ЈП Улици и патишта Скопје од денес 15.03.2022год. започнува со активностите кои се предвидени според Програмата за одржување и реконструкција на сообраќајниците во надлежност на Град Скопје. Во оваа програма освен сообраќајниците, е предвидено и одржувањето
на пешачките и велосипедски патеки, како и јавните рекреативни површини на подрачјето на Град Скопје.
Превземањето на планираните активности се однесува на редовното, периодично и интервентно одржување на магистралните, собирни улици и реконструкција на истите кои се во надлежност во Град Скопје и се со цел за безбедно одвивање на сообраќајот. Исто така со Програмата се опфатени и остранувањето на оштетувањата кои настануваат од непредвидени настани за обезбедување на непречен и безбеден сообраќај на магистралните и собирни улици. Редовното следење на состојбата на коловозите и исто така и изведба на коловозите, велопатеките, тротоарите паркинзите и рекреативните површини. Одржувањето на заштитните огради и заштитни столбчиња, како и одржување на фугите на мостовите.
Динамиката на одржување на реконструкцијата на сообраќајниците се утврдуваат секој месец во текот на целата година со оперативен план на приоритетните активности од Секторот за планирање и уредување на просоторт и налози на работни активности доставени од Град Скопје.
ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