Парадата на гордоста во Скопје ќе започне со пристигнување на учесниците од 17:00 до 19:00 часот во паркот „Жена-борец“ (спроти Собрание на РСМ), потоа ќе има марш по улиците и концерт на стадионот на АРМ

ВОЗИМЕ КАКО МАНИЈАЦИ - МВР: 292 санкции за возачи што возеле пребрзо, 168 сообраќајни прекршоци во Скопје: 49 за пребрзо возење
ВОЗИМЕ КАКО МАНИЈАЦИ - МВР: 292 санкции за возачи што возеле пребрзо, 168 сообраќајни прекршоци во Скопје: 49 за пребрзо возење
Бугарските барања се напад на македонската нација, смета Фуере
Бугарските барања се напад на македонската нација, смета Фуере
Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те јазици на ЕУ
Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те јазици на ЕУ
Двајца загинати и 19 повредени во пукање во ноќен клуб во Осло
Двајца загинати и 19 повредени во пукање во ноќен клуб во Осло
КАЕВСКИ: Доста беа лаги од Мицкоски, да се извини и да ги поддржи државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Доста беа лаги од Мицкоски, да се извини и да ги поддржи државните позиции со Бугарија
Македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет
Македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет
ПЕНДАРОВСКИ: Очекувам третата парада на гордоста во Скопје да се одржи во мирна атмосфера, без инциденти, во атмосфера на толеранција и прифаќање. Да покажеме солидарност со нашите сограѓани затоа што достоинството, еднаквоста и правдата се за сите граѓани

Абдурахмани: „Везешари“ веќе продава јајца во НАТО, ги охрабрувам македонските компании да ја искористат оваа можност, да работиме да ги исполниме условите

Преку НАТО Центар за поддршка на домашните компании што од денеска ќе функционира во Министертсвото за одбрана, фирми од земјава ќе може да учествуваат на тендери за потребите на Северноатлантската алијанса, кои на годишно ниво изнесуваат 5 милијарди евра.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска порача дека во НАТО центарот домашните компании ќе имаат поддршка, не само административна, туку и за успешно аплицирање на тендери и поврзување со светските гиганти кои веќе имаат договори со НАТО-агенциите, а имаат потреба и од добавувачи.

– Нашето членство во НАТО Алијансата сакавме да го гледаме и како шанса за зголемена ефикасност и мислам дека денешното отворање официјално на Центарот покажува дека навистина сме ја зголемиле ефикасноста и на нашите институции. Со навистина многу добра соработка со Министерството за финансии успеавме во многу брз рок да се донесе законот којшто ни ја даде шансата да се формира Центарот и да се отвори процедурата за домашните компании, рече Шекеринска.

Информира дека веќе има и заинтересирани компании кои сакаат да ја почнат процедурата за учество во НАТО тендери.

– Нашата поддршка ќе биде сеопфатна и суштинска, и затоа ги охрабрувам домашните компании да се впишат во евиденцијата на економски оператори и да се здобијат со потврда којашто ќе ја издава Министерството за одбрана за исполнетоста на условите за учество во постапките на НАТО тендери. Сите информации можат да ги добијат на веб-страницата на МО, а ќе се настојува процедурата да биде наједноставна и најбрза, рече министерката за одбрана.

Една од домашните компании која веќе има искуство како добавувач е Живинарската фарма „Везешари“ од село Требош – Тетовско.

Сопственикот на компанијата, Арбен Абдурахмани посочува дека продажбата на домашните производи во НАТО е одлична можност за македонските компании за пласман на производите и зголемен профит.

-Ние веќе неколку години продаваме јајца во НАТО преку компании кои се јавуваат на тендери наменети за снабдување на кујните за војниците. Се заинтересиравме за процедурата, ги исполнивме условите, дојде комисија која ја утврди фактичката состојба во фармата, дали ги исполнуваме нивните утврдени стандарди и ја добивме дозволата со која можат компаниите да купуваат јајца од кај нас. Оваа процедура на следливост на производот, значи од набавката на еднодневно пиле, квалитетот на храната за кокошките, условите во кои се одгледуваат и технологијата до произведено јајце, комисијата на НАТО ја врши секоја година и со тоа ни го продолжува одобрувањето – вели за Агротим, Абдурахмани и додава дека македонските компании треба да работата да можат да ги исполнат условите и затоа ги охрабрува да ја искористат оваа можност.

-Се разбира дека имаме голем бенефит од соработката со НАТО на економски план, за нас тоа знaчи уште еден силен пазар, каде што, доколку имате квалитет, ќе имате и профит. Оттука, за поздравување е формирањето на НАТО Центар за поддршка на домашните компании во Министертсвото за одбрана. Ние бизнисмените треба да ги користиме сите мерки на Владата кои се во интерес на зголемување на домашното производство, не само во земјоделскиот сектор – истакна Абдурахмани.

И искуството на сите земји членки покажало дека со вклучувањето во НАТО, покрај зацрврстување на безбедноста, се остваруваат и бројни економски бенефити за државата.

loading...

nạp tiền go88 bằng sms

sunwin - kingdom of gems sunwin asia đăng nhập game sunwin