И Македонија забрани прелети на авиони од Белорусија, изненадувачки тоа го направи и Србија
И Македонија забрани прелети на авиони од Белорусија, изненадувачки тоа го направи и Србија
ТЕУТА АРИФИ: 200 возразни лица во Тетово ќе завршат средно образование
ТЕУТА АРИФИ: 200 возразни лица во Тетово ќе завршат средно образование
(ВИДЕО) Дваесет најдобри гитаристи на сите времиња
(ВИДЕО) Дваесет најдобри гитаристи на сите времиња
(ВИДЕО) ИГОР ЏАМБАЗОВ ПРВ СТАНАР ВО РЕЗИДЕНЦИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР КОСМОС!
(ВИДЕО) ИГОР ЏАМБАЗОВ ПРВ СТАНАР ВО РЕЗИДЕНЦИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР КОСМОС!
Нови 1.500 метри водоводна мрежа во општина Ѓорче Петров!
Нови 1.500 метри водоводна мрежа во општина Ѓорче Петров!
НАУМОВСКИ: Ѓорче Петров добива три нови урбани скверови. На две локации во Хром и една во Даме Груев градиме мали јавни паркови
НАУМОВСКИ: Ѓорче Петров добива три нови урбани скверови. На две локации во Хром и една во Даме Груев градиме мали јавни паркови
ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ: БРАВО ЗА ИГРАЧИТЕ, ЗА НАВИВАЧИТЕ И ЗА УЕФА!
ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ: БРАВО ЗА ИГРАЧИТЕ, ЗА НАВИВАЧИТЕ И ЗА УЕФА!
И ТИ ВИКАМ ДРУЖЕ РУТЕ ЗНАЧИ ОВИЕ БУГАРИТЕ ДАЈ МАЛЦЕ ПРИТИСНЕТЕ ГИ ДА ПОПУШТАТ АМАН ЗАМАН ЗА ДОБРОТО НА ЦЕЛ БАЛКАН...
И ТИ ВИКАМ ДРУЖЕ РУТЕ ЗНАЧИ ОВИЕ БУГАРИТЕ ДАЈ МАЛЦЕ ПРИТИСНЕТЕ ГИ ДА ПОПУШТАТ АМАН ЗАМАН ЗА ДОБРОТО НА ЦЕЛ БАЛКАН...

АКО ВАКЦИНАТА НЕ ПОБРЗА, ЌЕ ЗАВЛАДЕЕ ГЛАД ВО СВЕТОТ – Ребаланс за спас од кризата: Оптимистичко сценарио со рекорден дефицит од 920 милиони евра

Минимално кратење, максимално задолжување – владата го направи клучниот чекор од кој зависи финансирањето на Ковид-мерките. Бизнисот критикува за преголем оптимизам, власта пак очекува стабилизиација, пишува Дојче веле.

Економски пад од 4,4%, дефицит од 8.4% од БДП – ова е владината проекција за државната каса за 2020 година, која во услови на криза предизвикана од пандемија се прекројува по вторпат. Дефицитот е рекорден и ќе изнесува околу 920 милиони евра. Финансирањето ќе биде преку задолжување дома, но и користење на депозитите на државата и ќе чини дополнителни 170 милиони евра.

Она што е значајно е што капиталните расходи се кратат минимално, или само околу 18 милиони евра. Сега тие се позиционирани на 300 милиони евра. Долгоочекуваниот ребаланс на буџетот ќе ги обезбеди потребните пари за финансирање на мерките од четвртиот антикризен пакет.

„Ребалансот се прави за да се реализира четвртиот пакет антикризни мерки и очекуваме да донесе стабилност. Ќе придонесе за ублажување на ударот, задржување на работните места, поддршка за реализација на социјалните трансфери и ќе се создадат услови за солиден раст. Предвидениот економски пад од 4,4% на БДП ќе беше и поголем доколку не се одеше со овој сет на мерки, а инфлацијата ќе изнесува 1%. Ова е една од најголемите кризи досега“, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

Над 300 милиони евра во игра за спас на економијата

Пролонгирањето на здравствената криза имплицира влошени очекувања за 2020. Развојот на пандемијата е неповолен и носи дополнителни ризици за економијата. Се очекува дополнителен удар врз извозот, преработувачката дејност, трговијата, транспортот. Она што досега ја движеше економијата е потрошувачката, а позитивен сигнал е благото поместување кај индустриското производство во јули и август.

