🔛Новата системска мерка за предадено јагне во кланичен капацитет во висина од 400 денари ќе продолжи во текот на цела година, а не само до мај како што беше досега. За ова денеска ги информирав сточарите на средбата во Битола.
➡️На нивно барање основната субвенција во износ од 1200 денари по грло продолжува.
ℹДополнително ги информирав за формираното Координативно тело, заедно со #АХВ и #ПлатежнатаАгенција, преку кое ќе ги утврдуваме сите можни манипулации, зголемување на санкции, контрола на ветеринарните друштва и утврдување на точната бројка на овците како приоритет.
🤝💰Секогаш сме заедно со земјоделците. За таа цел од оваа година на располагање се и средствата од интервентниот фонд кој е наменет за сите сектори вклучувајќи ги и сточарите.
✅Остануваме верни партнери на земјоделците, сточарите, во сите процеси.