(ВИДЕО) ПАРТАЛ СЕ НАПРАВИЈА: ВЕРБАЛНА ТЕПАЧКА НА ЈУТУБ МЕЃУ ПАЛЧО И КОТЕВСКИ ОД БОЈКОТИРАМ
(ВИДЕО) ПАРТАЛ СЕ НАПРАВИЈА: ВЕРБАЛНА ТЕПАЧКА НА ЈУТУБ МЕЃУ ПАЛЧО И КОТЕВСКИ ОД БОЈКОТИРАМ
Вистиномер: Не е вистина дека сладолед, кафе и кока-кола во Охрид чинат 500 денари
Вистиномер: Не е вистина дека сладолед, кафе и кока-кола во Охрид чинат 500 денари
Шпанија со закон планира боледување за жените со силни менструални болки
Шпанија со закон планира боледување за жените со силни менструални болки
РСБСП со апел до матурантите: Прославите нека поминат без сообраќајни инциденти
РСБСП со апел до матурантите: Прославите нека поминат без сообраќајни инциденти
БРЗАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ СПРЕЧИЛА КАТАСТРОФА: Седумдесетина луѓе повредени во вчерашниот пожар во хотелот „Буши”
БРЗАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ СПРЕЧИЛА КАТАСТРОФА: Седумдесетина луѓе повредени во вчерашниот пожар во хотелот „Буши”
Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина Карпош
Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина Карпош
За инвестиции во „капка по капка“ и бунари ќе бидат склучени 322 договора вредни 75 милиони денари
За инвестиции во „капка по капка“ и бунари ќе бидат склучени 322 договора вредни 75 милиони денари
ЧОВЕКОТ ШТО ЈА НАМАЛИ ЦЕНАТА НА КОМПЈУТЕРИТЕ ОД 100 000 ДОЛАРИ НА 100 ДОЛАРИ ЗА ШИРОКИТЕ НАРОДНИ МАСИ ДА ИМААТ ПРИСТАП ДО КОМПЈУТЕР, СЕГА Е ЖРТВА НА ТИЕ ПРОСТИ НАРОДНИ МАСИ - Бил Гејтс: Лудо е да се каже дека мојата улога во пандемијата е злокобна!

Ахмети: Да го прифатиме бугарското малцинство во Уставот, ништо лошо нема да ѝ стане на државата

Нема лошо да ѝ стане на државата ако ние го прифатиме бугарското малцинство како уставна категорија, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети на прес-конференција по средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков попладнево во Собранието.

Ахмети рече дека на средбата се интересирал за тоа кои се пречките за позитивен епилог во спорот односно решение за почнување пристапни преговори за ЕУ и од делегацијата на соседната земја слушнал, рече, дека за нив значајно е во нашиот Устав да биде наведено бугарското малцинство што живее во Република Северна Македонија.

-Зборував многу отворено за ова со Петков. Ние сме целосно ангажирани да се почитува и да не му се оспорува правото на никој да се декларира, без притисок, така како што чувствува, тоа да се рефлектира во Уставот. Мислам дека ништо лошо нема да ѝ се случи на државата ако ние го прифатиме бугарското малцинство како уставна категорија. Значајно е да се отворат преговори за зачленување во ЕУ зашто така градиме сигурна иднина. Рамковниот договор ги има опфатено сите малцинства кои живеат овде и со сигурност со прифаќање и со значајните измени кои ќе се направат само ќе ја зајакнеме нашата држава и европските стандарди и диверзитетите. Ќе имаме претставување и на Хрватите и Црногорците, кои исто така имаат покренато прашање да се претставени во Уставот на РСМ. За тоа да се случи треба храброст и добра волја од сите – Собранието, невладиниот сектор и медиумите, рече Ахмети, нагласувајќи дека тоа е стратегија значајна за почеток на преговорите за ЕУ.

Јавноста знае, рече тој, дека разликите помеѓу Скопје и Софија досега се покажале како пречка и на средбата се заинтересирал како би можел да се ангажира за решението.

-Но јас денес видов многу голема волја кај премиерот на Бугарија ова прашање да има епилог и колку може побрзо да се изнајде заедничко прифатливо решение за двете страни. Ние да ги отвориме преговорите за членство во јули оваа година, рече лидерот на ДУИ.

Притоа нагласи дека Македонците не треба да имаат дилема зашто, подвлече, тој е нивни сограѓанин и е заинтересиран да не се чувствуаат лошо. Обврзан е како претставник на ДУИ неговите сограѓани, како што рече, да ја осетат поткрепата од политиката на партијата што ја предводи.

Нагласи дека на средбата со Петков истакнал дека двете земји имаат потреба од релаксирање на односите и да зборуваат многу отворено за теми кои бараат решение, но не треба, рече, да бидеме преокупирани со емоции, туку рационални.

Се согласиле за што поскоро почнување на изградбата на Коридорот 8, и патниот и железничкиот, заради тоа што поврзува градови од Бургас преку Скопје до Тирана и зближува, за да се подобри комуникацијата и соработката во повеќе области – економија, инвестиции, култура.

На новинарско прашање дали разговарале и за македнското малцинство во Бугарија, Ахмети одговори дека не разговарал за реципроцитет бидејќи, како што рече, „ние сме во ситуација во која треба со внимание да менаџираме зашто е стратешки интерес на нашата земја да имаме сигурност и функционална стабилност“.

-Тие се прашања кои припаѓаат на Уставот на Бугарија и јас немам доволно познавање за да отворам вакви теми, додаде лидерот на ДУИ.

loading...

watch anime dub. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

english dubbed anime AnimeFreak Black Clover (Dub)

watch anime free Hunter x Hunter (2011) (Dub)

watch anime online AnimeFreak How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom

AnimeFreak Death Note

free anime online AnimeFreak Naruto (Uncropped) (Dub)