Од следната сезона земјоделците ќе можат да го користат овој систем за наводнување и ќе бидат обезбедени со континуирано снабдување со вода за наводнување. Преку овој проект се создадат услови за обработување на расположливите земјоделски површини и значително се зголемува конкурентноста на валандовскиот производ.
Проектот “Јужновардарска долина”, се финансира со средствата на Владата на Сојузна Република Германија, преку развојната германска банка “KFW” и со средства на Министерството за земјоделство, шумарство, и водостопанство, како главен носител на проектот.