🇲🇰🤼♂️ Европскиот шампион во борење Владимир Егоров, кој на Македонија ù донесе златен медал и прво место на Европското првенство во борење во Будимпешта, прими честитки и вредни награди од проф. д-р Ванчо Чифлиганец 👏🏆
На срдечниот прием со легендите на македонското борење, раководните лица на Боречка Федерација на Република Северна Македонија на Македонија и топ менаџментот на Adora Business Group, д-р Чифлиганец, докажаниот поддржувач на македонското борење, му се заблагодари, пригодно го награди Златниот Европски Борач Егоров, за еден од најголемите успеси во македонското борење и му порача дека е гордост и мотивација за сите македонци. 👊🇲🇰
Од лично име и од име на Адора Бизнис Групацијата, нејзиниот генерален директор,проф. д-р Ванчо Чифлиганец, на најдобриот македонски борач Владимир Егоров, му посака да ги освои највисоките успеси на следното Светско и Европско првенство и од Олимписките игри во Париз да се врати со златен медал 🤼♂️🥇