7. ГОДИНА ПО РЕД – 100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

По повод Месецот на карциномот на кожа, меланом викендов во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се реализираа 100 бесплатни прегледи на бенки за своите пациенти. Прегледите ги изведуваа тимот дерматовенеролози со помош на најсовремениот дерматоскоп Mоle Max HD, со кој се овозможува прецизен скрининг и рана дијагноза на карциномот на кожа.

„Веќе неколку години наназад ја реализираме акцијата со давање бесплатни прегледи за граѓаните една сабота во мај. Околу стотина луѓе секоја година имаат можност да се прегледаат со најсовремена техника на дигитална дермоскопија Mole max HD. Акцијатa пред сè има превентивен карактер, но најзначаен е симболичниот аспект за алармирање за опасноста од појава на најопасниот рак на кожата меланом и негово навремено откривање и третман. Ако со време се открие, големи се шансите да се постигне добар резултат на излекување и преживување. Тука секогаш нагласувам дека старото народно верување дека бенките не треба да се чепкаат и да се оперираат и дека од тоа може да се добие рак се погрешни и неточни, а тоа е докажано во медицинската наука. Проблемот настанува кај оние луѓе кои доцна дошле на доктор поради тој страв, па веќе ниту операцијата не може да помогне во тие терминални фази на болеста“- објаснува проф. д-р Андреј Петров, специјалист по дерматовенерологија.

Со цел да се подигне свесноста на граѓаните за редовен и ран преглед на сомнителните бенки, оваа акција седма година по ред традиционално се одбележува во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Покрај акцијата која се одржа во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, проф. д-р Андреј Петров и д-р Весна Пљакоска викендов учествуваа и во кампањата за бесплатни дерматолошки прегледи под мотото „Да се заштитиме од сонцето, да спречиме рак на кожа!“, во оргснизација на Здружението на дерматовенеролози.