(ВИДЕО) Заев во Европскиот Парламент на средбата со Сасоли: Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблокира европскиот пат, но преговори за македонскиот идентитет не се опција
(ВИДЕО) Заев во Европскиот Парламент на средбата со Сасоли: Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблокира европскиот пат, но преговори за македонскиот идентитет не се опција
ГАК: Починатата пациентка не беше родилка, злонамерни се шпекулациите за причините за смртта
ГАК: Починатата пациентка не беше родилка, злонамерни се шпекулациите за причините за смртта
БРАЌАТА ШВЕЃАНИ СЕ БОРАТ ЗА НАС: Шведска бара итен почеток на ЕУ преговорите со С. Македонија
БРАЌАТА ШВЕЃАНИ СЕ БОРАТ ЗА НАС: Шведска бара итен почеток на ЕУ преговорите со С. Македонија
СПАСОВСКИ: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа.
СПАСОВСКИ: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа.
ВИДЕО: Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која носеше маска со знамето на Северна Македонија
ВИДЕО: Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која носеше маска со знамето на Северна Македонија
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧЕЛО - СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВО ПРИЛЕП СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ ВО ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧЕЛО - СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВО ПРИЛЕП СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ ВО ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ
Вице премиерот Груби се вакцинираше и апелира до граѓаните да се регистрираат на vakcinacija.mk
Вице премиерот Груби се вакцинираше и апелира до граѓаните да се регистрираат на vakcinacija.mk
КОЖУВЧАНКА ДОО со донација од 100.000 шишиња вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta за потребите на пунктовите за вакцинација ширум земјава
КОЖУВЧАНКА ДОО со донација од 100.000 шишиња вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta за потребите на пунктовите за вакцинација ширум земјава

АЈДЕ ПА УШТЕ МАЛЦЕ ОНАМУ КАДЕ ШТО ПРИПАЃА – ВО ЌОРКА: ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА МИЛОШОСКИ И ТАТКО МУ ЗА КУПЕНАТА ЗГРАДА СО ИЗМАМА И ЗА НАРАЧАНАТА ЛУСТРАЦИЈА НА СЕГА ВЕЌЕ ПОЧИНАТИОТ СУДИЈА

* реклами —————————————————————————————————————————————

————————————————————————————————————————————————-

Антонијо Милошоски е обвинет за две кривични дела – Измама и Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 од Кривичниот законик, каде најниската казна е 5 години затвор. – Милошоски на обвинителната клупа во Кривичниот суд (Фото: К. Попов)

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, татко му Милош Милошоски и уште десетина обвинети денеска седнаа на обвинителни клупи пред судијката Ленка Давиткова, но обвинетиот поранешен главен лустратор Томе Аџиев не дојде, зашто е позитивен на коронавирус. Во изолација е и обвинетиот Милосим Војноски, како и адвокати.

* реклами —————————————————————————————————————————————–

—————————————————————————————————————————————————

За злоупотреба на службената положба и овластувањата за начинот на кој, според обвинителката Фатиме Фетаи, е купена општинската зграда во Пласница, но и нарачана и извршена лустрација на сега веќе починатиот судија Драги Билески, покрај четворицата споменати, обвинети се и актуелниот член на ДИК Јанаќе Витаноски, потоа Новица Вељаноски, сопругот на обвинителка Вецко Здравески, Ѓорѓи Малкоски, Шпенди Винца, Благоја Гешовски, Даут Даути и Агим Мехмети. Обвинетата Марија Милошоска, член на лустрациската комисија на Аџиев, во меѓувреме починала.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

———————————————————————————————————————————————————

Во август беше поднесен обвинителен предлог против сите овие лица. Сите се товарат за вмешаност во нелегална продажба на објект во село Ижишта (Општина Македонски Брод), кој го користела општина Пласница.

Двајца од обвинетите се обвинети дека сториле Измама, а третообвинетиот Милошоски, Измама и Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 од Кривичниот законик, каде најниската казна е 5 години затвор. Со Обвинителниот предлог опфатените 10 лица се товарат дека сториле едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2.

Во текот на 2011 година прво и второобвинетиот, заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист ги довеле во заблуда советниците во Советот на општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом“, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157м2 со дворно место од 3.920 м2 во Ижишта, која ја користела општина Пласница.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————

Со тоа, со продажбата на објектот нанеле штета на Република Северна Македонија во значителна вредност од 1.795.800,00 денари и за продажбата на земјиштето нанеле штета на општината Македонски Брод во значителна вредност од 1.176.000,00 денари.

„Третообвинетиот со особен придонес кон делото директно искористувајќи ја својата позиција на пратеник вршел континуиран притисок во органите на државната управа, Државното правобранителство и судовите, за да не се поништи купопродажбата и успеал во тоа. На 27.10.2011 година, првообвинетиот писмено се обратил до советот на општина Македонски Брод со барање да донесат одлука за продажба на задружниот дом во Ижиште и лажно во барањето навел дека тој веќе го користи тој простор на општината и сака да отвори сопствен бизнис, иако знаел дека објектот е всушност руинираниот дел запишан во катастарот на недвижностите кој го користел градоначалникот и општинската администрација на општина Пласница и Управата за водење на матични книги. На 28.10.2011 година советот на општина Македонски Брод ја одржал 33. седница, на која се разгледувало барањето од првообвинетиот, притоа збор земал второобвинетиот и лажно презентирал дека се работи за објект кој на барателот му бил даден на користење на 30 години од претходниот совет, а за што имало договор, па за да може да се направи вложување во објектот второобвинетиот побарал од советот да донесе одлука и да му се продаде објектот на првообвинетиот преку јавна лицитација“, се наведуваат детали во обвинението како била изведена измамата.

loading...

AnimeDao haikyuu animedao: Watch Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) Episode 12 (https://animedao.nl/m/oW6O/ep-12)

GoGoAnime death note gogoanime: Watch Re:ZERO -Starting Life in Another World- Episode 8