Академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата, магистер по сликарство е добитник на наградата “Златна плакета за освоено прво место” на конкурсот кој беше распишан од страна на Институтот за култура и уметност при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ со наслов „Перото – инспирација за уметничката четка. Конкурсот е подржа од Министерство за култура како проект од национален интерес за 2021 година.
Навистина скромноста ги краси големите луѓе па така и Арсовски е еден од таквите современи визуелени уметници кој инспирација добива од секојдневниот живот, широкиот дијапазон и контакт со луѓето, случувањата поврзани со природата и вселената, преточени во уметнички дела. На конкурсот пристигнаа преку 300 дела а стручното жири имаше тешка задача за избор на наградите.
Сите пристигнатите дела учествуваа на изложба која ја отвори Проф. Д-р Соња Ризоска Јовановска, директорот на Институтот за култура и уметност. Зоран Арсовски освен што работи на поле на сликарството, изработува илустрации и дизајн на книги и автор е на десетина книги од реномирани писатели од земјава и странство. На овој конкурс ја издвојуваме илустрацијата за “Последната книга на планетата земја” од Филип Петровски.