„Кај сите земји во светот преку фискални мерки се ублажува ударот што повлекува дефицит. Просекот на ЕУ е 8,4% од БДП. Во некои земји тоа е многу повисоко, а во Германија, како наш најголем трговски партнер, во првата половина достигна 6,6%. Но нема да имаме задолжување надвор, туку ќе се оди преку одредени депозити на државата и домашно задолжување во вкупен износ од 170 милиони евра“, вели Бесими.

„Владата е преоптимистички настроена“

Со ребалансот расходите достигнаа нов плафон, односно надминаа 4 милијарди евра, додека пак приходите се речиси исти – 3,2 милијарди евра. Тоа значи дека Владата не очекува брзо закрепнување на бизнисот, а со тоа и нови приливи од даноци, придонеси и други давачки. Ова создава дилеми кај упатените, колку ова сценарио е и реално изводливо. Иако првичните реакции се позитивни, доминира впечаток дека во услови на криза Владата сака да демонстрира оптимистичко сценарио:

„Генерално, ребалансот е една неминовна операција во периодов во услови на нова Влада, но и продолжување на ситуацијата со пандемијата. Но тоа што го најавува Владата е оптимистичко, очекуваме полоша состојба од она што е планирано и секако дека Владата треба да размисли како да му помогне максимално на бизнисот периодов, особено преку кратење на непродуктивните трошоци и ефикасно реализирање на буџетот“, смета Дриљон Исени, Извршен директор на Стопанска комора на Северозападна Македонија.

Капиталните расходи како двигател на економијата се премногу важни за стопанството, но со оглед на досегашните резултати нереално е да се очекува реализација на 300 милиони евра:

„Досега годинава се реализирани само 39,5% од капиталните расходи, или месечно по 14 милиони евра. Во следните месеци, дури и двојно да се зголеми динамиката, ќе се реализираат 83,9 милиони, што значи дека вкупно ќе имаме 210 милиони евра, или 65% од проектираните. Мислиме дека Владата е преоптимистички настроена, ќе имаме застој и ќе мора да се покрие буџетската дупка, преку нови задолжувања. Ние како комора постојано велиме дека јавниот долг не е толку проблематичен колку што е проблематичен начинот на трошење на средствата, односно нивното внесување во економијата“, предупредува Исени.

Точно да се знае каде ќе се вложат парите

Дилемите околу капиталните инвестиции ја делат и други претставници на бизнис заедницата:

„Сега се купува време за да се влезе во Нова година со буџетско покритие на планираното. Ние генерално немаме способност да реализираме во целост капитални инвестиции, а посебно 300 милиони евра во ваква година, кога има огромна криза. Така што, тие пари ќе бидат извор за покривање на буџетските дупки. Точно знаат и дека ќе мора да се задолжуваме. Никој не е против задолжување на само ако има чиста слика и директно покачување на економските капацитети на државата, точно да се знае каде ќе се вложат парите, а не тие да бидат покритие на досегашните политики. Лично сметам дека овој буџет нема да издржи долго време. Но ајде, еве, ако излезе поинаку, во што не веруваме, тогаш подготвени сме како бизнис заедница и да се извиниме“, реагира висок претставник на домашната бизнис заедница.

Експертите пак се внимателни, но предупредуваат од реална можност за полоши бројки, пред сѐ во делот на дефицитот:

„Дај боже да биде дефицитот како што планира министерот Бесими. Но јас лично сметам дека годинава ќе биде многу полошо. Очекувам дефицит од 12, па можеби и малку повисок процент. Ова што сега го презентира министерот за финансии не го гледам како ребаланс, туку како буџет. Прв буџет на министер и на нова Влада. Така што, треба да се биде многу претпазлив, но и многу похрабар и да се каже дека состојбите ќе бидат и полоши“, коментира за Дојче веле универзитетски професор.

Со дополнителните пари во буџетот ќе се реализираат мерките од четвртиот пакет антикризни мерки. За поддршка за исплата на плати предвидени се 70 милиони евра. Околу 27 милиони евра ќе чини мерката за домашната платежна картичка. За Викенд шопинг, односно викенд без ДДВ, се предвидени 17 милиони евра. За Државна гарантна шема и царинска гаранција – 13 милиони евра. Околу 5,5 милиони евра грантови ќе се доделат за игротеки, туристички агенции, ресторани за свадби.

loading...

AniWatch dubbed anime: Watch Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 3

WCOStream ben 10 alien force wcostream: Watch Dragon Ball (Dub) Episode 52 (https://wcostream.cc/m/XnJ/ep-52)