции партискиот интерес е ставен пред прогресот на Кочани

Sase Ivanovski

Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски за најавите за штрајк од контролорите на летање

Sase Ivanovski

Сообраќајна незгода меѓу автомобил и службено возило на МВР, повредени полицајци

Sase Ivanovski

Ларс Ренмарк, од седумчлениот тим од Гетеборг, Шведска, кој престојуваше во Кочани, како психолошка и морална поддршка за семејствата на настраданите: Пожарот во „Пулс“ е екстремен тест за општеството, поседувате ресурси што треба да се искористат

Sase Ivanovski

Нов ирански ракетен напад врз Израел

Sase Ivanovski

Арсовска до градоначалникот на Чаир: Вики, не глуми, какво поткровје секој со очи гледа нова незаконска зграда дивоградба со 40 стана

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во тепачката на седницата подебелиот крај го извлече вработена во општина Кочани. Интервенирала и полицијата

Sase Ivanovski

Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април

Sase Ivanovski

СЛОВЕНЕЧКИ ЕКСПЕРТ ЗА АМПУТАЦИИ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА Државата го најавува следниот чекор во третманот на повредените од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

ДОНАЦИЈА ОД 1 МИЛИОН ЕВРА ОД СОВЕТ НА ЕВРОПА: Педесетина македонски училишта ќе добијат фотоволтаични систем

Sase Ivanovski

ЦУК: Поројните дождови без сериозни штети, поплавени неколку објекти во Арачиново

Sase Ivanovski

МАЛЕСКИ: Без „предавствата“ државата ќе колабира

Sase Ivanovski

ПОРАКА ОД МОСКВА И ПЕКИНГ ЗА ТРАМП Американски напад врз Иран ќе значи опасна ескалација

Sase Ivanovski

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ Ќе има септемвриско покачување на пензиите

Sase Ivanovski

ВЛЕН до Арсовска: Дали бесправно изграден објект во Шутка му припаѓа на Илаз Лесковица – претседател на огранокот на ДУИ во Шуто Оризари

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Кочани е сардисано од опструкции, тврди градоначалникот

Sase Ivanovski

Пронајдено безживотно тело во Охридското Езеро

Sase Ivanovski

СДСМ: Го осудуваме насилството и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Кочани

Sase Ivanovski

Се зголемува цената на дизелот, бензините со иста цена

Sase Ivanovski

Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши повеќе

Sase Ivanovski

Раководителот за урбанизам во Маврово Ростуше кој беше фатен како прима мито осуден на три години и четири месеци затвор

Sase Ivanovski

Мицкоски за „Салтировски Консалтинг“ упати на Љупчо Коцевски во чии раце е истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Во Кочани се одржува средба на родителите на жртвите во пожарот со обвинителите

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Тепачка на седница на советот на Кочани. Се степаа советникот Акиов и координаторот на ВМРО ДПМНЕ Стојков

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се засилуваат притисоците од бугарска страна против усвојување на извештајот на Вајц

Sase Ivanovski

Министерот Тошковски на средба со директорката на Центарот за спречување конфликти на ОБСЕ во Европа, Кејт Фирон

Sase Ivanovski

Нападната вработена во основно училиште во Ѓорче Петров, жена фрлила стол и ја удрила

Sase Ivanovski

Газа: 18 убиени во израелско гранатирање во близина на пункт за дистрибуција на храна

Sase Ivanovski

Најмалку 25 загинати во иранските напади врз областа Тел Авив

Sase Ivanovski

Историска посета: Индискиот премиер Нарендра Моди пристигна во Загреб

Sase Ivanovski

Лице од Македонија прегазено од камион тежок 15.3 тони во Германија

Sase Ivanovski

ИСУСЕ ХРИСТЕ Бугарија се мобилизира против македонскиот идентитет и јазик

Sase Ivanovski

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба, се третира од тешки инфекции на изгорениците

Sase Ivanovski

Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

Sase Ivanovski

Средба на министерот Тошковски со Золт Бунфорд, специјален пратеник на унгарскиот премиер за Западен Балкан

Sase Ivanovski

Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Sase Ivanovski

Василевска: Пристапот кон европското семејство ќе се прави само врз основа на транспарентна и неоспорна одлука на граѓаните на Македонија

Sase Ivanovski
Вчитувам....