Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ

АКТИВИСТКАТА ЦВЕТКОВИЌ: Пет работи поради кои ние левичарите и либералите почнуваме да ја мразиме државата

Национализмот, често погрешно перцепиран како синоним на патриотизмот, онака како што е доминантно сфатен (барем според изблиците во јавните говори на луѓето или политичарите во кампања), претставува алиби за дадена етничка група што е политички доминантна да ја ужива привилегијата да ги сетира условите и правилата во колективот.

Овој концепт со право е често критикуван, особено од тие што се сметаме за политички лево ориентирани. Сепак, лично сметам дека апсолутното напуштање на концептот на патриотизмот е погрешен чекор. Овој текст претставува своевидна одбрана на концептот на разумниот патриотизам, односно обид да се разбере општествената и политичката потреба од почит и љубов кон колективот, како и просторот и времето што го споделуваме во нашиот животен век.

Разумниот патриотизам е предуслов за функционално општество и систем. Тој подразбира свесен избор да не се прави штета на сонародниците, да не се загадува просторот во кој се живее, да се споделуваат еднакво ресурсите и конечно, подразбира влог на секој еден од нас во колективното добро.

Уште поважно, разумниот патриотизам бара да не се игнорираат непријатните вистини за нашата земја, бара доволно грижа да се поправи системот тогаш кога ќе залута. Луѓето имаат многу причини да ја сакаат или да ја мразат својата земја, а тие најчесто зависат од тие што ја имаат моќта да ги сетираат доминантните начини на владеење или управување со системот.

Оттука прашањето зошто сѐ повеќе луѓе сакаат да ја напуштат Македонија не е прашање за љубовта или омразата на луѓето, туку прашање за начинот на кој се управува системот и клучните приоритети на естаблишментот.

Ја мразам својата земја секогаш кога одам на лекар

Одењето на лекар е нешто што секој од нас го направил барем еднаш во својот живот. Седиме во чекалници, ги гледаме измачените тела кои со саати понизно седат на неудобните столчиња и со очите го следат секое движење на медицинскиот персонал во надеж дека можеби ете баш сега тие ќе нѐ погледнат и ќе ни се обратат со некаква информација. Се молиме да го начекаме докторот или докторката во добро расположение зашто од тоа ни зависи здравјето и животот.

Ја мразам својата земја кога сум болна зашто се плашам за себе и за своите најблиски. Ја мразам затоа што имаме пократок животен век од европскиот просек, затоа што имаме руиниран здравствен систем, затоа што во болничките ходници престануваме да бидеме луѓе и стануваме непоканети гости што ги нервираат вработените.

(Сторијата продолжува по рекламите)

Ја мразам својата земја секогаш кога имам некаков правен проблем

Последната декада во нашата земја прашањето за судството претставува клучно политичко прашање. Па, сепак, за правда и судство зборуваме само поврзано со големите случаи на корупција. Не велам дека тоа не е важно, но кој се занимава со „малите“ правни проблеми на обичните луѓе? Ја мразам земјата кога комшијата ќе ми го загради патот до куќата и заради неговите врски со „луѓето од горе“ ќе ме присили да влегувам дома низ помошно скаличе. Го мразам системот во кој владее принципот „од горе е така кажано“. Кој би ја сакал земјата во која се чувствува апсолутно правно небезбеден, во која владее правилото на посилниот, во која секој кој има „некој свој битен“ ќе си обезбеди терен да прави што сака на сметка на другите.

Ја мразам својата земја секогаш кога имам контакт со полиција

Полицијата е тука кога треба да ме казни ако сум направила грешка. И тоа е во ред. Но, колкумина имаат искуство во кое полицијата им вратила украден велосипед, решила случај на ограбување на станот, ги заштитила кога се нападнати или оштетени. Ја мразам полицијата затоа што кога ќе видам полициски службеник, не се чувствувам безбедно, иако тоа е целата поента на овој орган. Ја мразам земјата во која полицијата казнува сиромашни, а штити богати.

Ја мразам својата земја кога воздухот е загаден, а почвата отровна

Често патувам низ Македонија. Луѓето се уникатно забавни, а природата волшебна. Многупати сме слушнале дека некој не ја сака државата или власта, но ги сака природата, планините, езерата. Е па, и тоа веќе е изгубено. Можеш ли да уживаш гледајќи го просторот испоганет, реките загадени, а воздухот отровен?

Ја мразам земјата во која луѓето се нееднакви

Не можам да се радувам и да го почитувам заедништвото кога некои луѓе се „поеднакви“ од некои други. Општество без социјална кохезија, општество во кое отсуствуваат силни социјални поврзувања, а во кое доминираат латентни социјални конфликти е општество во распад. Ја мразам својата земја кога секој што е перцепиран како различен е дефиниран како болест или закана, исфрлен на маргините и оставен физички, емотивно и финансиски да преживува наместо да живее.

Веројатно постојат уште многу ситуации во кои човек почнува да ја мрази својата земја. Проблем е што се намалуваат причините поради кои ја сакаме. Затоа превртувам очи кога ги слушам ламентирањата на самопрогласените патриоти за величествената нација и држава. Патриотизмот е одговорност кон живите луѓе, нивните потреби, желби и секојдневија. Послушајте патриоти, оти уште малку и ќе биде доцна.

loading...

app tài xỉu go88 ric go88 đăng nhập go88.info

danh bai doi thuong sunwin hướng dẫn rút tiền sunwin sunwindow