Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

100 Дена Влада – 100 дена грижа за секој земјоделец

Во првите 100 дена од мандатот на новата Влада и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, уште еднаш на дело ја докажавме грижата за секој земјоделец. Преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2022 година, за прв пат одеднаш, распишавме пет јавни повици за поддршка на земјоделците при набавка на трактори, набавка на силоси, изградба на мандри, набавка на опрема за производство на тутун и поддршка за рурална жена.

Преку јавниот повик за набавка на трактори, акцент ставаме на полјоделското производство. Овој јавен повик можат да го искористат сите земјоделски стопанства запишани во ЕРЗС, кои не ја користеле поддршката во последните пет години. Поддршката е во форма на кофинансирање во висина до 75% од вкупната вредност на набавениот трактор. Максималниот износ на поддршката за набавка на трактори е до 3.500.000 денари по корисник.

Јавниот повик за набавка на силоси е наменет за сите земјоделски стопанства запишани во ЕРЗС, за инвестиции во набавка на силоси, за житни и индустриски зрнести култури (јачмен, овес, ‘рж, тритикале и пченка), во сточарството со максимален капацитет од 25 тони. Поддршката е во форма на кофинансирање до 75% од вкупната вредност на набавката. Максималниот износ на поддршката е до 1.000.000 денари по корисник.

Поддршката за изградба на мандри е наменета за одгледувачи на добиток за инвестиции во градба, реконструкција и адаптација на објекти за преработка на млеко во бачилата. Висината на поддршката е во форма на кофинансирање до 75% од вкупната вредност. Максималниот износ на поддршката е до 600.000 денари по корисник.

Јавниот повик за набавка на опрема за производство на тутун е нова мерка за поддршка на тутуно производителите. Мерката може да ја користат производителите на тутун запишани во ЕРЗС, кои имаат минимален производствен капацитет од 0.5 хектари. Преку оваа нова мерка се врши кофинансирање на инвестиции во машини за расадување на тутун, машини за нижење на тутун и метални конструкции за сушење на тутунот. Максималниот износ на поддршката од оваа нова мерка е 4.500.000 денари по корисник.

(Сторијата продолжува по рекламите)

Двојно ја зголемивме поддршката за проектот рурална жена, па така сумата за поддршка од 3.000 евра во новиот повик ја зголемивме на 6.000 евра по корисник. Овој повик е наменет за жени носители на земјоделски стопанства, кои преку оваа мерка можат да извршат инвестиции во набавка на опрема за преработка или доработка на примарни земјоделски производи и набавка на услуги за спроведување на деловниот план на инвестицијата.

Сите пет јавни повици се отворени, а рокот за нивно аплицирање е до 20 мај 2022 година. Дополнителни информации за јавните повици, заинтересираните земјоделци можат да добијат во Платежната Агенција и канцелариите на подрачните единици на министерството.

Овој период од 100 дена, потпишавме и 103 договори за набавка на високопедигриран добиток, мерка вредна 253 милиони денари, преку која обезбедуваме нови 3.842 грла педигриран добиток. Со измените кои по барање на сточарите ги направивме за оваа мерка, се зголеми и нивниот интерес за мерката. Сега просекот на договорите е околу 3 милиони денари по корисник, за разлика од претходно кога вкупниот износ за целата мерка бил 3 милиони денари. Во услови на светска криза, преку оваа мерка даваме дополнителен поттик за развој на сточарството и млечната индустрија.

Покрај светската криза која се наметнува како последица од војната во Украина, редовно се исплаќаат субвенциите на земјоделците, па така во овој период се изврши исплата на субвенциите за полјоделците, субвенциите на лозарите, на производителите на млеко и субвенциите за овошни насади.

Сите мерки донесени во изминативе 100 дена од новата Влада имаат за цел поддршка, развој и модернизација на домашното земјоделство. Како министерство остануваме посветни и во наредниот период на грижата за секој еден земјоделец.

loading...

quên mật khẩu go88 go88 bằng thống kê tài xỉu go88

sunwin go88