Од денеска на границите меѓу Северна Македонија , Србија и Албанија ги нема фитосанитарните и ветеринарските инспекции, бидејќи трите земји ги усогласија лабораториските анализи за прехранбените производи.
Ова значи дека храната што тргнува од Северна Македонија кон Србија, не треба да биде контролирана и во Србија зашто претходно веќе била контролирана кај нас.
Ова стана возможно откако во трите национални парламенти, беше поддржан Договорот за соработка во ветеринарската, фитосанитарната како и во областа за безбедност на храната.Она што ги интересира земјоделците и сточарите сега, е кои субвенции би требало да ги очекуваат и каква ќе биде годината, пласманот на производите низ „долгите и обременети со администрација“ балкански коридори, веќе нема да е случај.
Според истражувањето на Светска Банка државите на Западен Балкан односно нивните економии од спориот проток на камионскиот транспорт на стоки губат 1% од Бруто националниот производ што изразено во пари за нашата земја изнесува околу 125 милиони евра.
Комплетната размена помеѓу Србија, Северна Македонија и Албанија во секторот храна со се границите и контролите изнесуваше 420 милиони евра.
„Замислете колкав простор се отвора во оваа област, нема повеќе чекање на границите. Добиваме уште еден простор, 50 отсто население повеќе каде што може да ја пласирате својата стока, наведе неодамна српскиот министер за земјоделство, Недимовић.
Србија во 2021 година имала 5 милијарди долари извоз на стока, а се претпоставува дека во новиот простор во рамките на „Отворен Балкан“ ќе достигне и милијарда евра.
Храната во наредните години ќе биде хит во светот. Србија веќе пикирала 1.300 ниви во сопственост на државата кои се понудени на лицитација зашто најскапа нива е таа која не се обработува.
Од денеска за граѓаните на трите земји стануваат достапни и берзите за работа, па така секој кој ќе си направи апликација на веб страните на некоја од трите популарно наречени бироа односно агенции за вработување, едноставно може и да аплицира за работа на некоја од отворените работни позиции.
„Отворен Балкан “ е проект за иднината во кој веќе нема бариери и ограничувања како и транспортни застои кои трите економии ги чинеа многу пари.