ЗЛАТКО МАРИН: Се радувам што населбата Лисиче, конечно, по 60 години ќе добие сосема нова и современа училишна зграда
ЗЛАТКО МАРИН: Се радувам што населбата Лисиче, конечно, по 60 години ќе добие сосема нова и современа училишна зграда
СУДОТ МУ ЗАПЛЕНИ МИЛИОНИ ЕВРА НА ГРУЈО - Да му се конфискуваат плацевите на Водно, два стана, градежно земјиште во Центар и две градежни парцели во Крушево, бара обвинителството
СУДОТ МУ ЗАПЛЕНИ МИЛИОНИ ЕВРА НА ГРУЈО - Да му се конфискуваат плацевите на Водно, два стана, градежно земјиште во Центар и две градежни парцели во Крушево, бара обвинителството
(ВИДЕО) КРАЛОТ НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ, МОМИРОВСКИ ОД АЛФА МУ ИЗМИСЛИ СКАНДАЛ НА МАРИЧИЌ ВО ТУРЦИЈА, ОД ПРАВДА ДЕМАНТИРААТ - ЧИСТА БЕСРАМНА ЛАГА!
(ВИДЕО) КРАЛОТ НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ, МОМИРОВСКИ ОД АЛФА МУ ИЗМИСЛИ СКАНДАЛ НА МАРИЧИЌ ВО ТУРЦИЈА, ОД ПРАВДА ДЕМАНТИРААТ - ЧИСТА БЕСРАМНА ЛАГА!
МАФИЈАТА ПРЕД КОЛАПС: Обвинителството поднесе обвинение за „Плацовите на Водно“, бара и нов притвор за Камчев
МАФИЈАТА ПРЕД КОЛАПС: Обвинителството поднесе обвинение за „Плацовите на Водно“, бара и нов притвор за Камчев
Од 69-тата седница на Владата: Се формира комитет за продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција
Од 69-тата седница на Владата: Се формира комитет за продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција
ФИЛИПЧЕ НА ДЕНОТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ: ДОСЕГА ТРИ ПАТИ ГИ ЗГОЛЕМИВМЕ ПЛАТИТЕ НА МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР!
ФИЛИПЧЕ НА ДЕНОТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ: ДОСЕГА ТРИ ПАТИ ГИ ЗГОЛЕМИВМЕ ПЛАТИТЕ НА МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР!
БЕКТЕШИ: СИТЕ ФИРМИ КОИ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМАТ БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ОВАА ГОДИНА МАКАР ЗА 1 ВРАБОТЕН НЕМА ДА ИМААТ ОБВРСКА ДА ГИ ВРАЌААТ ПАРИТЕ КОИ ИМ ГИ ДАВАМЕ КАКО СУБВЕНЦИЈА!
БЕКТЕШИ: СИТЕ ФИРМИ КОИ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМАТ БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ОВАА ГОДИНА МАКАР ЗА 1 ВРАБОТЕН НЕМА ДА ИМААТ ОБВРСКА ДА ГИ ВРАЌААТ ПАРИТЕ КОИ ИМ ГИ ДАВАМЕ КАКО СУБВЕНЦИЈА!
ВЛАДА: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ЌЕ СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ ДИВОГРАДБИ ВО НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ И ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА
ВЛАДА: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ЌЕ СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ ДИВОГРАДБИ ВО НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ И ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА

10 милиона евра извоз – 170.000 до 200 000 јагниња ќе завршат на велигденските трпези во Италија и во Хрватска

Повеќе од 170.000 јагниња се извезени досега во Италија и во Хрватска, а се очекува до крајот на годината да бидат извезени повеќе од 200.000 јагниња, информира Сојузот на одгледувачи на овци.

Претседателот на овој Сојуз, Никола Ѓеоргиев, вели дека е постигната просечна откупна цена за јагнето од 140 денари, а највисоката достигната е 150 денари за килограм жива мера.

– Оваа цена е повисока за 20 отсто од ланската, но е далеку под производната цена која годинава ќе надмине 180 денари за килограм жива мера бидејќи имаме зголемени трошоци поради повисоките цени на храната. Ова покажува дека одгледувачите на овци сѐ уште не се во состојба да планираат заработка од производството – вели Ѓеоргиев.

Одгледувачите на овци, поради промената на однесувањето на потрошувачите во Италија кои сега многу повеќе консумираат конфекционирано јагнешко отколку цело јагне, имаат поголема можност да пласираат и потешки јагниња од 16 килограми.

– Италијанците полека ја напуштаат традицијата за консумирање на цели јагниња. Сега е порасната побарувачката на конфекционирано месо во вид на котлети, бут или други делови, но главно во свежа состорјба. Расте побарувачката на јагниња со тежина од 20, 25 и 30 килограми. Интересно е тоа што цената без разлика на големината на јагнето е иста годинава – вели Ѓеоргиев.

Одгледувачите на овци се надеваат и на пласман на јагне и во периодот од април до мај кога е православниот Велигден и тоа на домашниот пазар и евентуално во Бугарија.

– Очекуваме да го искористиме и летниот период кога во Грција се користи јагнешно, но околу 10.000 до 15.000 ќе ги пласираме во декември пред божиќните празници. Тоа значи годинава ќе ја завршиме со извоз на повеќе од 200.000 јагниња – вели Ѓеоргиев.

Одгледувачите забележуваат дека државата сѐ уште не ги исплатила субвенциите и покрај тоа што лани вети дека ќе ги исплати субвенциите кои ги зголеми за 50 отсто во текот на 2020 година.

– Деновиве сме во постојана комуникација со Министерството за земјоделство кое сѐ уште не ни кажува кога ќе бидат исплатени субвенциите. Годишниот календар е дека тоа ќе биде април, но во изминатите години субвенциите на одгледувачите на овци се исплаќаа во февруари. Не верувам дека и во април ќе ги добиеме субвенциите бидејќи на нив чекаат и овоштарите и тутунарите – вели Ѓеоргиев.

Македонското јагне традиционално се извезува во Италија и во Хрватска, повремено и во Бугарија.
Годишно во просек се продаваат скоро 2.500 тони јагнешко и овчо месо.

loading...

AnimeFreak animes online: Dr. Stone: Stone Wars (https://animefreak.ws/m/g5v8) Episode 11

4Anime 4anime english: Watch Dr. Stone: Stone Wars Episode 9