Приведен крадец од тетовско, одземените предмети вратени на сопственикот
На 21.04.2022 во 21.50 часот во тетовско Долно Палчиште полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Џ.Р.(47) од тетовско Синичане. Тој се сомничи дека претходно извршил кражба на плац за градежни работи, сопственост на А.А. од истото село.
Џ.Р. е приведен во полициска станица, а кај него се пронајдени предметите од извршеното кривично дело, кои што подоцна со потврда му се вратени на сопственикот. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Претрес во Тетово, пронајдена дрога, приведено едно лице
Денеска (22.04.2022) во 08.00 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.М.(26) од Тетово. Имено, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во дом и други простории кај Д.М., во врска со кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, при што биле пронајдени марихуана и дробилка.
Д.М. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Приведено лице од тетовско, извршило повеќе тешки кражби на подрачјето на Теарце
На 21.04.2022 година во 14.40 часот полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Д.М. (34) од тетовска Вратница. За него постои основано сомнение дека е извршител на повеќе тешки кражби на подрачјето на Теарце.
Д.М. е приведен и задржан во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.