Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Новинарските здруженија реагираат: По кои критериуми е направена селекцијата кои медиуми ќе известуваат од Рим
Новинарските здруженија реагираат: По кои критериуми е направена селекцијата кои медиуми ќе известуваат од Рим
Јавниот долг e 57,1 отсто од БДП, на ниво под мастришкиот критериум
Јавниот долг e 57,1 отсто од БДП, на ниво под мастришкиот критериум
Топ шефови го напуштаат Twitter по преземањето на Маск
Топ шефови го напуштаат Twitter по преземањето на Маск
ДУИ распишува конкурс за претседатели и членови на ограноци
ДУИ распишува конкурс за претседатели и членови на ограноци
Маричиќ: 23-ти мај, симбол за општествениот и културен придонес на Власите во современата македонска држава
Маричиќ: 23-ти мај, симбол за општествениот и културен придонес на Власите во современата македонска држава
Под слоганот „Години будни”, организацијата Tiiiit.Inc. оваа година го најави 10-тото издание на единствениот феминистички фестивал во нашата земја, ПРВО ПА ЖЕНСКО
Под слоганот „Години будни”, организацијата Tiiiit.Inc. оваа година го најави 10-тото издание на единствениот феминистички фестивал во нашата земја, ПРВО ПА ЖЕНСКО

КАМ МАРКЕТИ: Aкцијата на „КАМ“ беше добронамерна и насочена кон лојалните потрошувачи, подаривме масло за јадење во вредност од 55 000 евра, не сме криеле масло од рафтовите, имаше голема побарувачка и не успеавме на време да ги снабдиме маркетите

Акцијата на „КАМ маркет“, во која се подаруваше масло „Ле бон“ за секоја сметка од 800 денари, во овие кризни времиња беше осмислена со добра намера и единствено со фокус на нашите лојални потрошувачи, велат во реакцијата испратена до медиумите.

-Вакви промоции се редовна пракса во сите бранши во трговија на мало и услужни дејности, во нашата земја, во регионот и во целиот свет. Поради нарушувањата на пазарот, како последица на актуелните случувања во светот, менаџментот на „КАМ“ направи напор и успеа да обезбеди пратка од 38.000 литри масло од приватната марка „Ле бон“ за македонскиот пазар, квалитетен производ со пониска пазарна цена, се вели во реакцијата.

Како што појаснуваат одлуката да се подари целото количество во вредност од 55.000 евра, по принцип на таканаречено условено купување, била донесена од две причини: да се овозможи рамномерна достапност на овој дефицитарен производ, односно да се избегне купување големи количества од страна на помал број лица и истовремено да им се даде подарок на редовните потрошувачи како благодарност за нивната лојалност.

-Сакаме уште еднаш да потенцираме дека во времето на реализацијата на акцијата, на рафтовите во маркетите на „КАМ“ беше достапно маслото „Брилијант“ од 1 и 5 литри. Поради големата побарувачка, количините поставени на рафтовите се трошат брзо, во некои маркети побрзо отколку во другите, и можно е да помине кратко време додека тој недостиг се надополни, додаваат во реакцијата.

Од компанијата посочуваат дека во никој случај не станува збор за намерно отстранување на маслото од рафтовите.

-Свесни сме за сензитивноста на времето во кое живееме и за последиците од глобалната криза. Како компанија во чиј фокус е потрошувачот, „КАМ“ и понатаму ќе се стреми да обезбеди висок квалитет за своите купувачи по пониски цени. Ќе направиме сè што е во наша можност сите неопходни продукти да им бидат достапни во секое време, велат тие.

loading...

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

gogoanime pro Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita.

GoGoAnime Dragon Ball Super Episode 131

gogo anime tv The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat

Attack on Titan (Dub)

To Your Eternity