Aлбанија може да ги почне преговорите со Европската Унија(ЕУ), но не и Македонија, еставот на Бугарија.
Бугарскиот претседател Румен Радев уште еднаш го потврди ставот дека засега нема промена во нивната позиција околу евроинтеграциите. Тој дава целосна поддршка за Албанија што поскоро да ги почне преговорите за членство во ЕУ, а од друга страна, и по средбата со неговиот португалски колега остана на оценката дека Македонија не ги исполнила барањата од пакетот 4+1. Вели дека на Македонија ќе и треба време да ги исполни барањата.
Радев претходно ја предупреди Владата да не помислуваат Бугарите во земјата да ги нарекуваат „малцинство“.
Соседна Албанија веќе најави дека ако до јуни, не се тргне ветото за Македонија, тие ќе бараат раздвојување и дека не сакаат да чекаат додека двата соседи да ги решат кавгите. Но, во Албанија имаше и опозиционери кои тврдеа дека проблем не е друго, туку корупцијата. Македонија долги години е во чекалната на ЕУ и никако да ги почне преговорите. Прво Франција, а потоа и Бугарија стави вето на почетокот на преговорите.