СТАРИОТ ПРОЛУПАЛ - МИЛЧИН: Лошо е што имаме Албанец за министер за надворешни, ако се постигне договор со Бугарија, ќе има војна во земјава меѓу Македонците и Албанците?!?!
СТАРИОТ ПРОЛУПАЛ - МИЛЧИН: Лошо е што имаме Албанец за министер за надворешни, ако се постигне договор со Бугарија, ќе има војна во земјава меѓу Македонците и Албанците?!?!
Џафери на средба со Петков: „Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде во интерес на регионот“
Џафери на средба со Петков: „Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде во интерес на регионот“
Маричиќ: Ако во Бугарија има луѓе кои се декларираат како Македонци, тоа е нивно право и никој неможе да им го ускрати
Маричиќ: Ако во Бугарија има луѓе кои се декларираат како Македонци, тоа е нивно право и никој неможе да им го ускрати
СДСМ: Мицкоски вчера се силеше а денес молк, зошто не ги постави прашањата за кои ги тераше новинарите да го прашаат Петков?
СДСМ: Мицкоски вчера се силеше а денес молк, зошто не ги постави прашањата за кои ги тераше новинарите да го прашаат Петков?
ОПШТА ПАНИКА ВО ВМРО ДПМНЕ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО БУГАРИЈА: НА ИСТА МАСА ГИ СЕДНАА БОЦЕВСКИ, ГЕРОВСКИ И МИЛЧИН ЗА ДА ЈА БРАНАТ МАКЕДОЊА ОД КЛЕТИТЕ БУГАРИ
ОПШТА ПАНИКА ВО ВМРО ДПМНЕ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО БУГАРИЈА: НА ИСТА МАСА ГИ СЕДНАА БОЦЕВСКИ, ГЕРОВСКИ И МИЛЧИН ЗА ДА ЈА БРАНАТ МАКЕДОЊА ОД КЛЕТИТЕ БУГАРИ
Ахмети по средбата со Петков: Македонците да знаат дека ДУИ никогаш нема да повлече потег што ќе го загрози нивниот идентитет
Ахмети по средбата со Петков: Македонците да знаат дека ДУИ никогаш нема да повлече потег што ќе го загрози нивниот идентитет
НИКОЛОВСКИ ИМ ПОРАЧА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ: Нема партиски поделби, од секој вработен барам максимален ангажман, чесна и одговорна работа, професионален однос, висок интегритет и испорака на резултати

Од четврток постудено и снег особено во северо-западниот дел на државата
Од четврток постудено и снег особено во северо-западниот дел на државата

АЈДЕ НАРОДОТ ОВА ГО ЧЕКА СО РАШИРЕНИ РАЦЕ: Владата предводена од СДСМ отвора фронт против корупцијата, следува ред, правда и дисциплина

Новата ефикасна и одговорна Влада преводена од СДСМ отвора длабинска и неселективна борба и фронт против криминалот и корупцијата, цврсто одлучна да обезбеди редот и законот да важат за сите и секаде подеднакво.

Во новата програма на Владата, поставени се јасни столбови во борбата против корупција, преку воспоставување прецизни и соодветни механизми за интензивна соработка меѓу сите надлежни чинители.

Транспарентноста и отвореноста се врвен приоритет, а тие ќе бидат спроведени од највисоко до најниско ниво.

Ќе се работи на развивање на системска алатка и концепт за следење на парите и капиталот на функционерите, за да може да се превенира незаконско зголемување на имотот на функционерите за време на вршење на јавната должноста и на сервис и одговорност кон граѓаните.

Се работи на ревидирање на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и функционерите именувани од Владата, а главната максима во неговата имплементација е нулта толеранција за корупција, нулта толеранција за министрите, директорите, раководителите и за целата јавна администрација – секој што ќе го прекрши законот, ќе мора да сноси одговорност.

Сите надлежни институции како што се МВР, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа, УЈП, инспекторатите и целата извршна моќ и институции кои имаат надлежност и се платени од граѓаните да се борат против криминалот и корупцијата, редовно ќе се координираат и ќе се премостат сите пречки во нивната меѓусебната комуникација.

Во целиот процес за превенирање и откривање на корупцијата потребна ни е ефикасна и професионална администрација, чесни, одговорни и искрени кадри, на што во следните четири години Владата ќе посвети сериозно внимание.

Владата предводена од СДСМ е цврсто решена да обезбеди ред, правда и дисциплина и силни, ефикасни и професионални институции и тоа ќе го стори во новиот четиригодишен мандат.

loading...